RE: Доење (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Доење и дополнување на доењето



Порака


Slonceo1 -> RE: Доење (25.1.2015 20:16:39)

Mamicki vaka vcera ne opustija od bolnica. Momata mi ima namaleno 180grama. Sega se doime no odma posle 5 min 10 doenje pocnuva da spie. Prima li dovolno mleko? A koga ja doam me boli malku. Kupiv mast lea mamma no nz dali ke ima efekt od nea ili od nes drugo [sm=zmeden.gif]




Felly RR -> RE: Доење (26.1.2015 10:42:50)

Слонче, за тоа што намалила во тежина, не се секирај, сите кога ги пуштаат од болница имаат намалено, мојата мислам дека и повеќе од 200 гр дури. Е сега ако дома си спие и е мирна, најверојатно и е доволно. А на колку време ја доиш? И колку време си спие одкако ќе ја надоиш? Ако сметаш дека е кратко времето на доење, подразбуди ја, размрдај ја малце. НО ако не и е доволно, сама ќе ја сетиш, ќе биде разрдазлива, плачлива и сл.




Slonceo1 -> RE: Доење (27.1.2015 16:34:44)

Ja doam okolu 15 min, posle zaspiva i posle 15 min pak se budi, Denes bevme na doktor se e vo red, od sabotata do sega ima kaceno 125 grama. Non stop ja doam, ama ne mi e problem [sm=smiley36.gif] eve zaspa pred 2,3,saata i ja nema da se razbudi [sm=jezicek.gif] se izmorela sigorno[sm=smiley36.gif]




lukajana RR -> RE: Доење (27.1.2015 22:58:09)

Штом ти спие толкав период значи е најадено и плус ти качила на килажа.На почетокот така ке цица па ке заспие па пак ке бара да цица ама со време ке дојдете то тие три часа размак меѓу цицањето,кога ке стекне брзина и рутина сега е уште мало нема доволно сила




Felly RR -> RE: Доење (6.2.2015 9:02:02)

Постовите за тетрапак млеко се префрлени во соодветната тема. КЛИК




hopeless -> RE: Доење (30.3.2015 20:32:50)

Ќерка ми е 12 месеци и уште се доиме и планирам до 18, ако не и повеќе.
Кога се роди, скоро две недели не напредуваше бо килажа и една недела давав АД, два пати на ден.
Но бев упорна и продолживме да цицаме, го исфрливме АД, и почна да си напредува супер.
Така да мајки само упорно, не се откажувајте.




kokicekokice -> RE: Доење (12.4.2015 9:52:56)

Mamicki, dali bez iskluchok posle sekoe doenje gi potkrevate bebusite da zdrignat? Nekako imam chustvo deka go budam koga go pravam toa...I dali ako ne e zdrignato I go legnam, a toa bljucne mlekce znaci deka e najadeno I go isfrla visokot ili deka ne e zdrignato?




Snowhite RR -> RE: Доење (12.4.2015 12:38:45)

Не мора после секое доење, ако е заспано остави го не го буди, тоа ако му дојде за ждригнување ќе се разбуди само, тогаш поткрени го и после пак легни го да си продолжи со спиење. Само легни го малку на повисоко со главчето, за ако поврати да не го голтни да се закашла




lukajana RR -> RE: Доење (12.4.2015 13:13:23)

Kokicekokice јас не ја кревам да ждригне на секое цицање посебно ноќе пробав така ама ми се буди и се откажав ама нема некој проблем да ја боли меше или така ама сепак моево е поголемо незнам твоето колкаво е .
А кога се породи не си пишала или јас не сум видела?




kokicekokice -> RE: Доење (12.4.2015 14:17:54)

Se porodiv pred dve nedeli, ama nemam mn vreme da pusuvam od moevo zverche :) Sega borba vodime dalI imam dovolno mleko da go najaduvam ilI ke odime so dohrana...




Neurotoxin RR -> RE: Доење (12.4.2015 23:34:27)

Пиј вода и ставај го често на града, ќе имаш млеко, ако го ставиш на дохрана уште помалце ќе биде, дури пробувај да се измолзуваш со цел да се лачи повеќе, не се откажувај, целото доење е природен процес, само кај стресена жена и дете кое нема „желба“ да го доразвие рефлексот за цицање може да се случи да се намали количината на млекото. Колку повеќе цица, толку повеќе млеко ќе имаш, само пиј вода и јади благо за енергија.




