RE: Доење (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Доење и дополнување на доењето



Порака


Kvisko -> RE: Доење (21.1.2016 16:26:29)

Женски мене ми треба совет и веројатно охрабрување. Имено во моментов имаме две недели и комбинираме доење и дохрана. Почнавме со 30 милилитри дохрана па 45 па од вчера 60. Прбо беше да надојде млеко па после ај заради жолтицата а од вчера демек сме на долна граница со качување килажа па да се збуцка.
Јас сум ептен збунета и не знам веќе што да правам. Не сум сигурна дали имам доволно млеко а он не може да исцица или немам доволно. Пијам чај и од Хип и од Алкалоид за доилки и сокови и вода прилично. Не знам што друго. Инаку денес ако пие само дохрана е ок а ако цица па пие дохрана брзо после тоа остава дел во шишето и прилично бљуцка после тоа (како фонтана млаз од уста му лета). Дајте некој совег или охрабрување.




blue_blue -> RE: Доење (21.1.2016 16:58:11)

Kvisko, пробај на еден подој само да цица и тоа ако може од двете гради, а на следен дохрана, ако веќе ти рекле дека мора со дохрана. Можеби уште бема сила да цица доволно или пак брзо заспива. Ќе видиш сама дал ќе му треба дохраната по некое време. Јас колку што знам колку повеќе цица бебе толку повеќе имаш ти млеко. Не се секирај ќе фатите ред. Исто јас не би се замарала премногу со тоа колку качува на тежина, ако бебето си е смирено, си напредува, си јаде ...ич не би го носела по контроли. Тоа со млазот не знам зошто сите толку ги секира ама мене едново ми повраќаше така млаз после секое цицање +дохрана до некои 4-5 месеци и мене тоа не ме вадеше од памет, го сметав за нормално...па еве ја здрава права 7 ипол има ден не била отсутна од школо...така да не му се секирај..знам дека се во тоа ти е паметот и се правиш ко што треба. Детето само ќе си каже а ти ќе се прилагодиш.




lolla RR -> RE: Доење (21.1.2016 19:05:34)

Kvisko, тоа што блуцка во млаз по дохрана зачи дека и е вишок. До 6 недели млекцето се регулира, дотогаш те ке чувствуваш дека ке ти пукнат градите, те дека нема млеко. Најважно е да го ставаш бебето секогаш кога ке покаже, даја врти глават према цице, да прави звук на шмукање, да пика раче, да е вознемирено. Бебе од 2 кг па и помалку се научува на цицање, може и твоето, верувај. И има финта како дохраната да ја укинеш многу брзо, после секој подој домолзувај се. Во фриз имај две шишиња, едно за млеко кое ке се лади и едно за оладено млеко. Гарант ке измолзеш и преку 100мл денеска така, па дохраната ке ја замениш со одмолзено млекце. Нема ништо похранливо од твојот колострум сега. А со зголемување на мл дохрана само ке се намалува твоето млекце. Тоа се совети од мене, со бебе од 2кг и дохрана од 1 недела.

И само упорно, на почеток е тешко но вреди. Само упорно на града и нека поцица добро од неа, помасното млекце доаѓа по некоја минута цицање.




Hopeful RR -> RE: Доење (21.1.2016 22:19:04)

Квиско, се согласувам со сите овие совети. Две недели се многу малце за да се регулира лактација, и без нервози, ќе си дојде се на место. Само ставај го почесто на цице, менувај страни секогаш кога ќе ти изгледа дека е готов, пробувај и кога не си сигурна дали е гладен, не чекај ни да заплаче. А тоа што остава во шишенцето е добро, тоа значи дека е најаден.

Одмолзувај се после секој подој и тоа млекце дај му го после следното цицање. Јас така правев, и исто како Лола - двајца со по 2кг и нешто, со дохрана, па стигнавме до период во кој цицаа по пола саат секој и им беше доволно. Е сега кај мене дека двајца, кога пркнаа секако мораше дохрана, но тоа е друг муабет [sm=smiley1.gif]

Исто така, додека да се научи солидно да цица, не му ставај цуцла - ако си почнала, тргни ја овој период.




sandriana RR -> RE: Доење (22.1.2016 10:41:39)

Дајте некој совег или охрабрување.

Сите совет погоре се на место.
Блуцкањето е и резултат на рефлукс, и е сосем нормално, ќе се регулира за некој месец.
Охрабрување од моја страна - УПОРНОСТ. Нека цица и на пола саат ако сака. нека траат и пократко, но често подоите - прилагоди се на неговите потреби и знаци.
Доењето е досадно и мачно за мајките, да бидеме искрени, но е најдобар избор за децата - така да само истрајност и упорност.




lolla RR -> RE: Доење (22.1.2016 11:43:09)

Samo уште ова да додадам и мислам се е кажано, кога цица стискај ја градата како да се одмолзуваш додека цица, на тој начин ке му помогнеш да му тече поубаво млекцето. Те мислиме пишувај како оди.




