RE: Свински грип (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Семејно здравје



Порака


alex_mo -> RE: Свински грип (21.11.2009 14:41:25)

Морам да ви раскажам што ми се случи денес. На ММ еве веќе му мине грлото,со антибиотици,син ми на 12ч прима инекции,а мене од синоќа носот ми тече и глава ме боли.Класична настинатост.Му се јавив на матичниот под итно ми рече да одам во итна да земам упат за на ифективно одд,ма изненади.Образожение дека сите бремени мора да се евидентираат на инфективно одд.Малку ме испаничи,отидов во итна и таму исто ,веднаш упат за на инфективно.Отидов и таму ,а докторката испаничена ми рече дека мора да ме прати на инфективна клиника во Скопје,а мене само нос ми тече.Одбив,а таа упорно ми читА- деца,бремени и стари само со благи симптоми и веднаш на Тмаифлу и тоа хоспитализирани.Одбив втор пат и и реков на др. дека сум совесна и ако недајбоже ми е лошо ке се јавам ,а сега апсурдно да се хоспитализирам за течење нос.
Да ви кажам дека во здравствово сега владее тотална паника и хаос,а и тој тамифлу колку е сигурен и испитан..
Наравоучение-Пола ден го изгубив,каде што можев повеќе да се разболам(срека носев маска),наместо да си пијам чајче,да си се одмарам и да ми помине од нога.Хаос невиден.....




nadica -> RE: Свински грип (21.11.2009 14:55:48)

леле хаос е во здраството имам другари доктори/ки па и тие незнаат каков совет да ми дадат едно им кажуваат на едни друго на други и најдобар совет им е гледај да не се разболите а ако се случи тогаш во моментот ќе одлучиме што е најдобро [sm=zmeden.gif] и тие се збунети




Палешка РР -> RE: Свински грип (21.11.2009 17:12:37)

Видете што изјавува екс министерката за здравство на Финска

КЛИКНИ ТУКА




profesorica -> RE: Свински грип (23.11.2009 12:29:03)

Лист од маслинка против новиот грип

[image]http://vesti.mt.net.mk/images/olive_tree.jpg[/image]Јапонските научници објавија резултати од истражувањето на анти-вирусното делување на хидрокситирозол на разни видови (типови) на вирусот на грип, вклучувајќи го и Х1Н1.

Хидрокситирозол предизвикал промена во градбата на станиците на вирусот и ја запрел активноста на сите типови вируси на грип на кои е тестиран.

Листот од маслинка е богат природен извор на хидрокситирозол и олеуропеин, полифенолни поврзувања со силно антимикробно делување. 

Поради тоа против сите видови вирози и грип се препорачува земање чај или екстракт од листот на маслинка во вид на капсули.

ИЗВОР:МИА




Еца -> RE: Свински грип (24.11.2009 18:59:04)

Сега на вести на А1 јавија најнови вести дека вакцината против  овој грип опасна, повлечени вакцините, да слушнам повеќе и ќе ви пишам[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




Весна -> RE: Свински грип (24.11.2009 19:45:56)

Така. Еве и јас само што гледав А1 вести, и кажаа дека во Канада 10 луѓе заболеле од парализа откако примиле вакцина и плус кај многу од населението се јавила алергиска реакција, што придонело до повлекување на вакцините. Ама ете, тоа во Канада, што наместо да биде како предупредување и насочување, кај нас и натаму убедуваат за безбедноста на вакцината.




Еца -> RE: Свински грип (25.11.2009 1:15:41)

Од вестите во 19.00 на А1

СЗО го предупреди министерство за здравство внимателно да го следи вакцинирањето поради појава на парализа кај десетина луѓе кои примиле вакцина. Синдромот Жилан Баре, го напаѓа нервниот систем и предизвикува парализа на нозете и рацете. Во извештајот се вели дека досега немало фатални случи. Дописот е испратен до министерствата во сите држави. Од комисијата за пандемски грип велат дека нема причина да се сомневаме во квалитетот на вакцината, бидејќи секоја вакцина може да предизвика вакви несакани реакции, таа е дадена на 65 милиони луѓе. „Тие навистина ако се јавиле, како што не се сомневам дека е така како резултат на давањето на вакцините, нема потреба од било какви паники, ниту потреба од укинување, односно прекинување на кампањите за вакцинирање, од проста причина што, толкавата стапка, или зачестеност на ваквите трагични, несакани дејства, е во рамките под очекувањата. Секако ние сме во постојан контакт со СЗО, и имајќи предвид дека таа ги следи на планетарно ниво случувањата, ќе постапуваме онака како што ќе бидат препораките од таа агенција", вели Драган Даниловски, епидемиолог. Канада стопираше цела серија на вакцината против новиот тип на вирус А Х1Н1, откако кај шест луѓе се појавила силна алергиска реакција. Јавната агенција за здравство на Канада побарала од шест канадски провинции да повлечат од употреба 172 илјади дози на спорната вакцина која е произведена од компанијата Глаксо Смит Клајн.

