|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  7 8 [9] 10 11   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Психолошки фактор
7.3.2015 12:30:00   
LoveableMe RR
vazna, слободно пиши ни, сите ние сме во иста ситуација и со неколку реченици се разбираме, а нервозата за неуспех пред ИВФ се јавува кај повеќето парови, под стрес сме од постапката, а тек кога ќе почнат хормони да те маваат во текот на процесот, уште повеќе побудалуваме и навистина од страна на луѓето им е тешко да не разберат. А мажите бидејќи немаат такви хормони како нас, башка се поплашливци, уште жена кога ќе почне да им паничи, бетер оди работаваuser posted image

Средината не сакам ни да почнам да ја коментирам со разниве прашања, па запнување, па до каде што како, па зошто ИВФ, абе ајде гитла таму, секој друг ќе ти го бере гајлето, место да си гледа во својот двор.

А и да ти кажам една работа да си мирна, ако треба да бидне ќе бидне и под стрес и без стрес, така што ти посакувам среќа, пишувај ни нас овде, мажето батали го ако не сака да слуша, ние сме тука за тебе и за сите другиuser posted image

< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 7.3.2015 12:31:03 >


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 201
   RE: Психолошки фактор
7.3.2015 12:50:52   
vazna
Devojki fala na podrskata, mene ne mi e gajle za lugeto sto ke zborat deka sum so invitro ostanata keski neka bide se kako sto treba za toa ic ne mi e gajle. Nego oni mnogu me rasprasuvaat se i sesto od radoznalost i toa me pravi napnata, kumata moja na primer e mnogu radoznalica se saka da znae i samo me rasprasuva i celo vreme e negativna i samo mi zbori zosto odis vo sistina, zosto kaj taa doktorka, zosto ne odis vo drzavna, vo sistina ic nemalo dobri doktori site bile proterani od nekade zosto ne bile dobri, zosto parite za dzabe sum si gi frlala, abe bog da cuva i da brani i koga i da se vidime samo za toa mi zbori i maz mi pocnuva da se nervira so nea zosto e takva e polna so negativna energija i celo vreme mi vika deka sum ostarela i godinite za dzabe mi pominale, a uste ni 30 god gi nemam napolneto, pa kako kaj niv odma se fatilo pa kaj niv bilo plukni zalepi ete taka duri nekogas mislam deka mi se sitat.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 202
   RE: Психолошки фактор
8.3.2015 18:42:55   
LoveableMe RR
Постовите се префрлени во Влијанието на заедницата врз забременувањето.

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот fragolina)
Непосредна врска до пораките: 203
   RE: Психолошки фактор
8.3.2015 19:38:28   
kapina
Vazna na kumata ti samo edno prasaj ja dali znae da zboruva za nekoja druga tema osbven za zabremenuvanje neli znae za drugo da zbori uzasno me nerviraat takvi osobi jas takvite gi stavam na tocka ignore

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 204
   RE: Психолошки фактор
9.3.2015 14:27:31   
Kvisko
Vazna остави се на страна. Сега си битна само ти и маж ти. Сите други се небитни.
Јас до денес бев ОК денес сум нешто напната не знам ни сама зошт ама веројатно е дел од процесот. Ме фаќа у ствари страв сега во Среда на ехо каква ќе биде ситуацијата со фоликули. Како и да е ќе го преживеам и тоа некако. Борци сме ние знаеме и можеме со се да се справиме. Ова ни ја јакне силата.
Другите стварно се небитни. Ние сега за ИВФ не сме кажале на никој. Не знаат ни нашите родители. По препорака на матичниот гинеколог не кажуваме на никој (таа ни рече нема потреба да се оптеретувате плус и со притисоци и исчекувања на роднини и пријатели). Мислам дека беше во право зашто сите околу се нормално љубопитни а а они е блиските се некако и емотивни инволвирани и од што не знаат пустите што да прават замараат со прашања,, постапки и слично. Мајка ми на пример си даде задача за секоја пбременост на таму некоја едикоја си да ме известува демек ете и кај неа бидна ќе бидне и кај тебе. Мене тоа страшно ме вади од такт ама никако да и објаснам дека ако тоа неа и помага во нејзината надеж мене ми одмага. Затоа веќе со неа ништо не зборувам на темата бебе. Се надевам дека после ова ИВФ ќе имам радосна вест за сите и толку. Нити пак кога ќе биде и кога ќе имам деца ќе солам памет и ќе кажувам што и како ми се случува и како сум останала трудна. Тоа си е дел од мојата интима. За споделување ве имам вас тука кои потполно може да разберете низ што поминувам. Другите од страна појма немаат и затоа некогаш се како слон во продавница за стакло, невнимателни и со нессодветни постапки.