Kvisko -> RE: Доење (23.1.2016 12:50:46)

Фала ви на советите. Сега за сега гледаме што почесто на града иако не ни одговара постојано дс сме на града зашто тогаш мислимр дека градата е за спиење не за цицање па гледам на саат саат и пол да се доиме. Цица од едната па од другата града и дохраната сеуште не буни. Кога пие дохрана после не е мотивиран да цица па дојките се преполнуваат па му се тврди и не може убаво да фати зашто имам рамни брадавици и сеуште од време на време користиме силиконска брадавица. Ќе се научиме деновиве. Сега сум на мисла да мунпотскратам мулилитража од дохраната за повеќе да цица.




Hopeful RR -> RE: Доење (23.1.2016 13:58:47)

Да, пробај намалувај малце по малце количина на АД со надеж да цица повеќе.

А ако градите ти се тврди, пробај одмолзи малце пред да му понудиш да цица. Јас имав таков проблем, огромна количина на почеток и се загрцнуваа, не можеа да цицаат. По кратко време, се поднамалува протокот и може нормално да цица.




sandriana RR -> RE: Доење (23.1.2016 14:07:19)

Макар и да заспие на граада, мало е уште, има време за ред.
Ако забележиш дека е нацицан и заспан, само спушти го на кревет/креветче/релаксатор...што и да користите.
Досадна сум, ама пак ќе потенцирам - дур се воспостави ред, водете се по потребите на бебето, нека е често на града.




lolla RR -> RE: Доење (23.1.2016 14:35:47)

И јас сум да си го оставиш да дремуцка на града, и јас го правев тоа, нема ништо лошо, важно е беб да е мирно задоволно. Никогаш немој да си помислиш дека градата е лажливка или цуцла за бебето, мајката си е поврзана со бебто баш преку градата. Градата не е само извор на храна, туку место каде бебе е безбедно, таму е топло, мириса на мама и го овозможува надлабокиот мир кој може бебе да го осети. Ред... тоа кога ке потпркне, дете се тренира не бебе.




Kvisko -> RE: Доење (24.1.2016 16:16:36)

Lolla не е дека сакам да го тренирам туку кога го оставив на града цел ден до вечерта веќе не беше заонтересиран за јадење па самл се будеше ќе фати еднаш два пати и спиеше. Тогаш изеде и најмногу дохрана затоа решив да сменам малку пристап. Ќе видам што и како му одговара. Сега кига заспива му давам пет минути време да спие па го кревам да подригне па пак назад и ако пак заспие брзо го тргам од града и може да спие кожа на кожа на мене.
Трикот со одмолзување малку пред да цица пали сега за сега. Така и подобро ја фаќа градата.




alexx87 -> RE: Доење (24.1.2016 20:43:15)

здраво мамички.имам бебе 2 месеци и три дена [sm=smiley1.gif].имам млеко премногу и се измолзувам и со шише му го давам на господинот мал ,оти несака да цица.До пред некој ден цицнуваше по малку и со градата се успиваме.но од вчера штом го ставам на града вришти страшно несака ни да ја мирисни а не па да цица а е гладен.а јас толку сакам да цица пробав и силиконски грепки,го оставав и гладен,пробав и со лажичка да давам, неуспешно[sm=smiley13.gif]помагајте како да се научиме да цицаме.




lolla RR -> RE: Доење (27.1.2016 16:43:53)

alexx би ти советувала да посетите педијатар кој ке види дали е правилна положбата на доење. Исто да знаеш дека во третиот месец имаат бебињата скок во развој и знаат недела две да одбиваат цицање. Пробај полузаспано или нерасонето да го доиш, пробај некоја друга положба и следи ги пелените дали се полни.




lukajana RR -> RE: Доење (27.1.2016 18:42:46)

И јас би те советувала да пробаш да доиш додека спие и пробувај секако со лежење ,во рака било како и битно нека не те фаќа паника штом имаш млеко ке фати и ке цица сигурно што вика Lolla rr се работи за скок во развој




alexx87 -> RE: Доење (29.1.2016 3:08:52)

vi blagodaram mnogu,pocnavme pak da cicame najverojatno bese skok vo razvojot koj traese 4-5 dena a mozebi i tekovnite nastani pravevme krstevka,pa vakcinata i se mu se izremeti t.e.i sega cicnuvame, se podlazuvame po nekoja minuta i odma zapivame:(...vtor den od koga ja kupiv el.pumpa i sum malku poodmorena zosto so racnata po cl den samo toa pravev...ama se sto mora ke pravime za nasite dusicki




Kvisko -> RE: Доење (29.1.2016 16:00:18)

Еве и од мене update. Вчера бевме на мерење и добро сме напреднале. Кажавме дека не сме пиеле многу дохрана и ни ја укинаа. Сега само цицаме.




sandriana RR -> RE: Доење (29.1.2016 18:24:12)

Kvisko, одлична вест [sm=bravo.gif]. Нека си цица колку сака момчето и нека напредува.