„Производителот Глаксо Смит Клајн побара од нас да не ја користиме вакцината во овој момент" изјави др. Џоел Кетнер, оддел за здравство на Манитоба.„Тоа е сериозна работа. Може да предизвика и смртни последици. За среќа засега е релативно ретка појава", рече др. Нил Раб.Според канадските власти сите шестина пациенти претрпеле сериозен анафилактичен шок, кој може да заврши исо сериозни последици и смрт. Светската здравствена организација потврди дека е известена за овој потег на канадските власти. Македонија порача вакцини од компанијата Новартис за кои експертите тврдат дека е безбедна.Македонија доби донација од 5.000 вакцини од Турција, кои ќе ги искористи за вакцинација на медицинскиот персонал. Но, одзивот кај медицинскиот персонал е слаб, тие одбиваат да ги примат вакцините. Уште сто илјади дози од порачаните 800 илјади земјава ги очекува кон крајот на месецот, а најголемиот контингент се очекува да стигне во јануари. Денеска Хрватска ги доби првите дози од вакцината против новиот грип, таму имунизацијата ќе почне од петок.




alex_mo -> RE: Свински грип (25.11.2009 22:42:21)

   Синоќа го слушам тој професорот што уверуваше дека вакцините не се штетни.Ме изненади кога со бројки и пороценти се обидувваше да залажува некого...Па има луѓе кои не се разбираат во тие цифри или едноставно не ги интересира,туку ги следат фактите и последиците...
  Луѓе па нели треба едно да ни е јасно кога се зборува за човечкото здравје и живот..... и еден немисл настан е доволен да се прекине нешто што може да не доведе до катастрофа.




daniel -> RE: Свински грип (25.11.2009 23:55:47)

DA TAKA E SE SLOZUVAM APSOLUTNO




mother 29 -> RE: Свински грип (26.11.2009 11:39:44)

аа почнаа докторите наши да одбиваат да се вакцинираат![image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




alex_mo -> RE: Свински грип (27.11.2009 0:30:26)

   Денес на контрола кај матичниот гинеколог,најпрвен ја прашувам сестрата што мисли за вакцините а таа вика-ни ме интересира ни се вакцинирам-,истото прашање на др ,вика со закон мораме да ве упатиме на вакцинација како ризична група ,а натаму вие одлучувате-  што јас си го преведов-не ти кажав јас ама не експириментирај..




biljanaM -> RE: Свински грип (27.11.2009 0:35:09)

јас не се вакцинирам во никој случај.....[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image] некако ова со вакцините не ми мириса на добро...туку да не дојде до тоа...




ripce -> RE: Свински грип (29.11.2009 10:53:33)

Трета жртва од новиот грип во Македонија

34-годишен маж без никакво хронично заболување почина на Инфективната клиника од последиците на новиот тип на грип.

Тоа е трета жртва од грипот во Македонија, откако во рок од месец дена почина 32-годишен маж и 77-годишна жена.Од Инфективната клиника велат човекот бил примен со тешки симптоми кои предизвикале компликации.„Со една брза клиничка прогресија на клиничката слика којашто за жал за помалку од 60-тина часа престој на Клиниката, завршува со фатален исход. Основната болест, засегањето на функцијата на белите дробови, е искомплицирана во текот на третманот со засегање на повеќе органи", изјави Звонко Миленковиќ, директор на Инфективна клиника.Од Министерството за здравство велат дека истражуваат дали има вина кај матичниот лекар или човекот не ја сфатил болеста сериозно. Велат сега не треба да се паничи, но бараат од граѓаните да ги следат мерките за заштита.„За разлика од сезонскиот грип, каде што смртни исходи имавме кај постари лица хронично болни, овој тип на грип дава многу често случаи на смртни исходи кај помлади луѓе. Токму затоа во овој момент сите треба да бидеме внимателни. Пораки за граѓаните - доколку се разболат со симптоми слични на грип, да не се лекуваат сами дома", рече Јованка Костовска, Комисија за пандемски грип.Бидејќи веледрогеријата „Кемофарм" се уште не ги испорачува вакцините против новиот тип на грип, Министерството веќе увезе 5 илјади вакцини од Турција, а сега директно ќе набави 20 илјади вакцини од друг производител.Тендерот за добивањето на вакцините на „Кемофарм" беше предмет за шпекулации во јавноста, се поставување прашање како баш таа веледрогерија ја добила зделката за увоз на 800 илјади вакцини. Тогаш јавноста беше убедувана дека постапката била транспарентна и дека „Кемофарм" доставиле најдобра понуда.„Има избор, пратен е избор од компанијата и до другите веледрогерии, известени се, тоа е постапка, известено е дека се избрани како најповолен понудувач, ние сме доставиле предлог договор во којшто точно ја пишува динамиката на испораката, меѓутоа не можам да влезам во детали затоа што ова веројатно ќе има судска разврска", вели Бујар Османи, министер за здравство.Во моментов шест луѓе се наоѓаат во тешка здравствена состојба од грипот, од кои двајца се во критична состојба.Експертите веќе предупредија дека во наредниот период грипот побрзо ќе се шири.

