RE: Доење (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Доење и дополнување на доењето



Порака


lolla RR -> RE: Доење (20.6.2015 14:57:25)

Bethany од чајот на алкалоид кој се вика ЛАКТА микс има и во Зегин ако ти е поблиску, накупи си повеќе лименки брзо се троши. Јас комбинирав и со ХИП и Хумана за да не ми здосади. Пиев сок од јаболко, боза исто многу сигурно по пола литар на ден. Јогурт се што беше течно завршуваше кај мене во желудник. И тоа не 2 л, туку сигурно 4 и повеќе, така ми бараше душата.

Исто пиев пивски квасец во таблети, јадев овесни снегулки насабајле, чај од коприва... се што ке чуев пробував. На квалитетот на млекот ми рекоа не влијаела храната, само омега 3.




mommy_angels RR -> RE: Доење (20.6.2015 15:03:04)

Јас би побарала совет овде за сестра ми-после Сумамед колку време не смее да го дои бебето?




Neurotoxin RR -> RE: Доење (20.6.2015 17:08:27)

24 часа после последната доза, ќе може да почне да го дои




lukajana RR -> RE: Доење (5.7.2015 10:40:48)

Roberta r imame tema Voda vidi iskustva od drugite majki,prasanjeto ke ti go prefrlam i tamu ke ti odgovoram kako jas sum davala




kokicekokice -> RE: Доење (14.8.2015 14:17:05)

Mamicki,imam 1 dilema.Koga se doi smee li da se konsumira alkohol?Jas ne sum pijach,ama ponekogas sakam da se napijam chasha vino ili koktel.




Hopeful RR -> RE: Доење (14.8.2015 15:43:58)

Не. Максимум што може е неколку голтки пиво, друго не.




sandriana RR -> RE: Доење (15.8.2015 11:16:25)


ИЗВОРНА ПОРАКА: kokicekokice

Mamicki,imam 1 dilema.Koga se doi smee li da se konsumira alkohol?Jas ne sum pijach,ama ponekogas sakam da se napijam chasha vino ili koktel.

Коктел е лош избор за доилка, како и било кој дестилиран алкохол. Чаша пиво е најпримерен алкохолен пијалок, како што рече Хоупфул.




sandriana RR -> RE: Доење (29.9.2015 10:50:59)

Постовоите на tamara... и Hopeful RR се префрлени во соодветната тема Пушење за време на доењето.




Felly RR -> RE: Доење (1.10.2015 13:10:31)

Јас имам една дилема околу доењево - дали на скеој подој ги ставате бебуши на двете гради, или еден подој една града? К до пред неколку дена цицаше 10 мин на една, па 10 мин на друга, ама сега последниве денови намалува во времето за цицање, па го менувам на 5 мин на двете гради, а некогаш и една само како да му е доволно па не сака на другата.
Случајно гуглав зошто често ми кака дури го преслекувам, и неколку пати столицата му беше како пена. На нет најдов дека тоа може да биде зошто прима многу лактоза, а тоа пак ме одведе на друго објаснување дека во случаи каде има прекумерна лактација се случува бебето да не може да дојде до похранливото млеко, и го исцицува само првото млеко кое е богато со јаглехидрати, а не стигнува до покалоричното млеко кое е богато со масти. Во такви случаи се препорачува блок доење -block feeding- од неколку саати т.е. зависно од тоа колкава количина млеко се произведува, да се става бебето во тек на 2 /3/4 саати само од една града да цица. и такво доење да се практикува дури не се намали прекумерната стимулација на млеко. А јас навистина имам повеќе млеко одколку со М, дури и ако [sm=duda.gif] спие а поминале 2 саати од доење, почнува да ми течи млеко, и сега како што цица пократко секогаш имам чувство дека имам уште млеко на крајот на подојот.
Што ме советувате - дали да почнам да го ставам само на една града на еден подој?




sandriana RR -> RE: Доење (1.10.2015 14:07:57)

Felly rr, во принцип педијатрите советуваат еден подој-една града.
Јас лично секогаш се водам според моменталната ситуација. Додека беа мали децава, и кај мене лактацијата беше преизразена, после 2-3 часа од подој млекото само ми истекуваше. Затоа бебе и сега ставам да цица од таа града што е пополна.
Го имавме моментот со пенливо какање, но сметам дека тоа е резултат на возраста и дека храната му е само млеко. А времето на траење на подоите сепак зависи и од ефективноста на цицањето, па и тоа не е некој репер колку детето цица (не/доволно).
Следи го К, ако е смирен и напредува, терајте така како Вам најмногу ви одговара, без правила и прописи [sm=smiley1.gif]




Lala* -> RE: Доење (26.11.2015 11:20:17)

Секој почеток е тежок, така и доењето. Ново е за двајцата, и за мајката и за бебето. Треба само трпение. Ние од самиот почеток малото цицаше на подој само од едната града, а другата сама течеше [sm=smiley36.gif] Наредно цицање го ставав на другата града, и така наизменично. Кога ќе пробав да го префрлам малото во тек на цицање од една на друга града или заспиваше или почнуваше да плаче. И така теравме. Сега имаме 8,5 месеци уште цицаме, и незнам како ќе биде бидејќи почнувам со работа за неколку дена.




Hopeful RR -> RE: Доење (26.11.2015 22:24:00)

Lala*, цицајте пред да отидеш на работа, во текот на работниот ден обавезно измолзувај се неколку пати, колку што би цицало бебето, и после дома пак по ред. Измолзеното млекце ќе си го пие во шишенце комбинирано со храната, без гајле.
Ако ти е работата блиску до дома, или имаш опција за пауза, комбинирај така - на една колешка и го имаат носено бебето на работа да го дои во кола [sm=smiley36.gif]




sandriana RR -> RE: Доење (27.11.2015 12:49:57)

Моето е 14 месеци, уште цица, а јас почнав на работа со нејзини 8 месеци.
Редот е следен: сабајле цица пред градинка, после градинка пак, пред спиење, и ноќе зависи колку ќе стане.
Така терав и со големата ќерка, до 20 месеци.




