RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела [chat] (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Бременост и породување



Порака


jasmina 25 -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела [chat] (3.4.2015 17:17:33)

mihaela so lesno da si pomines pa pisi koga ke se vratis sto ti rekle...poz[sm=zz_smile.png]




Mihaela 2010 -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела [chat] (3.4.2015 17:52:25)

Eve me..nema mekici[sm=smiley36.gif]
Praev ctg ne bese strasno si pokaza kontrakcii vo eden moment i tolku.
Na eho plodova voda e ok, samo se mi vika sitno bebeto mi bilo.
2600 a pred tri nedeli koga bev isto bese 2600 e vikam nema sansi ni gram da be stavilo za tri nedeli i bas se zagriziv..ama nesto ja zezase toa aparatot pa se tesam deka nesto bese utnato..i ova so nedelive vise stvarno neznam koja sum i ne racunam vise.37+2 od posledna menstuacija taka da sega si vikam neka poceka bebe uste malku ako e sitno
U sreda pak sum na ctg




maleckoo -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела [chat] (6.4.2015 1:00:54)

Zdravo mamicki, eve i ja da napravam update i tuka :) Denes vlagam vo 39 nedela i sekoj moment ocekuvam bebusko da si go gusnam :) Denes osekam kako jajnicite da mi se ponapnati i odvreme na vreme bolki vo kicma, ali vaka stomakot ko sto si go gledam bebusko e uste gore i nejke da se spusti :)

Mihaela ne se sekiraj za kilazata istoto i mene mi se sluci me merese maticniot vo 34 nedela, pa pak vo 36 nedela i koga otidov kaj ginekologot sto treba da me poroduva pak mi kaza deka bebush ima 2800. I jas ko tebe se zagriziv vikam nesto ne e vo red ne mi napreduva, dali se hrani i cela bev prasalnici. Pa si otidov pak kaj maticniot na eho posle nekolku dena i mi vika epa sega e 3400. E kako taka za 3-4 dena taka naprednal:))) Ne im veruvaj mnogu na toa kilazite.isto koga me gledaa 34 nedela mi vikaat ovoj bebush napreden mnogu ti ke se porodis pobrzo od terminot i ja odma paniki ne sum spremna nisto, pa ajde po pokupki...Eve sega sum 39 nedela i uste aber nemam[sm=jezicek.gif]. Najbitno e bebush da mrdka i da bide dobar, pa ne e bitno ni koja kilaza...I da se rodi pomalo ke si napreduva ono :)
Pozdravce ringerajki od mene i so lesno na mamickite sto se pri kraj na bremenosta[sm=smiley1.gif]




jasmina 25 -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела [chat] (6.4.2015 13:00:37)

ajde i jas da pisam nesto...za nekolku dena vleguvam vo 36 nedela a od vcera ko da me fakaat bolki najverojatno lazni se do sega ne sum gi osetila kako i da e tuka sum i jas pri kraj...bebeto go osekam premnogu nisko jajnici bolat i polovinata i krstot na momenti nepodnoslivo bolki kako za dobivanje i vcera kako da me presece nesto odozgora preku stomakot posle cela den odozdola kako da me pecka i sece nesto,deneska osekam samo nekoj pritisok odozdola i stomakot mi e malku spusten...me faka malku panika uste ne sum se spremala ni za bebus ni torbata si velam barem do veligden da stoi....utre ke odam da mi zemam brisovi ke vidime sto ke kaze doktorot na 15 imam zakazano kaj doktorot sto ke me poraga pa ke vidime...ne mi se veruva kolku brzo vrvi vremeto celo vreme se plasev pred vreme da ne go rodam no ete izdrza do kraj....so lesno na site sto ste pri kraj...




Hopeful RR -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела [chat] (6.4.2015 14:57:04)

Девојки, еве ме и мене после преглед [sm=smiley1.gif]

Денес сум 32+5, бебињата се супер, едниот 1.9кг, другиот 2кг, што е супер за близнаци оваа недела. Поставени се незгодно, едниот карлично, другиот трансверзално, што значи дефинитивно царски, за што и бев спремна од сам старт, така што тоа ок. Превентивно ми препиша три дози Флостерон за зреење, ќе ги примам во текот на следните три дена, секој ден во исто време. Грлото е 41мм, што е ок.

