sandriana RR -> RE: Доење (15.1.2015 19:36:37)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Gardenia Мојата ќеркичка е скоро еден месец и оваа недела ми бара да цица на секој саат,штотуку сум завршила со еден подој после пак бара кенка и ја врти устата накај градата.Незнам дали е во ред,се си мислам да не не се дојадува дека некогаш заспива на града,а и градите наутро ми се полни а после се се помеки и кога ќе ги стиснам излегуваат неколку капки а не така да шприца па се мислам да не немам доволно млеко,ама она кака и моча цело време,еве сега само што јадеше и се искака течно жолта кака.Можно ли е толку често да цица,и давам и АД да не е најадена ама и после него ја врти главата да цица[sm=zmeden.gif][sm=zmeden.gif] Гардениа, сигурно имаш млеко, штом дете напредува. Не шприца млеко преку ден, зошто почесто цица и не е толкав притисок во градите, како наутро, кога се акумулуирало млеко повеќе часа. Давај и да цица кога бара, ретко кое доено бебе издржува повеќе часови без оброк. Додуша, и мазењето им годи, топлина, близина, па затоа бараат допир со града.
|
|
|
|