Fenix -> RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? (19.7.2011 5:18:19)
|
Конфузно мало слценце, што сакаше да зготвиш не те разбирам, пилешко во кари или тартар бифтек. Не мешај теми, не креирај поенти од извадоци, и не пробувај да парафразираш па да извлекуваш некоја конструктивна целина базирана на претходно наведеното. Моите постови се трудам да бидат сеопфатни и комплетни, така да не ми гатај на графче. Ти пожелувам мир и среќа во бракот, држи се до тоа, немој да се трудиш да бидеш шарматна што наместо сол како другите ти ќе доставиш буковец во тенџерето. Галантно ви ја овозможувам моралната трансгресија да ме поплукате и да ја оправдате мојата сопруга, после толку трубење од моја страна ако не донесовте барем некаков сопствен заклучок за тоа што е правилно за една фамилија, можете комотно да си седнете со тарот карти пред вас и да ги нафрлите: демонската сфекрва, полтронското насилничко синче, дева марија невестата, крал артур заштитникот на правата на обесправените и да си направите еден убав колаж и весело да заспиете, затоа што утре е нов ден во Понди Панди, секоја несигурност во вашите расудувања може да ве поттикне да размислувате повеќе, а сите знаеме колку пари се трошат денешно време никој од нас да не размислува со своја глава и весело да го следи стадото. ИЗВОРНА ПОРАКА: ikki Се изначитав убаво па да пишам и јас нешто. Како прво Феникс според твоите постови гледам дека ти пред се се фалиш. На 17 си купил мотор, на 20 незнам што, образуван си, имаш јака плата, читаш книги и сл., па и со овој високиов стил на изразување ептен забегуваш небаре и дома така се изразуваш. Додека пак твојата жена нема ништо од тоа. Епа ајде да ти ја кажам мојата приказна: Имам 20 години и можеби сум една од најамалите на форумов. Значи пред две години се верив со маж ми, не бев ниту бремена ниту нешто слично, едноставно така сакавме. Се запишав на факултет но после неколку месеци останав бремена а поради тоа што имав мн гадења неможев да издржам и решив да се отпишам од факултет. Маж ми само ми рече како сакаш ти така прави. Тој инаку сега има 23год, нема мотор уште од 17 год, нема факултет, има плата од 15000 (со којашто не издржува мене и ќерка ми) и вика што дал господ тоа е и јас го викам тоа па што да правам, да се разведам бидејки маж ми не е образован, бидејќи има мала плата, бидејки преку викенд оди приватно да работи за да земе некој денар плус. Извини Феникс ама ти пред се гледаш на матријалните работи. Постар си од мене 10 год, а се однесуваш како да си помал 10 години. И мајка ти колку и да се грижела за тебе треба да сфатиш дека веќе си оженет, дека треба да бидеш свртен кон жена ти и детето. И сега кога си оженет неможеш да очекуваш дека жена ти ќе биде како мајка ти. Гледаш дека на жена ти и смета однесувањето на мајка ти, па обиди се да ја сфатиш и нејзе. Велиш дека татко и бил ваков онаков се заканувал, како што ти смета неговото однесување така и на жена ти и смета однесувањето на мајка ти. П.С: Незнам дали ке го прочиташ мојов пост, бидејки не пишувам на висок стил и немам факултет (бтв ќе се запишам од септември [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]).
|
|
|
|