RE: Свински грип (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Семејно здравје



Порака


nadica -> RE: Свински грип (18.11.2009 11:27:29)

така е мамички само храбро нема нешто што ќе не победи со позитивна енергија и добра превентива со лесно ќе поминиме [sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




Еца -> RE: Свински грип (18.11.2009 11:27:42)

Анушке потврдено преку крв, брисеви...? И дали му дадоа тамифлу или некшто друго, дај напиши ни повеќе те молам (ако дозволи госпоѓица Миличка[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image])

[image]http://i303.photobucket.com/albums/nn150/TAMMYJPEEK/AnimationGWang.gif[/image]




Anushka -> RE: Свински грип (18.11.2009 12:18:58)

Елена, фла ти на убавата честитка. Вака стојат работите:
почна со болки по телотот, па во средина на меше... Со оглед на тоа дека кај него во клас-ЈБТИТО, веќе има едно болно дете, веднаш се слушнав со нашиот доктор. Ми рече да не паничам и да следам ситуација. Потоа ќивна неколку пати, почна грло да го боли. Па глава. Па почна да кашла. Се` беше во ред додека одненадеж не доби висока температура. Докторот сугерираше ако не се симне преку ноќ, веднаш н лекар. Меѓутоа, со Фервекс и со масажи, морска сол во вода, температурата се симна и не се качи (сега за сега). Сепак, примерок од крв беше пратен на Инфективна. Додека чекавме резултати, почна и носот да му тече.... Деновите си минуваа, а кога стигна незултатот дека е позитивен, веќе беше касно за Тамифлу.
Сега, само кашла и му тече нос. Се лечиме со традиционална медицина, и помага!
Инаку, со години наназад, секој ден на децата им цедам за доручек портокали, пијат и Ц1000, и таблети матичен млеч...
Незнам дали тоа помогнало да не биде појака инфекцијата...!?




big_mama817 -> RE: Свински грип (18.11.2009 12:29:14)

анушке се надевам дека ќе поминете со грипот најдобро што може ви посакувам побрзо оздравување поз [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




BEBICA -> RE: Свински грип (18.11.2009 12:32:49)

Anuske i jas vi posakuvam pobrzo da ozdravete.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Julie1 -> RE: Свински грип (18.11.2009 18:04:18)

Слушнавте сигурно дека има веќе починат од Свински грип и кај нас... Навистина ме фаќа страв!




ananikol -> RE: Свински грип (18.11.2009 18:29:13)

Anuske,na tvoeto since mu posakuvam poskoro ozdravuvanje




daniel -> RE: Свински грип (18.11.2009 23:37:53)

samo bez panika




profesorica -> RE: Свински грип (19.11.2009 12:17:57)

Прв смртен случај од грипот А (Х1Н1) во Македонија

[image]http://images.mt.net.mk/images/infektivna2.jpg[/image]Скопје, 18 ноември (МИА) - Триесет и две годишниот маж кој завчера беше хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести со висока температура и отежнато дишење, е првата жртва на новиот грип А (Х1Н1) во Македонија, потврди вечерва министерот за здравство Бујар Османи.

- Доцна поладнево почина првиот пациент инфициран од новиот вирус А (Х1Н1) кој беше примен на Клиниката со тешка кличинка слика. Тој беше веднаш подоложен на соодветна терапија, вклучен на респиратор, но, за жал, сите обиди да му се помогне завршиле без успех и за помалку од 48 часа починал, рече Османи.

Тој информира дека утре ќе бидат соопштени детали за случајот по состанокот на Комисијата за пандемски грип.

- И пред појавата на овој случај и сега системот останува максимално посветен и ангажиран да ги елиминира сите последици од оваа неизбежна пандемија, напомена Османи.

Според директорот на инфективната клиника Звонко Миленковиќ, пациентот починал за 46 часа откако бил хоспитализиран. Тој манифестирал брз, тежок, прогресивен развој на инфекција на долните дишни патишта која го зафатила срцевиот мускул и други органи.