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 205
   RE: Психолошки фактор
9.3.2015 15:03:30   
nadez vera ljubov
Ве читам и си мислам исти стравови, соништа, надеж, солзи, очекувања. Јас во предходните 3 неуспешни ивф мислам не паднав психички имав подршка од мм. Имав чуство дека вредам помалку од другите што имаат деца. Ќе си поплачев и викав не одам веќе на ивф ова последно а он се смее знае каква сум сѐ ќе направам да дојдам до целта. Му викав за овие 12 години ќе имаше 4 деца да се разведени а он ти си луда ненормална па што ако немаме деца не е крај на светот дека ме сака без оглед на се. Сега последниов пат кога одев во ремедика на ивф ко на вересија. Негде прочитав за што и да е надевај се на најдобро очекувај најлошо. Поучена од предходните неуспешни ивф баш така размислував.што рекоа во првата епизода од емисијата на тлц за ивф, ивф нуди надеж но не и гаранција

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 206
   RE: Психолошки фактор
29.3.2015 12:04:39   
kapina
jas deneska sum mnogu tazna razocarana takvo ponizuvanje vo zivotot ne sum imala vo zivotot znaci jatrvata i deverot davale prestapulka i mene ne me kanija oti ne sum imala deca mm cela vecer placese od maka taa gospodzata da si ja kane sestra i jas samo kazav da ne gi vidam veke kaj mene da dojdat oni na niedna proslava nema da bidat kaneti na imenden na mm za niv vratata ke bide zatvorena
placev od maka cela vecer nekoj taka da me ponize mojata sestra tyakvo nesto jas prva ke bidam povikana


< Поракaта ја уредил scared RR -- 29.3.2015 18:34:43 >

(Одговор на членот nadez vera ljubov)
Непосредна врска до пораките: 207
   RE: Психолошки фактор
29.3.2015 23:56:58   
bambina34

ИЗВОРНА ПОРАКА: kapina

jas deneska sum mnogu tazna razocarana takvo ponizuvanje vo zivotot ne sum imala vo zivotot znaci jatrvata i deverot davale prestapulka i mene ne me kanija oti ne sum imala deca mm cela vecer placese od maka taa gospodzata da si ja kane sestra i jas samo kazav da ne gi vidam veke kaj mene da dojdat oni na niedna proslava nema da bidat kaneti na imenden na mm za niv vratata ke bide zatvorena
placev od maka cela vecer nekoj taka da me ponize mojata sestra tyakvo nesto jas prva ke bidam povikana


Ne se neriraj Kapince , toa ti e prosta masa ..Ja imam drugarka se porodi , ne me vikase ni na mekici , ni na rodendeni na kerka i zasto jas sum nemala deca pa da ne mi bilo neprijatno.. A epten bliska drugarka , ja ranev i ja poev kaj mene (so decko i ), segasen maz so godini.. Ja takvite odma gi brisam od spisok na distanca .. Tebe moze da zamislam kako ti e , familija e ..Glavata gore i podaleku od niv

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 208
   RE: Психолошки фактор
20.4.2015 9:38:15   
LoveableMe RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: Kvisko

.......Секогаш вака ми с еслучува со фоликулите растат ОК и потоа не пукаат. Не знам веќе што баксуз ќе бев. Како и да е вчера убаво си се исплакав и сега сум ебз некоја надеж. Можеби не ни е пишано да имаме биолошки наше дете.


