Bethany -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела [chat] (18.3.2015 18:31:07)
|
Девојки, еве ме и мене во трето тромесечје, фала на Бог стигнав и до тука :) Денес бев на редовна контрола. Штом ме виде докторка веднаш изреагира дека бебето е многу ниско, за цела глава пониско од што е граница, така ми кажаа. Се подисплашив посебно дека ми претстои еден малку поактивен период. Го прегледа бебето, се излезе добро освен што е многу ниско и нејзиниот коментар дека е посвиткано бебето пак не ми се допадна. Ја прашав има ли место, да не се мачи, таа ми одговара неее, се му е добро, постелката, плодова вода итн [sm=zmeden.gif] Тежина: 1013 грама. Бидејќи е многу ниско веднаш ме прегледа и со вагинално ехо за да го види цервиксот, кој фала на Бог добар беше, и подобар од очекуваното, па по неа нема место за грижи. Сто пати ја прашав дали тоа е лошо за бебето, тоа ниско носење, таа сто пати ми одговори дека цервиксот е добар и може само на мене да ми пречи. Јас и пред прегледот и се пожалив на болки во препоните, срамната кост, грбот, јајниците, дека не можам долго да одам и после прегледот сфатив дека е се тоа поради тоа што е ниско. Работата ми е ни многу седење, ни многу шетање, ниту кревање тешко бидејќи ќе се спушти уште подолу. Крвна слика ја бев проверила, хемоглобинот малку намален, ама серумско железо одлично, така да се уште не ми дава да внесувам додатно железо. Магнезиум 2×250 мг и фолна. И по една чаша увин чај дневно или брусница, бидејќи поради притисокот на бешиката, не ја празнам целосно при мокрење, што ми се и одрази на урина која покажа маса леукоцити, ама потоа правев уринокултура која беше уредна. За појасот ми спомна ама не ми го препорачува, вика што ќе ти е тоа, пред 20 години тоа се практикуваше [sm=zmeden.gif] Женски имате ли нешто искуство со ова ниско носење? Друго, за должината на грлото ќе пишам во соодветна тема, па ако знаете нешто повеќе да споделите и околу тоа прашање [sm=smiley1.gif] Во врска со стравот од предвремено породување да кажам дека е нормално ( мислам секоја трудница се бори со таквите мисли, ама близаначка или обична бременост подеднакво можат односно не мора да носат ризици од истото). Ете Хоупфул ти може да се бринеш бидејќи ти е близаначка, јас бидејќи го носам многу ниско, ама тоа не мора да значи дека тоа ќе се случи. Не мора и нема! [sm=smiley1.gif] Пред некој ден кога бебето толку беше ниско да ме спречуваше да одам, имав чувство дека ќе излезе. Се исплашив, легнав на грб со перница под половината и ми беше подобро. Како да се качи малку погоре. А сега кога ја прашав докторка дали има можност да се качи, ми кажаа дека не видела од тако ниско да се качи погоре. Едноставно обично втора бременост се носи пониско (мада моето е пониско од нормално) и дека е тоа до лигаментите коишто веќе се подопуштени. Мене ми е само да е бебето добро и на него да не му пречи, а јас ќе издржам нели. Е да, го видов убаво лицето на моето девојче, ама не што е мое, ама мноооогу е слатко. Такви некои убави усни има и носето, дури и докторка прокоментира дека навистина слатко бебе. Убавица. Не знам на кого о се цртите, има такви полни усни и носето мало прќаво (ако знаете збор на што мислам :)))) позз девојки [sm=nosecka.gif]
|
|
|
|