Ми рече дека близнаци обично ги раѓаат во 36та, и дека ако издржам до крај на април сум супер, макар што јас сум построга и се надевам на мај, па ќе видиме. Од терапија, продолжувам со Фемибион, Магнезиум, Флорадикс и Фероглобин (сега пијам Тот Хема, да ја завршам па ќе ги земам и овие), а Прогестеронот ќе ми го прекине, односно наредната инекција ќе ми биде последна.

Сето ова ми дојде некако брзо и нагло, малце сум возбудена и уплашена, па се надевам се ќе излезе ок [sm=smiley1.gif]




blue_blue -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела [chat] (7.4.2015 8:45:48)

Ама значи и докториве ко баба Ванѓа бе...знаел тој дали ќе се породиш во 36-та или не....Значи сите статистики за бремености без проблеми викаат дека во просек близнаци се носат 2 недели помалку од бременост со едно дете, значи ништо спектакуларно...како што немаш во овој момент никакви ндикации за предвремено породување не знам од кај им се на лекариве сите овие идеи, само бре да те ставаат у мисла....ич да не им се секираш...и со едно дете да си бе па може предвреме да се породиш, што има тоа врска дека две па ќе си се породела порано...да идеш на сите да им се изнасмееш кога ќе ги родиш доносени, после 37-ма....во мое покрушување сите близнаци се родија доносени...моите се родени во 38+5 на закажан царски, на другарка ми во 36-та, на другата во 37-ма...еве нека пише и AneLav и нејзините колку што знам не се родени прерано, на denim ако не се лажам близнаците се рдоија во 40-та недела....значи, не се замарај со лекари и нивни прогнози....ќе ги родиш после 37 и ајт чао...знаеле они бе! на гравчиња да не виде докторот дека баш у 36-та ќе излезат...стварно ме нервираат зошто се без осет и не размислуваат како и е на трудницата која и онака има доволно грижи....наместо да те смират и утешат тие само паметни се прават....ама ќе видиш дека везе немале нивните прогнози...




nataly86 -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела [chat] (7.4.2015 9:10:57)

Hopeful не се замарај индикации за породување немаш[sm=smiley36.gif] уживај си во бременоста релаксирај се наспиј се зашто после ке ти фали тоа.[sm=smiley36.gif]..супер сте за неделите колку за споредба јас се породив 32+4 и се родија 1210г 1370г па сега ти види [sm=smiley36.gif]

Со лесно [sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif]




Hopeful RR -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела [chat] (7.4.2015 11:02:58)

Фала ви, девојки [sm=smiley1.gif] Не рече он дека ќе се породам во 36, него дека ако издржам до тогаш ок е, и као, тешко да фати мај - и тоа е тоа што ме нафура. Може така само ми вика за да ми даде кратки рокови и цели, па демек да се радувам на секоја недела, ама јас не сум мало дете, знам дека тоа си има и контраефекти. Јас сепак останувам оптимист за мајски бебиња и не се давам така лесно! Не сакам веќе да живеам во страв и а се паничам на секој докторски збор. На минатиот преглед ми рече да престанам со работа на 32 недели, ама јас се уште одам и ете, не е фрка (да не се урочам [sm=smiley36.gif]). Ќе видам, мислам дека самото тело ќе ми каже што му треба [sm=smiley1.gif]




Melanija RR -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела [chat] (7.4.2015 12:03:20)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful RR

Ќе видам, мислам дека самото тело ќе ми каже што му треба [sm=smiley1.gif]


Токму така [sm=smiley1.gif][sm=bravo.gif] уживај си што добро се чуствуваш,со затворено грло се тера и тера




gina -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела [chat] (7.4.2015 23:41:25)

Hopeful bravo za tvoite bebuski[sm=bravo.gif] masala uste malku ce se vidite bidi si opustena i jas mislam deka do maj ce teras jas sum majsko dete i ovaj mesec mi e najubav [sm=smiley36.gif]
za sto se flosteron za sto gi davat[sm=zmeden.gif]
odvaj cekam da vi se pridruzam vo ovaa tromesecie jas sum 25 +5




Hopeful RR -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела [chat] (8.4.2015 0:22:18)