ИЗВОРНА ПОРАКА: bubla

Auuu kvisko, kako taka?! Ke se raduvas brzo. Ete nekogas rabotite ne odat po planot koj nie sme ai go zacrtale, ama upornosta na kraj ke se isplati.
Znam kako ti e, ama mnogu uspeale, ke uspees i ti :)
I mene maka mi e sto ete bas jas vaka da se macam, ama ete goapod ne stava pred iskusenie.
Site od prva do posledna tuka ke uspeeme. Ako ne probuvame, kako ke uspeeme?!



ИЗВОРНА ПОРАКА: Kvisko

Дај Боже да си во право. Некако веќе ми е смачено од се. Смачено ми е всушност да се чувстувавам комплетно беспомошно. За се во животот сум научена да се мачам и да се трудам мнооогу за да стигнам до нешто што сум го зацртала, ама барем знам дека ако се потрудам ќе има резултати и напредок.
Тука се чувствувам комплетно беспомошно. Што и да правам како да нема никакво влијание. Тоа ме разочарува. Беспомошноста. До сега амибициозноста и решеноста да нпаравам нешто вродувале со супер исход во борбава за бебе се обратно испаѓа.
Некогаш дури и ми е срам што и докториве ги мачам заедно со мене. Знам дека се за тоа платени ама досега веќе трет пат доктор доаѓа само заради мене на работа во Сабота уверен/а дека ќе ја фати овулацијата и гледа дека пак не се случило тоа што се очекува да се случи со моите фоликули. Два пати ми се случи ова на ГАК и сега во Ремедика. Испаѓа дека сум некоја медицинска „наказа“ на која никој не може да и го најде чарето. Се исгледа добро до одреден момент и потоа работите се повампируваат. Не знам веќе што да кажам да направам нешто секако не можам.


ИЗВОРНА ПОРАКА: bubla

Kvisko i mene mi e smaceno da odam po lekari veke. Iskreno mi e maka.
Tvojot post kako jas da sum go pisala. Nisto na tacna ne sum dobila, ama pa so trud uapevalo.
a sega kako vo mesto da tapkam. Ama ne se otkazuvam! Ne treba ni ti. Ima podemi, poveke padovi, ama ke uspeeme. Jas sum ubedena. Medicinata e otodena mnogu napred i toa e nasata svetla tocka. Mora da veruvame deka site aduti se na nasa strana!
Nema otkazuvanje dodeka ne uspeeme.




ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful RR
....Kvisko, комплетно те разбирам, и сосема е нормално што така се чувствуваш. Гледам каков тип на човек си, и се препознавам многу. И јас сум од оние што цел живот, за се, ама буквално за се, мора да се потепаат од труд, работа и што се не, за да го добијат она што го сакаат. Никогаш ништо на тацна, туку напротив, со многу работа, ама додека не ти излезе низ нос. Стерилитетот е исто, и верувај ми, продолжува и после забременувањето. Едноставно, такви ми се работите во животот и тоа одамна си го прифатив.

Мислам дека најдобро што можеш да направиш за да си помогнеш е да се помириш со фактот дека не сите работи зависат од тебе и дека има некои нешта на кои колку и да се трудиш, колку и да сакаш, не можеш да им влијаеш. Знам дека ова ти личи на откажувања, но не е - се работи за препуштање контрола и имање верба дека нештата ќе се средат, а единствениот твој удел ќе биде оптимизмот. Не е лесно, но се работи за leap of faith, кој за мене е симболички, не реално религиозен, се надевам дека сум јасна. Пиши ми пп, тука сум за тебе.


