RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? (Целосна верзија)

Форум >> [Партнерство] >> Семејство и партнерски односи



Порака


kapina -> RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? (18.7.2011 21:49:18)

jas ne veruvam oti ne e bila zenata malku maltretirana i psihicki i fizicki za eden covek da ne bide sreken da bide nervozen mu treba pricina spored moeto mislenje negovata majka e sovrsena i negovata sopruga treba da bide kako nea e nemoze toa taka razlicni zeni razlicni karakteri zaradi deteteto sednete razgovarajte smirete se ako veke pak brakot vi prodolze po isto tempo kako pred toa najdobro resenie e razvod i za deteto i za vas dvajcata  i ne treba da dozvoluvate da vi se mesat luge od strana ona stom ja spomenuva tvojata majka kako pricina za vasite kavgi znaci mora i da e taka  zena sto e zadovolna od svoite svekor i svekrva ne zboruva loso za niv jas si znam po majka mi , majka mi imase super odnos so mojata baba na tatko mi majka i do den deneska baba mi e veke 5 godini pocinatai tatko mi isto tolku pa pak majka mi nema eden los zbor za niv kazano a , jas kako da ne kazam loso za mojta sveki koga na pocetokot ni se mesase vo brakot koga se karavme so mm ona go branese , go nagovarase mm da se kara so mene da se rasprava se taka dodeka veke eden den nemozev veke da izdrzam i mu kazav na mm ako si resil da zivees so mene zivej ako ne zivej si so majka ti jas ke si odam od tvojo zivot togas on se prisvesti oti ne cine taka i nikoj ama bas nikoj od ubavoto ne bega znaci na tvojata zena sigurno i e nedostigalo nesto pa sto se e resila na toj cekor zatoa  sedni razgovaraj so nea prasaj ja sto i nedostiga sto saka ona o d tebedali vnimanie ,ljubov  ili nesto drugo kazi si i gi i ti tvoite maki sto gi imas od nea a, ne taka da se prepukuvate ovde po forumite se se resava so razgovor i ne dozvoluvajte od strana luge da vi se mesat stavete granica kade moze a , kade nemoze da vi se mesat roditelite vi




Viktori -> RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? (18.7.2011 21:55:46)

Баш заради овој форум мојата мила вчера си го доби назад сиот имот што го имаше тука.


Ќе може ли да ми појасниш што значи ова?

Инаку детето и те како можеш да си го бараш на суд, а за таткото џандар има лек исто така. Велешка полиција во Скопје дошла???

Иди си во центарот за социјала, поднеси барање за видување на детето. Центарот ќе донесе едно решение , ќе го обжалат, добро, министерството може да го измени, не е битно, ама и првото решение е извршно.

Значи има решение за да си го гледаш детето...

А кога веќе пишуваш на форум мора да очекуваш дека нема да имаш 100 посто поддршка ниту пак сите ќе се сложат со тебе. Не пукај одма под притисок! Лош знак е. Ова-  најдобронамерно!




Fenix -> RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? (18.7.2011 22:33:27)

Одкога татко и се произнесе со закани за затвор со некои набрзина набројани обвиненија кои во неговата навидум висока служба лесно и можат да се исценираат, ги спакував нејзините работи и на две идења и ги однесов дома. Не се малку приказни од типот на полициски рации во кои се вршат буквално грабежи во домови организирани од полицијата, знаеме во каква држава живееме.

Доколку ова води кон државни институции најмалку сакам штрумфови без средно школо да ми протураат по домот. Мислам дека и пратив дел од мојата покуќнина затоа што незнаев кое чиво ќебе или јорган е, не ми е ни битно.

Не пукам пред притисок лесно, се работи за две годишна врска, за тоа време успеав јас да работам, обезбедувам, сам да ги плаќам сите сметки дома и сметките за храна, да иницирам одмори, излегувања и сл.

Г-ѓата учествуваше ентузијастички во истите, ама кога истите ќе завршеа, во домашна атмосфера 1 на 1 таа се претвара во зомби, без желба за живот, без желба да стане од спиење....пред бебето спиеше до 16h на пладне. Истото и кога одеше кај нејзините родители. Прочитав 20тина книги одкога ја знам, она неможеше 4 што и беа за испит, нити пак ги изгледа филмовите базирани на тие книги за тие испити.