Neurotoxin RR -> RE: Доење (12.4.2015 23:39:24)


ИЗВОРНА ПОРАКА: kokicekokice

Mamicki, dali bez iskluchok posle sekoe doenje gi potkrevate bebusite da zdrignat? Nekako imam chustvo deka go budam koga go pravam toa...I dali ako ne e zdrignato I go legnam, a toa bljucne mlekce znaci deka e najadeno I go isfrla visokot ili deka ne e zdrignato?


Блуцкањето, е враќање на содржината од желудникот зашто кај нив до третиот може и до шестиот месец, не се затвора желудникот со хранопроводот и затоа може да се врати храната. Алармантно е кога враќањето е во млазеви. Пробувај вака, кога ќе престане да цица, и кога ќе го враќаш во креветче, крени го вертикално, ако за тој период не ждригне легни го слободно. Не секогаш се полнат со воздух, собено не навечер кога цицањето е посмирено.




Snowhite RR -> RE: Доење (13.4.2015 22:41:41)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Neurotoxin

Пиј вода и ставај го често на града, ќе имаш млеко, ако го ставиш на дохрана уште помалце ќе биде, дури пробувај да се измолзуваш со цел да се лачи повеќе, не се откажувај, целото доење е природен процес, само кај стресена жена и дете кое нема „желба“ да го доразвие рефлексот за цицање може да се случи да се намали количината на млекото. Колку повеќе цица, толку повеќе млеко ќе имаш, само пиј вода и јади благо за енергија.


ИЗВОРНА ПОРАКА: Neurotoxin

Пиј вода и ставај го често на града, ќе имаш млеко, ако го ставиш на дохрана уште помалце ќе биде, дури пробувај да се измолзуваш со цел да се лачи повеќе, не се откажувај, целото доење е природен процес, само кај стресена жена и дете кое нема „желба“ да го доразвие рефлексот за цицање може да се случи да се намали количината на млекото. Колку повеќе цица, толку повеќе млеко ќе имаш, само пиј вода и јади благо за енергија.

Освен што тρеба да пиеш течности моρаш и да јадеш, мене таκа ми κажуваа на болница κога се поρодив, аκо само пиеш вода таа ќе ја измочаш, моρаш и да јадеш за да водата се пρетвоρи во млеκо, таκа ми велеа. А можеш и да го земеш чајот за доилκи од билна аптеκа, мене тој ептен ми помогна. Биди упоρна и не се отκажувај ниκаκо, мене на 3 месеци многу ми се намали млеκото, ама бев упоρна и си го вρатив и ја доев до 13 и пол месеци. Исто таκа немој да се неρвиρаш зашто тоа многу влијае дали ќе имаш млеκо или не, за жибците можеш да пиеш бедоκсин
Сρеќно :)




Neurotoxin RR -> RE: Доење (14.4.2015 0:35:21)

Точно, важна е и исхраната, направи си некој редослед на внесување на храна, земај што повеќе јаглехидрати од тестенини, земај б витамини, внесувај скроб (ориз, компир) протениска исхрана но внимавај со алергиите. Чајот земи го обавезно како поддршка ем за течности ем за да неутрализира она што може да му предизвика грчеви. Претходниот одговор ми беше итна интервенција, зашто ми зазвуче на дехидрирана доилка :) башка тазе ти е се и не можеш на се да мислиш. Шишето вода, чајот и планирани оброци. И одмор, многу одмор. Сега си доилка на новородено, никој нема да замери што не е чисто, и што нема ручек. Одмарај и дои :) секое добро

Да се надополнам, чајот на алкалоид за доилки сега е достапен во сите аптеки, во лименка измешан, дури мислам дека е инстант, ама не ме фаќајте за збор, ја немам отворено лименката. А имаш и други чаеви, од сите што ги пробав на хумана чајот за доилки ми се виде највкусен и најисплатлив економски а и најмалку досаден. Сега има и таблетки, ако несакаш да пиеш чаеви, само течностите ќе мора да ги надокнадиш




nataly86 -> RE: Доење (14.4.2015 17:35:06)

Околу млекото и надоагањето имам само еден совет- јади пиј течности и одмарај...за нервоза обавезно бедоксин...
јас немав многу млеко од старт а немав ни дете до мене за стимулација се трудев со одмозлување успеав 3месеци и нешто да одржам..но едно знам дека најмногу млеко ми наогаше кога ке ми кажеа добра вест за моите бебиња [sm=smiley1.gif]




sandriana RR -> RE: Доење (14.4.2015 20:58:29)

Чајот за доилки во лименка не е инстант, само е готова мешавина, за разлика од оној од билна, каде се посебни билките спакувани па треба сами да ги мешате.
Јас секогаш го препорачувам, многу благодет од него имам видено.