Квиско, буквално истиот муабет го правев со пријателки скоро, абе како реченициве од уста да ми ги зема, ама тоа е, бори се влечкај се по ординации доктори, упорна упорна абре поупорна здравје, ама тука немаме контрола над овој процес, а мислите без разлика кои сме, каква религија имаме, националност, држава во која живеееме, професија, буквално истите мисли ги имаат девојките кои се борат со неплодност насекаде низ светот. Не знам кој е патот, можеби психичко опуштање, посебни техники насоки со стручна помош ќе помогнат, јас исто размислувам да најдам начин да ја одморам главата и мислам тоа бајаги ќе ми повлијае на психата, па може ќе бидне оп user posted image Не знам визуелизација дали помага, дали има начин некако со силна мисла да се победи неплодноста, нормално ако нема други пречки кои треба да се решат медицински......кога ова го зборам, стално ми е Шарлот од Сексот и градот во мисла, кога одеше на акупунктура...user posted image



< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 20.4.2015 13:04:36 >


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот bambina34)
Непосредна врска до пораките: 209
   RE: Психолошки фактор
20.4.2015 10:42:14   
Kvisko
Знам дека сите поминуваме низ истото затоа и пишав тка. Знаев дека ќе има кој да ме разбере и врати на „вистинскиот“ пат. Опуштањето и слично само ќе помогне полесно да се преброди процесот не сум баш сигурна дека така магично може да ги реши нештата. Ако е до стресот тогапш мојата старосватица ич не требаше да остане бремена. После три месеци прбоување маж и отиде да прави спермограм и само за тоа зборуваа па си остана трудна без проблем истиот месец и со второто без проблем, а двајцата се по малку хипохондрични. Друга што на крај заврши со посвојување беше максимално опуштена секогаш позитивна па ете на крај си посвоија детенце (после 4 ИВФ реши дека е доста).
Опуштањето е само за нас да ни помогне полесно да го пребродиме процесот ништо повеќе.
Знам дека е тешко и дека мора само напред да се гледа. Битките се тешки ама резултатот е вреден на крај. Затоа и се борам и не се откажувам. Мене маж ми ми е гласот на разумот кој ме враќа на вистинската перспектива.
Во напорот да се опуштам три години веќе вежбам јога и ми помага малку ама не нешто значајно. Читам Sensa и применувам дел од техниките се трудам да применам тоа што сум го учела на факултет ама секогаш е полесно на друг да се помогне отколку на себе. Особено што тие техники помагаат кога имаш конкретен проблме па да го решиш тука каде што буквално немаш контрола над ништо не може да ти помогне техника за решавање проблеми (повеќето техники се за тоа). Може само некои вежби за опуштање, дишење и медитација да помогнат во релксација.

< Поракaта ја уредил Kvisko -- 20.4.2015 10:45:30 >

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 210
   RE: Психолошки фактор
20.4.2015 11:34:38   
Hopeful RR
Ова со опуштањето и стресот е мит, и да, помага веројатно колку да не полуди човек, а не дека реално нешто влијае. Јас воопшто не бев лабава за време на ивф-то, туку напротив, се нервирав, се секирав, што се не. Само тој моментот за кој пишав во другата тема, дека препуштив контрола пошто сфатив дека не е тоа во мои раце, а инаку стресот остана. Дури и после ЕТ, колку и да се трудев да бидам лабава, пак имав моменти на нервоза, ама тоа е. И сега сум таква... Карактер е тоа, не може да се правиме нешто што не сме...