Можеби најголемата вина е во мене, никој не ме натера со сила да ја одберам, ама мислев ако на некој му овозможиш се, го натераш дури и со докази а не слепи ветувања во подобра иднина ќе сака да учествува во тоа и ќе и се разбуди желбата за среќа и прогрес. Мислев детето ќе ја направи посреќна. Но не, детето е сега чип за ценкање и изнудување, со детето се вади дека неможе ништо друго да работи, неможе да учи, неможе да сака,,, ама може да мрзи и да гаи гнев кон се и сешто највеќе кон мене.

Не е цимолење ова, но природата не секогаш ги става страста и разумот рака под рака. Не мислам изгубивме страст, но мислам дека на полето на разумот никако да најдеме компромис.

И што треба јас, да речам, заеби амбиции, заеби желби за комфорен живот, заеби соништа за патување по светот.... ќе седиме и ќе чмаеме и ке праиме седенки со секој оној кој ќе има милост да го сподели своето слободно време со нас па благословено ќе безделничиме и ќе се преправаме дека се е ок, дека животот е тоа, нозе во леген на веранда гледајќи кон зајдисонцето со пуштена некоја серија или фудбалски натпревар пред нас....

Премногу ли сум оптимиста да верувам дека можам да натерам да увиди дека живот исполнет со создавање и стремење кон цели, решавање на истите е далеку по наградувачки него живот поминат во меланхолична резигнација, ефтини трачеви, топлење со стадото и слушање на пастирот кој во тој момент е актуелен и го диктира трендот.
ИЗВОРНА ПОРАКА: Viktori RR

Баш заради овој форум мојата мила вчера си го доби назад сиот имот што го имаше тука.


Ќе може ли да ми појасниш што значи ова?

Инаку детето и те како можеш да си го бараш на суд, а за таткото џандар има лек исто така. Велешка полиција во Скопје дошла???

Иди си во центарот за социјала, поднеси барање за видување на детето. Центарот ќе донесе едно решение , ќе го обжалат, добро, министерството може да го измени, не е битно, ама и првото решение е извршно.

Значи има решение за да си го гледаш детето...

А кога веќе пишуваш на форум мора да очекуваш дека нема да имаш 100 посто поддршка ниту пак сите ќе се сложат со тебе. Не пукај одма под притисок! Лош знак е. Ова-  најдобронамерно!






rina13 -> RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? (18.7.2011 22:42:07)

abe batali dokazuvanje po forum,i ne mi e jasno ova i dvajcata demek se sakate a se plukate po forumi vakvi ste takvi ste..ocigledno ne ste eden za drug cim ne mozete problemite da si gi resite lice v lice ..btw koi sme nie da vi sudime i koi sme nie da ni dokazuvate koj bil kriv koj napravil ova koj napravil ona...sednete ko luge i resete sto kako i imate dete mislete na nego...toa pati




Fenix -> RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? (18.7.2011 22:46:39)

Како, телефонот и е исклучен, на останатите телефони на родителите се јавува таткото со закани, скајпот е блокиран, таткото има пријатели вработени во Алфа единицата во близина кај што живеам?

И додека јас чекав повик, наместо повик дознав за постови и змиски гнезда на овој форум.

Или треба и јас да одам со елитна единица кај неа дома, имам капетан на елитна единица како прв братучед, до таму да дојде работата за да пробам да иницирам комуникација, Крушевско востание?

На таткото му одговара оваа ситуација, тој никогаш не сакаше она да замине од Велес, а е често е присутен таму кога е она полугола, кога дои и сл. Незнам од кај и доаѓаат навредите кои таа ми ги упатува за инцест на мене со мојата фамилија...

-

Јас не го започнав ова, ама неможам да дозволам некој да посочува прсти знаејќи ја само едната страна на равенката, ради таквото баботрачерско општество и менталитет Македонија денес е две педи земји, без име, без море, без пари, без ништо, ама со многу, многу мудреци..




Pepelaska * -> RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? (18.7.2011 22:50:17)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Fenix

. Прочитав 20тина книги одкога ја знам, она неможеше 4 што и беа за испит, нити пак ги изгледа филмовите базирани на тие книги за тие испити.