Фала gina, ајде наскоро и ти тука [sm=smiley1.gif] Флостерон се инекции за зреење на плодовите, мислам конкретно за белите дробови, и се стероиди. Се даваат превентивно при можно порано породување, кај мене дека близнаци, па само една доза бидејќи се е во ред. Ми кажаа дека може да ме мавне тахикардија и возбуда после инекцијата, но денес ок поминав, ништо не осетив. Може дека ми се спиеше па ми дојде како кафе, ме разбуди без да приметам [sm=smiley36.gif]
Инаку, заборавив да пишам - бебињата имаат коса! И малце ми е чудно тоа, сега си ги замислувам онакви цели влакнести и шубе ми е. Се надевам дека ќе бидат мили и симпатични [sm=smiley1.gif]




gina -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела [chat] (8.4.2015 19:12:11)

ovi inekcii gi davat na site vo koja nedela i dali sam treba da si gi pobaras
Hopeful ne se grizi skoro site bebinja se vlaknesti bas vcera snami mi kazuvase za toa na vnukami vegjite i bile spoeni i cela vlaknesta koga i e dale ama vlaknencata i popadnale a mnogu kosa nemase nekoi se ragaat so mnogu kosa nekoi pa se celavi
ajde sega ne se misli na toa site bebinja se ubavi[sm=smiley31.gif]




Hopeful RR -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела [chat] (9.4.2015 10:53:54)

gina, кај ми спомна споени веѓи, сега и тоа ќе го мислам [sm=smiley36.gif] Ма само нека се здрави и живи, а за влакнетост има решение [sm=smiley36.gif]

Инаку, инекциите ги даваат ако проценат дека има можност за предвремено породување, не на сите. Исто и за неделата - на tea88 и ги дадоа порано, мене сега во 33 недела, мислам дека е скроз индивидуално, ама ни дадоа и на двете дека близнаци. Ти прашај си ако ти е шубе, ама не се замарај, ако има потреба ќе ти кажат [sm=smiley31.gif]




Milicka 30 -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела [chat] (9.4.2015 11:55:41)

Hopeful мила дали со коса или не,најбитно да се живи и здрави и верувај ќе бидат најубавите бебиња што си ги видела [sm=smiley36.gif]
Gina флостеронот обично се дава кај близначка бременост или каде што има опасност за предвремено породување. Јас ќе примам во 31 недела, зошто имам претходна миомектомија правено иако е пред 6 години докторот смета дека треба да примам, кај тебе може нема потреба.




tea 88 -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела [chat] (9.4.2015 12:36:01)

Denes polni 29 ned [sm=smiley1.gif] i za edna ned sum povtorno na kontrola. Jas primiv flosteron edna doza 28 ned i mislam deka ke primam uste edna doza nareden pat ili 32 ned.
Da ve prasam za urinata nesto. Urinokulturata e vo red a vo mokracata mi najdoa bakterii i leukociti, dali e mozno da imam nekoja bakterija ama da ne se otkrie na urinokulturata? Ili da pijam uvin caj ?




jasmina 25 -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела [chat] (9.4.2015 13:41:34)

tea cudno sto ne pokazalo nisto na urinokulturata stom na mokrakata imalo bakterii...konsultiraj se so doktorot i mozebi e podobro da ja povtoris urinokulturata...mislam podobro e e pies caj od brusnica i jadi suva brusnica mene toa mnogu mi pomaga...doktorot kaj sto odam osven brusnica drug caj ne preporacuva vo bremenost...poz i bas mi e milo sto za kratko vreme ke si gi vidis bebusite,koga ke vlezis vo 30 nedela mnogu brzo ke ti pomini vremeto.barem mene mi e taka ne setiv koga pominaa nedelite za 2 dena vleguvam vo 9 mesec...poz




Malecka23 -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела [chat] (9.4.2015 19:50:33)

Mili moi samo da ve pozdravam.Vo ponedelnikot se porodiv so c.r na 6ti se rodi moeto malecko Marko.Denes dojdovme domce i se guskame .So lesno na site.Se citkame vo rubrika bebe[sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif]




Melanija RR -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела [chat] (9.4.2015 21:21:51)

Честитките за Malecka23 се ТУКА [sm=bravo.gif]




Roberta r -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела [chat] (10.4.2015 22:10:44)

zdravo ringerajki eve stignavme i nie vo treto tromesecije nie sme 27+1 se nadevam ke se druzime.
denes pravev glukoza test i mi kazaa ne e dobar da odam da mi pravat drug.
Malecka23 cestitki[sm=bravo.gif]




profe -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела [chat] (10.4.2015 23:49:16)