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 211
   RE: Психолошки фактор
24.4.2015 10:51:42   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: nataly86
........Инаку како што читам многу од нас сакаат да имаат контрола над се...ете нешто не поврзува user posted image


натали, викаш тоа е маката, а? Ај да бараме иљач за формулата препушти се и пушти времето да реши што понатаму. Точно јас еве признавам дека се трудам да ги држам работите од контрола и можеби тоа е психолошката бариера кога правам ИВФ или природно кога се обидуваме, треба да пуштиме се од раце и да пробаме психата да работи на други работи и сл. Што викате?user posted image


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот vazna)
Непосредна врска до пораките: 212
   RE: Психолошки фактор
24.4.2015 15:36:58   
bibi ribi
Има нешто во тоа дефинитивно
Не за џабе е поговорката: "Незнаењето е благослов" user posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 213
   RE: Психолошки фактор
24.4.2015 15:44:06   
nataly86
Карктерно човек тешко се менува...но добро би било малку полабаво за се...јас не сум таков тип еве пример и сега со две деца јас сакам сите конци да ги држам мислам дека до некаде успевам....често наидувам на коментари како успеваш..искено не знам...

Од досегашното искуство заклучив дека колку помалку знаеш толку подобро( барем во нашата држава) па за здравјето уште повеќе...но тоа е јас сум таква признавам...бев и останав се да имам под контрола...

Ако успеал некој да се излечи нека кажи user posted image

(Одговор на членот bibi ribi)
Непосредна врска до пораките: 214
   RE: Психолошки фактор
24.4.2015 17:09:30   
scared RR
Мислам дека сите што се бориме со овој проблем сакаме да имаме контрола над нештата. Значи толку сакам да сум упатена во се, да нема ниедна грешка ни од моја страна ни од страна на докторот што опсесија ми стана веќе. Комотно можам да специјализирам на гинекологија од саатите поминати читајќи литература за стерилитет. Минатиот пат докторот ме искара дека му се мешам во работата user posted image

(Одговор на членот nataly86)
Непосредна врска до пораките: 215
   RE: Психолошки фактор
1.5.2015 21:33:17   
kapina
Jas denes tolku se iznervirav znaci od mojot endokrinolog sto dotuka mi dojde preku glava jas trebalo da svatam oti ne sekoja zena moralo da bide majka e toa vazelo za nas sto se boreme so sterilitet i taka planirav da ja smenam no ova ja preli casata veke stana nepodnosliva
Pa zeno bozja ti svakas li jas ostanuvam bremena bez razlika na toa sto bremenostite zavrsuvaat vo mnogu ran stadium za mene tie bea moi deca koj kako saka neka me svate pa i ti si zena treba da razberes oti jas mozam i prirodno da ostanam bremena stom veke ostanuvam so ivf i togas mozda ke bide uste poloso neznam moram da ispitam se puknat mi e filmot veke vo pon ke odam kaj nea i neznam nemam veke nervite se potrosija za tie 10 god nisto nemozam da trpam

< Поракaта ја уредил scared RR -- 1.5.2015 23:44:09 >

(Одговор на членот scared RR)
Непосредна врска до пораките: 216
   RE: Психолошки фактор
2.5.2015 21:34:00   
Hopeful RR
!!!!!!
Не ми се верува дека ова ти го рекла!!! Под итно да ја смениш, ич да не и влезеш во ординација, а можеш и да ја пријавиш за несовесно работење. Сеедно кој каква историја и искуство има, дури и ниеднаш да не забременила некоја, нема право така да каже, нечовечно и несовесно. Ич да не се секираш капина, таква докторка не ти треба. Не вреди ни да се караш, зашто на крај ти ќе си отидеш дома со нервоза и стрес, а нејзе и е гајле, очигледно. Бегај од такви user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 217
   RE: Психолошки фактор
2.5.2015 21:48:36   
kapina
Abe nervozi se napolniv kakvi navredi se imam istrpeno od nea sto drugite lekari mi vikaat zosto ne ja smenes mnogu e drska stanata dodeka i nosev pokloni cokoladi skapi kafinja od nea podobra nemase a sega koga gi poslusav koleskite da ne nosam na nikoj nisto stana bezobrazna neznam kako moze ova da go kaze mm vika ona li e taa sto ke mi rece koga jas da kazam dosta e ovde za ova ne odlucuva samo mojata zena tuku i jas jas kriev mnogu raboti od mm za nea no veke ne od sega natamu ovde vo strumica ke mi ja sledat tiroidata a zatoa ke ja kazam na pemovska
Zamislete gospogata oti e doktorka se drzna vo oci da mi kaze oti jas sum nikoj i nisto za nea placejki togas si otidov za strumica od nea se sto ke imam problem i ke i kazam ona me kleveti na sestra mi na majka mi i mm i kaza oti za ova ke ja prijave mojta sestra imase visok testosteron i insulin i ona ja slede i se i kazuva za mene a jas kako sekoj pacient saka da ima svoja privatnost koga ode na lekar



