Hopeful RR -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела [chat] (6.3.2015 13:01:59)
|
Како сте, мешковци? Јас само што се вратив од контрола. Со бебињата се е ок, растат и напредуваат како што треба, по околу 1.2кг се и двајцата, со разлика од десетина грама [sm=smiley36.gif] Цервиксот не е скратен, фала богу, а за крвта ќе продолжам со Tot-Hema, повеќе протеини и помалку сол и млечни производи. Ми рече да мирувам ептен, и да одам на работа до 32 недела, но ќе видам како ќе го договорам тоа со надредените, може ќе се избоксувам за скратено работно време, сепак сакам понатаму да останам повеќе по дома, не сега. Потребата од инекција за зреење на белите дробови ќе ја видиме на следниот преглед за месец дена, се надевам дека нема да биде неопходна и дека ќе си терам нормално. Рече ако издржам до 36 недела ќе биде топ, па ќе видиме. Малце ме фаќа страв од предвремено породување, но се надевам дека на бебињата им е убаво внатре и дека нема да им се искача порано [sm=smiley1.gif] Од терапија, продолжувам стандардно, со тоа што Прогестеронот ми е на две недели. Заборавив да прашам за калциум, па тоа ќе го зборам со матичната. Ми рече ехокардиографија да направам кај Драшко, не кај Адела Поп Стефанија, бидејќи само тој знаел да гледа, па ќе видам тоа накнадно. И ме утеши дека не сум предебела за оваа недела близнаци, и ми олесна, пошто мислев дека сум кит [sm=smiley36.gif]
|
|
|
|