Hopeful RR -> RE: Доење (29.1.2016 23:22:11)

Квиско, браво [sm=bravo.gif] Како ви е доењето, по распоред или по желба?

Јас сум поборник на доење по желба, не на час, со сепак, максимум 4 часа размак за да не дојде до дехидратација. Ех, ми фали периодот кога само доев, кога не готвев и не трчав наоколу со тањирчиња и лажички... [sm=smiley1.gif]




Kvisko -> RE: Доење (1.2.2016 12:42:04)

Се доиме по желба ама на некој распоред оквирен. Гледам да не се подоите поблиску од саат време еден до друг зашто тогаш му прават проблем со мешето. Ноќе гледам да не поминат повеќе од 4 саати а преку ден сам бара на некои 2 саати да јаде (некогаш саат и пол некогаш три).




Hopeful RR -> RE: Доење (1.2.2016 15:08:21)

Супер, и ние имавме таква динамика. Со тек на време се навикнаа на 2 часа, и се уште знаат така да огладнат. Уживајте [sm=smiley1.gif]




lolla RR -> RE: Доење (1.2.2016 18:21:21)

Браво Квиско што сте само на цицање, веќе, цицкајте си и уживкајте. И кај нас беше така, претежно на саат ипол цицаше ко новороденче, потоа на 2. Некогаш се само жедни, некогаш многу гладни, они си знаат.




Bea -> RE: Доење (3.5.2016 13:19:48)

Мами, моево бебе е 2.5 месеци, конечно фати града, ги мафнавме силиконските брадавици и дохраната и само цица.
Не знам дали има проблем, но детево цица 5 мин максимум 10 и толку. После се трга, плаче, нејќе...
Пробав разлилни положби, менувам гради, скроз во темница, со залажување - јок.
Се прашувам дали му е доволно. Кака 4-5 пати на ден златно-жолта кака, расположен е се смее си гуга. Дење дремнува неколку пати пократко, а ноќе врзува 3 саати. Не знам како е со грамажата, на контрола сме околу 10-ти, на домашна вага го мерам - качува, но не толку како со дохрана.
Денес нешто беше кенкав после подој од 5 мин, па за да тестирам му дадов шишене ад - на сила со плукање испи 20мл, а после почна да се гнаси од шишето.
Мислите ли дека може дете да се нацица за 5 мин? Може ли да е скок во развој на 2.5 месеци?




Kvisko -> RE: Доење (3.5.2016 16:40:06)

Можно е да е сит. И мојот тука некаде почна така да прави. Испадна дека е ок зашто си е ок околу саат и пол. Кога цица подолго бара пак за пократко време. Јас пробав и со силиконска кога почна така да прави кога рикна да плаче едвај го смирив. Ако добро напредува а ќе видиш на контрола тогаш е добро. Ако е кенкав може да не му е денот или да сака да го држиш или слично.




lolla RR -> RE: Доење (6.5.2016 13:44:28)

Беа баш во третиот месец има голем скок па затоа може да одбива да цица, ама штом прегладни ке си се нацица. Веќе е голем, има повеќе сила и затоа си се нацицува за кратко време. На мерење ке видат како напредува, ако е ок, немаш место за грижа. Кај нас најдрастично беше околу шестиот месец, кога ке го ставев на града се вртеше и пиштеше, ама само упорно оти кратко трае.

Исто ке почне веќе помалку да качува на килажа, не е како првите месеци, важно е да има доволно број мокри пелени, да е расположен нели итн.... мајката најубаво си го знае бебето (додека не смени хаха).




Bea -> RE: Доење (6.5.2016 14:32:53)

Бевме вчера на мерење, не е сјајно - за 3 недели 450 грама, на минимум сме. Педијатарката ми рече да продолжам само со доење, па ќе видиме. Бебуш како што пишав си мокри пелени, си кака, си игра, гуга. Ноќе супер цица, ама дење борба секој подој.




Страница: <<   < Претходна страница  26 27 28 [29] 30   Следна страница >   >>