< Поракaта ја уредил scared RR -- 2.5.2015 22:19:41 >

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 218
   RE: Психолошки фактор
6.5.2015 14:19:59   
alex.1
Imam edno dete,ima 8 godini.Dodeka go dobijam nego 3 godini se maltretirav po doktori.Maticniot samo mi vikase opusti se se e vo red,ke imate dete.Tri godini se taka i eden den mi veli in vitro, ane mi dali ni stimulacija,ni inseminacija i mene mi pukna film i otidov kaj Petanovski vo Re medika i so prva stimulacija za da go regulira ciklusot ostanav bremena.Posle porogaot imav stres i go izgubiv ciklusot,samo so apcinja dobivam.Poslednive nekolku godini pravam od vreme na vreme stimulacii pak kaj maticniot i bez uspeh.Poslednive dve godini imavme cetiri smrtni slucaevi,trosoci za pogrebi sto da vi kazam.Se iscediv finansiski maksimalno.No imam golem pritisok od sin mi,saka bratce.Site negovi drugarcinja imale bratce ili sestrice i on sakal.Ama i jas sakam uste edno detence,ne samo deka saka sin mi.No tesko ni odi,mnogu tesko.Jas sum edinka i ne sakam i sin mi da bide sam,da bide edinec bidejki e mnogu tesko.Vcera bev vo Re medika kaj Petanovski da se konsultiram za sto ponatamu i mi dade da ispitam hormoni i ovarijalna rezerva.Mnogu mi e strav da go napravam testot za ovarijalna rezerva.Me faka panika ako ne mozam da stanam povtorno majka.Neznam sto ke bide dali ke predlozi in vitro ili drug nacin ili najlosa varijanta da mi kaze da ne se obiduvam deka nema resenie.Optovarena sum mnogu so problemov.Istotaka neznam dali da go smenam maticniot,bidejki mislam deka pogresno me tretira so stimulaciite i toa bez nikakvi ispituvanja.Samo pij si hormoni,i taka nataka....ke bide,samo toa go kazuva.

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 219
   RE: Психолошки фактор
7.5.2015 12:23:06   
Kvisko
Alex.1 не знам што да ти кажам освен дека од испитувањата не треба да се плашиш. Барем со нив ќе знаеш на што си и како да продолжиш понатаму.

(Одговор на членот alex.1)
Непосредна врска до пораките: 220
   RE: Психолошки фактор
7.5.2015 21:55:33   
wanna be mum
ИЗВОРНА ПОРАКА: alex.1