- Од моментот на хоспитализацијата до фаталниот исход за 46 часа и покрај примената на сите расположливи средства и се она што сметаме дека се користи во такви ситуации, за жал, исходот заврши на овој начин, рече Миленковиќ.

На Инфективната клиника, со потешка форма на пневмонија има уште еден пациент, жена родена 1954 година, која има хронична срцева слабост.

Во изминатото деноноќие се хоспитализирани девет лица со симптоми на грипот А (Х1Н1). Најголем дел од нив се во стабилна општа состојба и се третираат со вообичаената терапија.

Според Министерството за здравство, четворица од постојните пациенти се отпуштени од болница, при што е констатирано целосно повлекување на симптомите на новиот грип.

Во моментот на Клиниката се задржани вкупно 29 пациенти. Сите добиваат соодветна терапија.





mother 29 -> RE: Свински грип (19.11.2009 12:18:54)

ауууууууууууу,грипот почна и по градинките![image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image] 




profesorica -> RE: Свински грип (19.11.2009 12:46:14)

Додека не стигне вакцината, добар е и лукот

Од секогаш, лукот бил лек за се. Има широка примена во народната медицина, а во последно време и во фармаколошката индустрија.

Латинското име Allium sativum, го добил по својата најзначајна состојка – алицинот, која делува антибактериски.

Меѓутоа, дали лукот може да се консумира во неограничени количини?

Според експертите, треба да се внимава доколку со него се зема витаминот Е, препарати од гинко билбоа, лековите трентал, аспирин, фарин и хепарин бидејќи можат да предизвикаат крварење.

Во актуелната приказна за новиот грип, заштитните маски, вакцините и миењето раце, сетете се и на лукот. Нема да ви штети.

извор:Impress




Enika -> RE: Свински грип (19.11.2009 12:50:18)

fino za lukot znaeme kolkue  zdrav...ama so mojot nizok pritisok lukov ke me ubie :D..ja pijam mn vitamini posebno c vitamin, pijam aloe gel, beta caroten, majka mi nekoj grozod sok mi donela priroden...da kreneme imunitet :D




Anushka -> RE: Свински грип (19.11.2009 15:24:22)

еве, да ви кажам: мојот син се лекува од грипот. Грип како грип. Ако сте го подготвиле претходно организмот со издржливост, природни витамини и позитивна енегија, ако ги примените сите мерки на превентива (здрава храна, хигиена на највиоко ниво, многу чист воздух, спорт и ведар дух) и ако се однесувате одговорно кн заболниот (упорност, смиреност, квалитетен карантин и многу, многу љубов), грипот е обична Баба Рога!




nadica -> RE: Свински грип (19.11.2009 15:32:39)

браво анушке дај боже твоето златце да оздрави што побрзо [sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]
а и сите златца кои ќе го добијат вирусот што побзо да оздрават

и надица кашла но др рече само чај и витамини па за понатаму ќе видиме како ќе се одвиваат работите




profesorica -> RE: Свински грип (20.11.2009 7:45:50)

леле луѓе, вчера дознавме дека од шефот на мм, помалата ќерка која претходно и констатираа бронхопневмонија и неколку дена лежеше во болница вчера и откриле дека има свински грип.леле ќе се задавам, па тој одеше кај ќерка му во болница се гушкале може и се бацувале и потоа доаѓаше на работа и беше во контакт со мм.леле у [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley35.gif[/image]




zami -> RE: Свински грип (20.11.2009 11:52:56)



Сим­пто­ми на настинка


Температура: ретко се јавува.
Каш­ла­ње: настинката честопати е придружена со остра кашлица со шлајм.
Бол­ка: може да чувствувате блага болка на некои делови од телото.
Зат­нат нос: затнатиот нос е честа појава при настинка и обично поминува за една недела.
Треска: не е вообичаен симптом при настинка.
Умор: уморот е прилично благ при настинка.
Ки­ва­ње: вообичаено се јавува при настинка.
Наг­ли симптоми: симптомите на настинка се јавуваат во текот на неколку де­на.
Гла­во­бол­ка: невообичаена при настинка.
Вос­па­ле­ние на грло: често се јавува при настинка.
Теш­ко­тии при дишењето: благи до умерени при настинка.