сакав да се воздржам од коментар на темава ама не можам, извини на директноста ама стварно не ми е јасно каква е оваа споредба?па што ако ти си прочитал 20 книги, ало човече мислам дека си малку далеку од реалноста. Жената претрпува страшни психички и физички промени во бременоста и по неа, читање книги со мало дете не е така едноставно а особено не ако си под притисок и стрес за да положиш испит. Нема да трујам со совети пошто овде не гледам ништо разумно ни од твоја ни од нејзина страна, САМО вие знаете каква ви е состојбата, ама викаш таа има 25. Јас сум на истата возраст имам мало дете и немаш појма како мене ми фалат вотките и дискотеките. И да прочитав дека ти барала регал и шкафче за кондури, секоја една млада невеста го посакува тоа и не гледам тука нерешлив проблем. Да не навлегувам многу фрлете ја маската која и двајцата ја носите , едниот амбициозен и незадоволен а другиот глуми или е жртва. Жртва во овој случај е ВАШАТА ќерка луѓе, тоа дете не е криво што на татко му му пречи што мајката не прочитала 4 книги а на мајката и текнало да прави филм со полиции, реален живот е ова дечки не е серија, незнам на колкава возраст е детето но не дозволувајте од вашите комплекси да има траума цел живот.




rina13 -> RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? (18.7.2011 22:51:21)

pa so sila ubavina nema,imate dete mozete zaradi nego da se dogovorite sto kako okolu nego i obvrskite zaednicki.. pa makar i vo krajna instanca toa da e sud...ako vekje nema kako.i sekoj na svoja strana nema potreba od nikakvo samounistuvanje..ako veke dosla rabotava noz do koska...milion ribi ima vo moreto ova vazi i za tebe i za soprugata ako ste tolku razlicni sigurno i za tebe i za nea postoi nekoj soodveten...ako nemozete da bidete sopruznici obidete se barem prijateli zaradi detenceto...




kapina -> RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? (18.7.2011 22:57:17)

jas kako sto kazav i pred toa pak ke kazam nikoj od ubavoto ne bega a, za nekoj da ti se zakanuva treba da ima pricina, ona treba da smene nesto sto na tebe ne ti se dopaga kaj nea a i ti treba istoto da go napraves a, treba i da sfates oti tatko kako tatko sigurno ke si go brane svoeto cedo vo takvi situacii toa e najnormano i tocno e toa deka vo vakvi situacii sekoj izigrava zrtva i go obvinuva drugiot jas moe mislenje e deka vo ovaa situacija zrtvata e zenata bidejki ona e taa sto e resila da si ode a, site znaeme deka od ubavoto nikoj ne bega znaci kaj nego nesto ne cine pa zenata se resila na toa a tie patuvanja , tie luksuzi sto gi spomnuvas ti ne go pravat sekogas sreken covekot sestra mi bese svrsena za eden bogat no dzabe e koga ljubov nemase megu niv se dzabe pak bea nesrekni i se rasturi svrsuvackata nee se vo parite be covece ne e se rabotata vo tie luksuzii jas sum na ista vozrast kako zena ti potpolno ja razbiram oti i nedostigaat tie izleguvanja tie pioenja na votki i neznam sto ne spomna tamu i jas zsega poradi nekoj privatni problemi so mm nemozeme da si dozvolime da izleguvame niz kafulnja i veruvaj mi mnogu mi nedostigat tie izleguvanja mnogu




Fenix -> RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? (18.7.2011 23:02:17)

Купи си водка, испиј ја дома, што има проблем во тоа? Или фали лов и флерт, неизвесност...
Неизвесност во македонија лол...

Книгите се небитни, битна е нејзината неволност да живее. Моментите на одмор одкога ќе и завршат обврските со детето е пасивна, повлечена, акумулира бес, се навраќа на работи од пред година две и започнува караница. И го држи семејството заложник во една сталагмитска форма, секој обид на прогрес го руши и кочи и бара излез.

Ми призна, многу искрено дека многу повеќе сакала кога сме се гледале само. Веројатно уште сака да истражува, како сите пепелашки, синдарели и фиони да го најде принцот, направен од чипови што знаат да читаат се што една жена сака и се совршени и сите си живеат..хепили? Нотебук :)?

Парадокси и фикс идеи, во такви фикции се израснати луѓето денес. Секое чудо за три дена, секој телефон за 3 месеци, секоја кола за 5 години, секој брак за толку....затоа што нели има многу риби во морето.

А никој од вас не сфаќа дека ова е продукт на капиталистилчкиот конзументаризам, каде се е лесно заменливо, да се врти парата, да се движиме напред опкружени со играчки, глупости, срања и илузии.