MajaLeon -> RE: Доење (4.12.2015 20:25:48)

Јас бебушот го дојам еве веќе 4 месеци и уште го дојам му давам и кашички од HiPP и си напредува во килажата. [sm=jezicek.gif]




cokolino -> RE: Доење (23.12.2015 22:35:08)

Zdravo mamicki ako ne e prasanjjeto za taa teme izvinetee imam kerka 13 meseci veke i seuste se doime 7 meseci ne cica od ednata grada prvo nemav dovolno mleko potoa imav edno 3 meseci nemav voopsto i sega pak pocnaa po dve tri kapki koga ke se pretisnam sovet ve molam dali moze da mi se sluci nesto




sonc90 -> RE: Доење (11.1.2016 2:44:24)

bidejki velis deka ti tece mn malku,mala e verojatnosta da ti se sluci nesto(pod nesto mislam na mastit)...ako pocne da ti nadoagja mleko ke mu davas na deteto da si cica i od taa grada...normalno e da ti dojde pak mleko bidejki uste cicate i vo teloto ti se proizveduva toj hormon odgovoren za mlekoto vo gradite(na vrv jazik mi e,ne mi teknuva sega kako se vika) taka da,nisto strasno,normalna pojava




Estera -> RE: Доење (11.1.2016 7:24:33)

Мислам дека е пролактин хормонот, корегирајте ме ако сум грешка. Иста бев ко тебе чоколино со третото дете само од една доев од 6 месец. Левата града малку млеко ми даваше и не преферираше да цица од неа.
Јас мислам дека нема да е проблем ако ти надојде млеко од таа града и да си го доеш од неа.




Hopeful RR -> RE: Доење (17.1.2016 20:21:39)

Девојки, се плашам дека млекото ми секнува. Откако почнаа со храна, се намалија подоите, што е нели нормално, и гледам дека се помал интерес имаат за цицање,а кога сакаат, или набрзина престануваат или влечат а излегува многу малце. Јас редовно им нудам, знам дека се мрзливи и дека сакаат шишенце, но сакам и да цицаат, колку - толку. Јадам овес, пијам вода еден тон, а и Лакта микс, но во малку помали количини од претходно, не знам дали е до тоа... Што друго можам да направам?




lolla RR -> RE: Доење (18.1.2016 12:05:28)

Moeto odamna cica po nekolku minuti na podoj. Dalu cuvstvuvas deka mlekceto nadoagja? Da ne treba da dobies?




lukajana RR -> RE: Доење (18.1.2016 16:38:16)

Hopeful rr по колку пати на ден цицаат ?
Кај тебе не би требало да се почувствува намалување дека се две колку малку и да цицаат сепак двајца цицаат.
Еве Ј цица 4-5 пати на ден по 5-6 минути а јас имам млеко ,значи не ми тече само како на почетокот ама додека цица ако и ја тргнам градата во устето има млеко.
Не е битно колку кратко цицаат битно да ги ставаш на града по неколку пати




sandriana RR -> RE: Доење (18.1.2016 18:38:57)

Hopful, и јас мислам дека привидно ти е намалувањето на млеко - телото е прилагодено да продуцира токму по потребите на децата. Сега се поголеми, имаат помалку потреба од млеко, па не доаѓа до преполнување на градите.
Во секој случај, по 1 литар чај за доилки дневно нема да штети никому.




Hopeful RR -> RE: Доење (18.1.2016 21:15:02)

Па не многу, по околу 3 пати дневно секој, сабајле, измеѓу двата оброка и навечер пред спиење. Порано прскаше, имаше и вишок, се загрцнуваа, а сега гледам капка две... Навечер се помирни и посконцентрирани па влечат малце повеќе, ама денски одма губат трпение и ме буткаат, одбиваат, па на сила им пикам.

Не знаев дека има врска добивањето, не можам да проценам каков ми е циклусот сега бидејќи добив рандом 3-4 пати...




lolla RR -> RE: Доење (19.1.2016 11:50:14)

Ima vrska i dobienoto? Pri ciklus treba podolgo da nadojde mlekce. Moze e i strajk radi skok vo razvoj nalaj devetti mesec. Samo uporno.. jas pri strajk sedev toples nekoe vreme pokraj bebe i sam si doagase kaj gradite. I krajno e molzenje so pumpa.




lolla RR -> RE: Доење (19.1.2016 12:08:59)


ИЗВОРНА ПОРАКА: lolla

Ima vrska i dobienoto? Pri ciklus treba podolgo da nadojde mlekce. Moze e i strajk radi skok vo razvoj nalaj devetti mesec. Samo uporno.. jas pri strajk sedev toples nekoe vreme pokraj bebe i sam si doagase kaj gradite. I krajno e molzenje so pumpa.

Bez prasalnik vo prvsta recenica.




Hopeful RR -> RE: Доење (19.1.2016 21:36:18)

лола, со ова скок во развој накај 9 месец многу работи ми разјасни [sm=smiley36.gif] ѕверчињава ме изненадуваат секој ден, им се чудам што им е, но сега ми е јасно.
Сакаат да цицаат, почнуваат, посебно навечер, но кога гледаат дека нема којзнае колку од одма, како порано кога бликаше, се откажуваат. Ништо, ќе се трудам пак, ако не, Меделата [sm=smiley1.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  26 27 [28] 29 30   Следна страница >   >>