Сим­пто­ми на грип Х1Н1

Температура: се јавува кај околу 80 отсто од случаите на грип. Температура од 37,7 Цел­зи­у­со­ви степени и повеќе во текот на 3-4 дена е вообичаена за Х1 Н1 грип.
Каш­ла­ње: кашлицата без шлајм е карактеристична за грипот Х1Н1, а по­не­ко­гаш се јавува и сува кашлица.
Бол­ка: острите болки се честа појава при грип Н1Х1.
Зат­нат нос: затнатиот нос не е вообичаен симптом за грип.
Треска: 60 отсто од луѓето со свински грип имаат треска.
Умор: Се јавува умерен до тежок умор при свински грип.
Ки­ва­ње: не е вообичаено за свински грип.
Наг­ли симптоми: свинскиот грип настапува нагло за 3 до 6 часа. Удира жес­то­ко, при што се јавуваат нагли симптоми, како висока температура и сил­ни болки.
Гла­во­бол­ка: вообичаена кај 80 отсто од заболените од грип.
Вос­па­ле­ние на грло: не е вообичаено за грип.
Теш­ко­тии при дишењето: при свински грип се јавуваат сериозни ­теш­ко­тии со дишењето.




Еца -> RE: Свински грип (20.11.2009 15:50:12)

само што кажаа на вести, пристигнале првите вакцини против свински грип.




mother 29 -> RE: Свински грип (20.11.2009 15:51:08)

фала и многу![image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




nadica -> RE: Свински грип (20.11.2009 16:10:25)

само што кажаа на вести, пристигнале првите вакцини против свински грип.




[sm=zmeden.gif][sm=zmeden.gif][sm=zmeden.gif]




Еца -> RE: Свински грип (20.11.2009 16:15:04)

мене исто ми се фака дали стигнале или не. Останувам на моето, нема да ги вакцинирам децата, ниту пак јас!




Весна -> RE: Свински грип (20.11.2009 17:47:01)

Ха! Нека си ги чуваат! Ни на крај памет не ми паѓа да се вакцинирам, ни јас ни моите блиски.




karla -> RE: Свински грип (20.11.2009 21:50:28)

Anushke se nadevam deka tvojot sin ke ozdravi sto poskoro. Mnogu se uplasiv koga procitav i ti cestitam na hrabrosta koja ja imas i pozitivnata energija so koja nastapuvas vo lekuvanjeto na tvoeto since. Patem, mislam deka toa sto ne se razvila poseriozna infekcija e definitvno poradi vitaminite i maticnata mlec koja si mu ja davala, a pred se mozam da kazam za maticnata mlec, bidejki lani zimata (dodeka bev bremena) postojano jadev maticna mlec (sekoj den po edno lazice so med) i cela zima nitu nastinka ne me fati a ne pak grip. Pozdrav i zelbi za poskoro oporavuvanje
P.S. Definitivno sum protiv vakcinite




big_mama817 -> RE: Свински грип (21.11.2009 10:43:30)

а дали знете дека свинскиот грип исто се појавил во 1919 год. под името Шпанска треска




profesorica -> RE: Свински грип (21.11.2009 10:45:16)

ajdeeeee и како поминало тогаш? мислам имаш некои информации?




big_mama817 -> RE: Свински грип (21.11.2009 11:03:57)

само знам дека тогаш од неа умреле околу 40 милиони луѓе, а дали постоела вакцина незнам




Страница: <<   < Претходна страница  4 5 [6] 7 8   Следна страница >   >>