Детето има 8 месеци, заборавив веќе и како изгледа...


ИЗВОРНА ПОРАКА: Pepelaska###


ИЗВОРНА ПОРАКА: Fenix

. Прочитав 20тина книги одкога ја знам, она неможеше 4 што и беа за испит, нити пак ги изгледа филмовите базирани на тие книги за тие испити.





сакав да се воздржам од коментар на темава ама не можам, извини на директноста ама стварно не ми е јасно каква е оваа споредба?па што ако ти си прочитал 20 книги, ало човече мислам дека си малку далеку од реалноста. Жената претрпува страшни психички и физички промени во бременоста и по неа, читање книги со мало дете не е така едноставно а особено не ако си под притисок и стрес за да положиш испит. Нема да трујам со совети пошто овде не гледам ништо разумно ни од твоја ни од нејзина страна, САМО вие знаете каква ви е состојбата, ама викаш таа има 25. Јас сум на истата возраст имам мало дете и немаш појма како мене ми фалат вотките и дискотеките. И да прочитав дека ти барала регал и шкафче за кондури, секоја една млада невеста го посакува тоа и не гледам тука нерешлив проблем. Да не навлегувам многу фрлете ја маската која и двајцата ја носите , едниот амбициозен и незадоволен а другиот глуми или е жртва. Жртва во овој случај е ВАШАТА ќерка луѓе, тоа дете не е криво што на татко му му пречи што мајката не прочитала 4 книги а на мајката и текнало да прави филм со полиции, реален живот е ова дечки не е серија, незнам на колкава возраст е детето но не дозволувајте од вашите комплекси да има траума цел живот.






Pepelaska * -> RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? (18.7.2011 23:11:08)

Извини вака ама ако ептен ти е дојдено до детето и жената ќе ги баталиш сите овие термини и висок стил на кој се изразуваш во постовите, човече никаква сила не може да ме спречи да си го видам детето сепак ти си му ТАТКО а ако таа е за тебе неизживеана пепелашка остави ја нека се изнаживее а ако тоа ваше дете ти значи постојат центри за средби со децата и во Скопје и во Велес




Палешка РР -> RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? (18.7.2011 23:18:59)

Fenix, нема да ги цитирам за мене спорните делови во твоите постови, само да те потсетам: јавно пишуваш за мајката на твоето дете. Каква и да е, од кал да е - ти родила дете. Колку и да се плукате и бегате еден од друг, постои нераскинлива врска меѓу вас.
Гледам дека имаш богат речник, што подразбира дека си начитан, образован, цивилизиран човек. Немој утре да жалиш за деталите од приватниот живот кои ги изнесе овде, за зборовите напишани во афектна состојба.

Обиди се, заради детето да бидеш разумен,иако си надвор од себе. Во тоа е големината на секој родител.




Fenix -> RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? (18.7.2011 23:26:05)

Не верувам во развод и одвоено живеење. Моите баба и дедо цел живот беа жртва за своите деца и внуци. Да се согласам на модерново рационализирање на работите, на одвоени родители секој на своја страна во кој таткото секогаш го добива покусиот крај, 4 часа два пати во неделата, дете што ќе ја гледа својата мајка како шета, шмука цигари и се пијанчи секоја вечер под оправдување дека ете така морало да биде дека сопругот не и чинел, имал лоша мајка, не фала. Тоа дете така ако порасне статистиката кажува како ќе заврши. Ако сака да се уништи себеси само за да ми наштети на мене галантно ќе и дозволам, јас сум за компромис и заеднички живот.

Научив полека последниве месеци да не и давам никакви примедби но ни тоа не помогна. Едноставно декларира дека не ме поднесува и сака да умрам. Јас и мојата фамилија.
Кога зачна првпат, ми побара 14500 денари за абортус, не ми кажа дека е трудна, туку ми рече сакам 14500 денари за абортус.

Ако она неможе да ги победи своите демони, и сака да го врзе детето во тој пекол, јас нема да го жртвувам мојот живот и да пробувам да нудам баланс за некој кој е детерминиран во својот фатализам.

Или нека се врати, или нека сфати што и е проблемот, нека сфати што конкретно ја мачи кај мене па да го разрешиме тоа. А во оваа лакрдија, со судови, со гледање дете под супервизија на вооружен дедо, нема да учествувам. Времето и детето ќе и суди, ќе ми суди и мене.