Imam edno dete,ima 8 godini.Dodeka go dobijam nego 3 godini se maltretirav po doktori.Maticniot samo mi vikase opusti se se e vo red,ke imate dete.Tri godini se taka i eden den mi veli in vitro, ane mi dali ni stimulacija,ni inseminacija i mene mi pukna film i otidov kaj Petanovski vo Re medika i so prva stimulacija za da go regulira ciklusot ostanav bremena.Posle porogaot imav stres i go izgubiv ciklusot,samo so apcinja dobivam.Poslednive nekolku godini pravam od vreme na vreme stimulacii pak kaj maticniot i bez uspeh.Poslednive dve godini imavme cetiri smrtni slucaevi,trosoci za pogrebi sto da vi kazam.Se iscediv finansiski maksimalno.No imam golem pritisok od sin mi,saka bratce.Site negovi drugarcinja imale bratce ili sestrice i on sakal.Ama i jas sakam uste edno detence,ne samo deka saka sin mi.No tesko ni odi,mnogu tesko.Jas sum edinka i ne sakam i sin mi da bide sam,da bide edinec bidejki e mnogu tesko.Vcera bev vo Re medika kaj Petanovski da se konsultiram za sto ponatamu i mi dade da ispitam hormoni i ovarijalna rezerva.Mnogu mi e strav da go napravam testot za ovarijalna rezerva.Me faka panika ako ne mozam da stanam povtorno majka.Neznam sto ke bide dali ke predlozi in vitro ili drug nacin ili najlosa varijanta da mi kaze da ne se obiduvam deka nema resenie.Optovarena sum mnogu so problemov.Istotaka neznam dali da go smenam maticniot,bidejki mislam deka pogresno me tretira so stimulaciite i toa bez nikakvi ispituvanja.Samo pij si hormoni,i taka nataka....ke bide,samo toa go kazuva.

Алекс ти веќе сама си свесна за многу работи, на пример за матичниот, менувај ако тоа ти вели инстинктот и искуството, и убаво си сторила пак што отиде кај Петановски, е сега кога веќе отиде јас мислам да си го послушаш и да правиш што ќе ти каже. Пред два месеци се сретнав во болница со мајка кога за атер на синчето отиде на 2ро дете со ИВФ и си беше трудна истото ти го посакувам, само храбро.
Сите ние во еден момент се плашиме, тоа е нормалнош луѓе сме. Тоа што заради стресот ги изгуби овулациите незначи дека резервите на јајниците не се ок.
Само напред, крени глава после толку лоши работи мислам ќе има синко твој и братче и сестриче user posted image user posted image

< Поракaта ја уредил wanna be mum -- 7.5.2015 21:56:20 >

(Одговор на членот alex.1)
Непосредна врска до пораките: 221
   RE: Психолошки фактор
11.5.2015 14:29:59   
alex.1
Vi blagodaram na sovetite i podrskata.Jas bev da ispitam hormoni i ovarijalna rezerva i sega cekam rezultati.Resiv maticniot doktor da go koristam samo za papirologija a se drugo da prepustan na Dr.Petanovski.Ke Ve izvestam za rezultatite...Pozdrav

(Одговор на членот wanna be mum)
Непосредна врска до пораките: 222
   RE: Психолошки фактор
11.5.2015 21:02:25   
scared RR
Пишуваш во сосема погрешна тема, не е лошо да разгледаш низ темите за каде ти е прашањето нели? Постовите ќе ти ги префрмал во соодветната тема. ТУКА

(Одговор на членот alex.1)
Непосредна врска до пораките: 223
   RE: Психолошки фактор
12.5.2015 11:58:57   
wanna be mum

ИЗВОРНА ПОРАКА: alex.1

Vi blagodaram na sovetite i podrskata.Jas bev da ispitam hormoni i ovarijalna rezerva i sega cekam rezultati.Resiv maticniot doktor da go koristam samo za papirologija a se drugo da prepustan na Dr.Petanovski.Ke Ve izvestam za rezultatite...Pozdrav

Паметна одлука, ете го скрши мразот user posted image Сега среќно кон user posted image

(Одговор на членот alex.1)
Непосредна врска до пораките: 224
   RE: Психолошки фактор
3.6.2015 22:14:54   
kapina
Dali i na vas nekogas vi se slucuva da ve fati kriza da vi se place zaradi borba so sterilitetot na mene denes toa mi se sluci placev kako nekoj tolku lesno dobivaat deca a jas moram da se spravuvam so trista cuda doktori lekovi bolnici sekoj mesec kontroli kazi reci ispituvanja kavgi so sefovi zaradi otsistvo od rabota

(Одговор на членот wanna be mum)
Непосредна врска до пораките: 225
Страница:   <<   < Претходна страница  7 8 [9] 10 11   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  7 8 [9] 10 11   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?