Snowhite RR -> RE: Доење (14.4.2015 22:37:12)


ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR
Јас секогаш го препорачувам, многу благодет од него имам видено.

И јас исто таκа, отκаκо ми го κажа sandriana rr, сеκогаш го пρепоρачувам[sm=smiley1.gif]




lukajana RR -> RE: Доење (15.4.2015 12:26:59)

И јас пиев чај за доилки од билна, многу ефикасно мене многу ми помогна и пиев многу боза ,со тоа успеав да одржам лактација до 7 месеци иако Л воопшто не цицаше но јас му измолзував млеко и му давав од шише и додека имав млеко АД не сум давала




blond -> RE: Доење (17.5.2015 12:45:01)

Јас пак имам проблем со ептен голема лактација и максимално избегнувам течности, морам да се измолзувам инаку градите ќе ми експлодираат.
Знам сега додека е мало бебе вака ќе биде, после ќе цица повеќе и таман ќе се балансира.




marijana.ma4e -> RE: Доење (18.6.2015 20:02:32)

sakam da mi kazete imam 6 mesecno bebence me interesira kako da go odviknam od doenje mi e strav a go pothranuvam poleka dali ako go namalam doenjeto gradite ke mi bidat polni ili pozdrav i cekam odgovor




Neurotoxin RR -> RE: Доење (18.6.2015 20:21:24)

Маријана, ако имаш причина да го одвикнеш тогаш во ред, али ако остануваш дома, не го одвикнувај, продолжи со доењето.
Јас мојата ја оставив на 7 месеци, на осум сама ме одби, се намалија подоите зашто не бев физички присутна, на работа, ќе почувствував малку неугодност во градите кога ќе ми дојдеше млеко, ама не беше страшно. И за многу кратко време, како она престана, за една недела немав ни капка млеко, а ни проблеми. Без лекови, може да се одвикнеш само ако физички не си присутна. Така и полесно ќе си почне да си пие ад, ако не те гледа, а некој друг му нуди шише.

Уште еднаш, ако немаш некоја причина, од типот да се вратиш/тргнеш на работа, не го одбивај.




Bethany -> RE: Доење (19.6.2015 13:25:29)


ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR

Чајот за доилки во лименка не е инстант, само е готова мешавина, за разлика од оној од билна, каде се посебни билките спакувани па треба сами да ги мешате.
Јас секогаш го препорачувам, многу благодет од него имам видено.


Sandriana, me interesira mila cajot.
Kade da kupam, tokmu toj vekje izmesaniot, kako se vika?

Mi zdosadi voda i sokovi, sokovite sakam i da gi isfrlam, a da ne sum samo na voda. Dali isto cajot pomaga i pri eventualnite grcevi kaj bebeto?




vezilka RR -> RE: Доење (19.6.2015 13:31:22)

Помага Betany. Чајот го има во билните аптеки, мажле конкретно го купуваше од билана кај КЈУБИ што е, ќе побараш мешавина за доилки и тие ќе ти дадат. Прај го одвечер и нека ти се излади преку ноќ, ладен е многу убав, како леден чај. Јас лани лето се утепав од пиење. Помага и при лактација.




Bethany -> RE: Доење (19.6.2015 13:47:06)

ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

Помага Betany. Чајот го има во билните аптеки, мажле конкретно го купуваше од билана кај КЈУБИ што е, ќе побараш мешавина за доилки и тие ќе ти дадат. Прај го одвечер и нека ти се излади преку ноќ, ладен е многу убав, како леден чај. Јас лани лето се утепав од пиење. Помага и при лактација.

Super. Fala. Poracano vekje :)




sandriana RR -> RE: Доење (19.6.2015 14:05:11)

Чајот се пие 1 литар дневно, и ако пиеш 1-2 литри вода дневно, 1-2 чаши јогурт или млеко, и сосем доволно течности се [sm=smiley1.gif]
Јас сок додуша пиев по 1-2 чаши дневно, ради потребата од шеќери и енергија, ама ги откажав после некој месец. Се што е повеќе од умерено е проблем, инаку малку џусче не е на одмет [sm=smiley36.gif].




Страница: <<   < Претходна страница  25 26 [27] 28 29   Следна страница >   >>