Останувам на ставот дека мојот телефон е отворен за компромис, од двете страни, не јас да бидам ставен во центарот на сите нејзини проблеми а она упорно да тврди дека е невина и безгрешна.

Може била единка и сонце на мама и тато, ама јас сакам партнерка не да заменам мама и тато на едно недоделкано дете што несака да созрее.

ИЗВОРНА ПОРАКА: Pepelaska###

Извини вака ама ако ептен ти е дојдено до детето и жената ќе ги баталиш сите овие термини и висок стил на кој се изразуваш во постовите, човече никаква сила не може да ме спречи да си го видам детето сепак ти си му ТАТКО а ако таа е за тебе неизживеана пепелашка остави ја нека се изнаживее а ако тоа ваше дете ти значи постојат центри за средби со децата и во Скопје и во Велес





Viktori -> RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? (18.7.2011 23:32:17)

Види, по муабетов отворен си за компромис, ама ти си ви право за се така?
[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]





rina13 -> RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? (18.7.2011 23:39:06)

i jas bas toa primetiv demek jas ambiciozen jas sakam da setam mir harmonija,ona nedodelkana neostvarena namurtena bla bla bla,a si se zaprasal neogas sebe si ili nea sto e toa ona sto go saka pa da vidite do kaj ste dali mozete zaedno ili ne..sekoj koj sto stapil vo brak znaci veruva vo nego...ama brak po sekoja cena smao radi deteto mislam deka treba bilo koj da bide budala da go prifati toa vakva kombinacija mi e vec videna rabota a rezultatot e nesrekjno dete nesrekjni rodieli kopleksi eden milion...




Fenix -> RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? (18.7.2011 23:41:07)

Реторички прашања претходени со презумпција не треба да завршуваат со интерпункиски знак.
Се дефинираат како изјави обично, ако си го гледала Big Lebowski има една реплика "Well...it's just oppinion man"


Не сум толку помпензо елоквентен како што пробувам да се преставам, се сметам за поприлично прост дури, ама заради осаменоста периодов мора да најдам начин барем да избегам од својата глава.



ИЗВОРНА ПОРАКА: Viktori RR

Види, по муабетов отворен си за компромис, ама ти си ви право за се така?
[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]







Viktori -> RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? (18.7.2011 23:46:37)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Fenix

Реторички прашања претходени со презумпција не треба да завршуваат со интерпункиски знак.
Се дефинираат како изјави обично, ако си го гледала Big Lebowski има една реплика "Well...it''s just oppinion man"


Не сум толку помпензо елоквентен како што пробувам да се преставам, се сметам за поприлично прост дури, ама заради осаменоста периодов мора да најдам начин барем да избегам од својата глава.



ИЗВОРНА ПОРАКА: Viktori RR

Види, по муабетов отворен си за компромис, ама ти си ви право за се така?
[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]







А бе срцка си ти, се гледа. Делиш лекции по социологија, политички системи и општествени уредувања, Начитан, образован полн со себе. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
Браос.




Fenix -> RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? (18.7.2011 23:55:27)

Ех пуста емотивност, толку брзо се изреволтира па резортира кон рафиниран цинизам.
Јас цело време во ова натигодајмиго сум индиферентен и пробувам да држам барем некоја доза на рационалност без посебен емотивен набој.

:)

Замисли како била оваа дискусија во живо ако се одржеше во Римската агора.

.
Не сум начитан, освен рекративно, нит пак високо образован, напуштив факс после 4 семестри..


ИЗВОРНА ПОРАКА: Viktori RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Fenix

Реторички прашања претходени со презумпција не треба да завршуваат со интерпункиски знак.
Се дефинираат како изјави обично, ако си го гледала Big Lebowski има една реплика "Well...it''s just oppinion man"


Не сум толку помпензо елоквентен како што пробувам да се преставам, се сметам за поприлично прост дури, ама заради осаменоста периодов мора да најдам начин барем да избегам од својата глава.



ИЗВОРНА ПОРАКА: Viktori RR

Види, по муабетов отворен си за компромис, ама ти си ви право за се така?
[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]







А бе срцка си ти, се гледа. Делиш лекции по социологија, политички системи и општествени уредувања, Начитан, образован полн со себе. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
Браос.