Zdravo na site i jas stignav vo ova tromesecje, vekje sum 27+5. Tuku, vo posledno vreme mi se javuva nekoja bolka dolu, vo sramniot del. Ne e postojana ili jaka, kako muskul da mi e istegnat. Koga stanuvam od krevet ili legnuva cuvstvuvam bolka. Dali ima nekoj iskustvo? Se plasam ne otvoram, inaku se e vo red ostanato. A moze pak i organizmot mi se podgotvuva za poroduvanje iako e rano, seuste. Na pregled sum duri za dve nedeli, me machi sto e ova?!! Pozdrav




Hopeful RR -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела [chat] (11.4.2015 12:26:25)

Браво девојки, убаво е што се читаме во третиот триместар [sm=bravo.gif]

profe, болката што ја чувствуваш мислам дека е нормална - се работи за истегнување на лигаментите и проширување на карлицата и општо, зглобовите во колковите. Од хормоните, се се разлабавува за да се направи повеќе место, а и за да се спреми телото за породување. Внимавај на нагли движења од типот на ширење на колковите, затоа што може да настанат повреди, исчашување и слично. И јас ги имам, и знае да делува панично, но ок е. Само полека, со успорени движења [sm=smiley36.gif] Инаку, болка што би требало да те загрижи е накај менструална, скраја било, или контракции што не се БХ. Одмарај повеќе и се ќе биде ок [sm=smiley1.gif]




profe -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела [chat] (11.4.2015 15:20:37)

Fala Hopeful, да, такви болки , на станување и кога ќе ги раширам нозете да станам од лежење ме заболува. Менструални немам, фала богу, само ова последниве денови ми почна. Да, и колковите од надворешна страна, na спиење ставам перница меѓу нозете.
Инаку, почнав да гледам на фб и интернет бебешка опрема, скапо некако..:)а сакам во приватна болница да се породувам, каде го правев ифвто. Имам време, ама во дилема сум..:)




Hopeful RR -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела [chat] (11.4.2015 15:51:48)

Не да е скапо, него изгор [sm=smiley36.gif] Кога го видов списокот што се ми треба, кога собрав, одма почнав да кратам, колку и да ми е мерак [sm=smiley36.gif]

Јас планирам во Систина да се породувам, знам дека на РР има поделени мислења за тоа дали приватно или државно, но за мене државно не е опција, иако Систина е скапо. Решивме со сопругот да заштедиме на се друго, затоа што здравјето и безбедноста ни се на прво место, а тоа какво креветче, шпилхозни или купка за бањање имаат бебињата е помалку важно во моментот. Деновиве шетам по дуќани и барам кај има најевтини работи, споредувам и се трудам да бидам практична, зашто лесно е човек да забега, па после да се чудиме за пари. Само здравје, па се друго ќе се реши.

Мило ми е што болките се тие на кои мислев, како моите, и не се менструални. Како што читав, и отоците на нозете се поврзани со тоа - да се овозможи што поголема флексибилност на глуждовите за да ја поднесат тежината, да го неутрализираат притисокот или да послужат како бафер при евентуален пад. Тоа е, цело тело се прилагодува [sm=smiley1.gif]




tea 88 -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела [chat] (12.4.2015 21:49:38)

Devojki za mnogu godini praznicive. Hristos Voskresna !
Jas cela zima izdrzav i ne nastnivav i sega na krajot kakva nastinka me ima fateno to cudo edno. Nemam tt ama kaslam i mi e strav da ne im nastetam nesto na bebuskive so napregejnevo. Probav so supi, caevi , limoni se i sesto ama vcera pocnav podlaboko da kaslam i mi dadoa antibiotik amoksiklav. Se nadevam ke mi pomine ova ne se izdrzuva.




lukajana RR -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела [chat] (12.4.2015 22:16:43)

Теа 88 ке ти помине брзо антибиотикот ке те смири одма,мислам дека не може да им наштети кашлањето тие си пливкаат во меше не се секирај ама и за тебе е мачно со настинка да седиш.
Пролетта е таква сите сме настинати колку и да се пазиш промената на времето си го прави своето




Страница: <<   < Претходна страница  91 92 [93] 94 95   Следна страница >   >>