vezilka RR -> RE: Прилагодување кон новата средина (градинка/јасли) (17.9.2013 10:56:21)
|
Mrs.Tinka некои деца побрзо се прилагодуваат, а некои побавно. Ама зихер, месец дена најмалку трае периодот на прилагодување. Некои многу плачат, некои тажат во себе, а на поинаков начин ги исакажуваат чувствата. Ете и моето, лани кога тргнавме, почна да не јаде како што си знае тој, и богами тоа траеше неколку месеци, додека си дојде во нормала. Лека-полека ќе се навикне и таа, и ти, после полесно. Хе, хе се сеќавам лани додека ние мајки, сироти чекавме по саат два во дворот од градинката и го слушавме плачот на дечињата, излезе директорката малку со нас и ни рече, еее, ќе видите за месец дена кога ќе помините тука, глас нема да се слуша. И навистина така беше.
|
|
|
|