Viktori -> RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? (19.7.2011 0:02:41)

Не ме познаваш, а и интернетов лаже. Не можат да ме изреволтираат виртуелни ликови. Ама после 10 поста за 2 саати лесно се открива соговорникот. И тоа најмногу кога има потреба да одговори на секој пост.




kapina -> RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? (19.7.2011 0:07:58)

da ti si sovrsen a ona ne  neli ti sekogas si vo pravo tvoeto resenie e sekogas najdobro nejzinoto ne cini i jas imam eden takov doma on e sekogas vo pravo negovoto resenie e najdobro no nekoj den ke mi pukne filmot i jas ke go napravam istoto kako zenati ti si najpameten neli  imas procitano 20 knigi a ona 4 pa toa ti dava pravo da se vozvisen jas imam znaes kolku knigi procitano za tie 6 godini vo brak a mm nema nitu edna procitano pa toa ne mi dava pravo da go navreduvam i  na mene mi ponudija sveki i svekorot podrska da go prodolzam obrazovanieto no jas ne sakam i sto treba sega mm na sila da me tera da ucam pa so sila ubavina ne biduva ne se vo obrazovanietoako si sposoben kako covek ti taka ke postignes mnogu vo zivotot




Fenix -> RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? (19.7.2011 0:13:23)

Или да ви помогнам да сумирате:

Помпезниов нарцисоиден будала тука преставен под псевдонимот Феникс, полн со комплекси и конфузност да се снајде во модерното општество решил да се утеши со тоа што ќе најде некое девојче па наместо сам да си најде занимација решил да ја моделира до немајкаде ни самиот незнаејќи го исходот, со илузии за квази подобар живот, мир, патувања и хармонија, па откога увидел дека луѓето не се глина сфатил дека проблемот е во него па ете сега кука по форуми тотално ненаменети за таа дон кихотовска борба и очекува некој да го подржи. Такви ѓубриња како авторов треба да се остават сами до крај на животот и да цркнат без никој и ништо, кои се они да налагаат што е право а што криво, нека останат и нека најдат начин сами да си го истрпат своето бреме без да ги трујат другите, колку и да нивните илузорни "infatuations" (не знам како е на мкд) во нивната конфузна глава изгледаат оправдано. На клада! Сите Хитлеровци како него...успат може да го ставите и Џордано Бруно да се крчка и сите оние кои мислат дека само метри подалеку од трлото можеби, само можеби има и подобри пасишта, само што пастирот ете го мрзи да оди до таму. Хитлер бтв е изземен он референцата за пасиштата, само така е нафрлен.

мн. зборам, 8 мг хелекс ваљда, или некоја патетична потреба за внимание.




Fenix -> RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? (19.7.2011 0:15:32)

Истото важи и за тебе, кој вели не ја применувам истата методика? Не сум жртва, нит кога сум најслаб, станувам актер тогаш кој ја прифаќа играта. Немора да ја декларираш премолченоста со оглед да ме просветлиш, одамна сум на веков, не ми треба мануел.


ИЗВОРНА ПОРАКА: Viktori RR

Не ме познаваш, а и интернетов лаже. Не можат да ме изреволтираат виртуелни ликови. Ама после 10 поста за 2 саати лесно се открива соговорникот. И тоа најмногу кога има потреба да одговори на секој пост.





Pepelaska * -> RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? (19.7.2011 0:17:06)

батка а да си легнеш малку да отспиеш? најдобронамерно ти велам остај и хитлери и жени и се одмори ја душата и срцето а најмногу мозокот многу мислење не е на арно




Viktori -> RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? (19.7.2011 0:18:13)

Па не побара никој помош заклучокот. Ама гледаш, ти не можеш да одолееш и да дозволиш некој да изведе сопствен заклучок.

И ова апчињава 8 милиграми, гарант лекарот ти кажал 2, ама ти знаеш подобро од него...[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Fenix -> RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? (19.7.2011 0:22:07)

Прашањето е, треба да ја напуштам дискусијава и да ви дозволам последни зборови така?
За спиење не ми се спие, треба уште неколку кутии кондури да однесам после, станав накај 20ч. вечерва.




Viktori -> RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? (19.7.2011 0:25:41)

Дали треба да ја напуштиш дискусијата или не, ти си знаеш. 

И кога ќе ги носиш кондурите??  У 2 сабајле?

Инаку добредојден си и на РР и на сите други теми. Протарашкај, може ќе најдеш нешто интересно. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]





Страница: <<   < Претходна страница  16 17 [18] 19 20   Следна страница >   >>