Hopeful RR -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела [chat] (1.4.2015 12:46:45)
|
Како сте, мешковци? Теа 88, добре ни дојде во третиот триместар, сега се е подруго [sm=smiley1.gif] Јас еве се пријавувам со полни 32 недели денес. Од една страна супер, од друга ме фаќа паника да не им текне предвреме да дојдат, ама се надевам дека не. Ноќеска имав притисок на матката, па после и сонував некој лош сон, па уште сум под импресии... Инаку завчера бев на Трансфузиологија, од тоа што гледам д димерите се малце покачени, но во нормални граници за бременост, со тоа што докторката не била таму за да ја консултира мм за резултатите. Секако во понеделник сум на контрола во Систина, па ќе видиме таму што како. Крвната слика ми е ок, подобрена од минатиот пат, а синковци си мрткаат но поприбрано и нежно [sm=smiley36.gif] Отоците на нозете ми се машала големи, но добро е што немам висок притисок, а последната у-ра ми беше во ред, така што не е прееклампсија. Ајде пишете и другите, пријавете се! [sm=smiley31.gif]
|
|
|
|