извор: А1




alex_mo -> RE: Свински грип (29.11.2009 13:35:58)

       Пред некој ден се консултирав со една др специјалист педијатар и алерголог,во врска со алергијата на син ми..Меѓу другото ја прашав за нејзино мислење за свинскиот грип и дали јас како трудница треба да се вакцинирам.Апсолутно не- беше нејзиниот одговор,вакцините не се докажани,а само за пример кажува дека кога работела во детска клиника -Козле од обичен грип таа сезона имало 3 починати(нажалост).Што значи дека и обичниот грип ги дава истите последици ,само изгледа од тој малку се заработува и помалку луѓе имаат корист.Овој грип си направи убава кампања-бесплатна и  секако паника што е најдобриот метод за популарност кај луѓето(негативна),а сепак финансиски подржана...Позз




Iva -> RE: Свински грип (1.12.2009 12:54:21)

ИЗВОРНА ПОРАКА: zami



Сим­пто­ми на настинка


Бол­ка: може да чувствувате блага болка на некои делови од телото.
Умор: уморот е прилично благ при настинка.
Вос­па­ле­ние на грло: често се јавува при настинка.



Сим­пто­ми на грип Х1Н1

Температура: се јавува кај околу 80 отсто од случаите на грип. Температура од 37,7 Цел­зи­у­со­ви степени и повеќе во текот на 3-4 дена е вообичаена за Х1 Н1 грип.
Гла­во­бол­ка: вообичаена кај 80 отсто од заболените од грип.





Јас во моментов ги имам следниве симптоми, е ај сега настинка е или свински грип[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




mother 29 -> RE: Свински грип (1.12.2009 12:59:51)

трк на инфективна ,а до тогаш во карантин[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




arh_diz -> RE: Свински грип (1.12.2009 13:05:36)

mother 29 ne ja plasi mozebi e panicarka




mother 29 -> RE: Свински грип (1.12.2009 13:07:28)

неее цврста е Ива....еј Ивана[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
што стори?




Iva -> RE: Свински грип (1.12.2009 13:11:13)

Поручек ми е матичната на смена па после работа ќе одам. Инаку не сум паничарка.




mother 29 -> RE: Свински грип (1.12.2009 13:12:18)

хехех а јас узбина кренав ,си велам што сторив!?????????




Enika -> RE: Свински грип (1.12.2009 13:14:00)

само да се рчкало бре бре бре [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Iva -> RE: Свински грип (1.12.2009 13:15:31)

Ќе ви пишам вечер што ми кажале.




Еца -> RE: Свински грип (1.12.2009 13:18:40)

Значи горе долу сите сме тука[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image] вчера на телефон Ива ми кажува дека се чувствува лошо а јас и вика, ауууу свински грип[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image] шала на страна, оди на доктор и многу, многу течности, мандарини, лимони, и земи свари чај од кромид, процеди и пиј. Грозно е , ама ефикасно.




big_mama817 -> RE: Свински грип (1.12.2009 13:46:39)

ќе нас на работа не една колешка детето и е болно од свински грип а др шпекулират дека е болна од истиот бидејќи не доѓа на работа па малку некој колег ги фатило паника [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




STRUMFETA -> RE: Свински грип (1.12.2009 16:27:06)

 

Вирус (H1N1) во 2009 година",
попознат под името "чума на вирусот на грип."

Ова е нов вирус на грип што се шири брзо, бидејќи е многу заразен. Веројатноста да дојде до компликации кога деца и млади се во контакт со возрасни кои го имаат овој нов вирус, е поголема за разлика од други вируси на грип. Грипот H1N1 е, за среќа, во повеќето случаи, болест која лесно да трае само неколку дена.


Пет совети за заштита на вашето дете



Прв совет: мијте ги рацете често.

Новиот вирусот лесно се шири преку рака.  Учете ги вашите деца често да ги мијат рацете со сапун  и вода (или со средства за дезинфицирање на рацете).  Ако детето е помало, потребно е редовно (неколку пати во ден) се му се измијат рацете. Дневно се препорачува употребата на хартија/ крпа, која веднаш ќе се искористи и веднаш ќе се фрли во корпа за отпадоци/за перење.

Втор совет: да ги препознаеме симптомите на грип H1N1 на време!


Ако вашето дете има треска, кашлица или болката во грлото, можно е дека добил грип. Со треската може да се појави и, главоболка и замор ,намален апетит или дијареа.

Ако тие се јавуваат останатите симптоми, чувајте го вашето дете домаи бидете во телефонски контакт со педијатар.Тој ќе ве праша неколку прашања за вас и ќе одлучи дали треба да го донесете детето на лекар.

Децата кои веќе боледуваат од новиот грип, како и многу мали деца, веројатно ќе бидат третирани со медикаментот Tamiflu ®.


Ако вашиот лекар одлучи за оваа терапија, ќе треба да се оди на лекар по рецепт. Тоа најверојатно нема да биде потребно за вашето дете, ќе биде најдобро тоа да остане дома!

Трет совет.
Како да се грижите за болно дете? Ако добие грип, вашето дете мора да остане дома додека не почне да се чувствува подобро, и се додека постои опасност да се пренесе инфекцијата на други лица.

Мерење на температура:


телесна температура повисока од 38 ° Ц е знак дека детето има треска.  Ако детето се чувствува лошо, избањајте го (температурата на водата треба да биде 3 ° C пониска од температурата на телото) и дајте му е доволно да пие. Ако температурата на телото, не се смали и ако сеуште не му е добро, можете да му дадете лек за намалување на температурата. Користете прво парацетамол (Ако нема значително подобрување,  на секои 3 часа може да му се даде некои од останатите лекарства против треска) Ако држи температура над 38 ° Ц, алтернативно, може да му се даде и од дввата лека . А детето има грип не треба да се даде аспирин.

Ако вашето дете има силна кашлица и неможе да заспие, дајте му сируп за кашлица, ќе му помогне за искашлување на шлаемот а поволно е и земање доволно течности.

Ако детето има запушен
нос дајте му капки за нос(раствор на сол или можеби капки за намалување на оток ), кои ќе го олеснат дишењето.


Четврти совет:

Рецепт за Tamiflu ® на лекар ќе се издаде ако се претпостави дека развојот на грип е во тек или се можни компликации. Tamiflu ® го сузбива размножувањето на вирусот и овозможува брзо обновување.

Терапијата мора да се стартува во рок од 48 часа по почетокот на болеста.

Tamiflu ® треба да биде дадена во рок од 5 дена, двапати дневно, наутро и навечер со храна. Во некои случаи Tamiflu ®може да предизвика абдоминална болка, дијареја или повраќање кај детето, но овие симптоми обично не траат подолго од два дена.Ако забележите дека вашето дете не го поднесува Tamiflu ® најдобро, информирајте го вашиот лекар за тоа.

Во кој случај е неопходно итен преглед на вашето дете?

Грип H1N1 е обично лесна болест и компликациите се ретки. Компликации се почести кај доенчињата, децата кои страдаат од астма, белите дробови и срцеви заболувања, хронични болести на имунолошкиот систем и слабости.

Ако 
се појаат и знаци на грип кај вашето дете , јавете му се на педијатарот или во брза помош , важно е со третманот ® Tamiflu да се почне на време.Покрај тоа кај некои деца како резултат на тешко дишење, може да има потреба примање на кислород.

Итно е потребен медицински преглед, ако:


Детето тешко дише, стенка при дишење, дише многу брзо (дете на возраст под 12 месеци, мало дете и дете од предучилишна возраст в).

Исто така, ако детето има поплавени усни, ако одбивада пие, не е мокро подолго од осум часа, плаче без солзи, има многу суви усни, има подочници, очите му се воспалени или е многу уморен, нерасположено е , не се смешка, не игра, нема сила да плаче, не покажува интерес за животната средина, детето реагира нервозно и плаче, чувствително е на допир, и се уште плаче кога ќе се земе во вашите раце и не може да спие.
 
Ако вашиот педијатар не е на располагање, контактирајте со детската брза помош станица.

Петти совет.
Кога е дозволено заболеното дете повторно да игра со други деца?

Грип H1N1 обично брзо поминува. Децата сепак можат да останат заразени седум дена по појавата на болеста. За ова време, детето не смее да се приближува кон другите деца (посебно децата под пет години), бремени жени, и луѓето кои имаат здравствени проблеми.




Страница: <<   < Претходна страница  5 6 [7] 8 9   Следна страница >   >>