Felly RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (30.10.2014 9:59:38)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR И ние почнавме со дохрана. Сега сме пет ипол месеци а почнавме пред четери недели. Досега воведовме јаболче, банана, круша и морков. Со овој редослед воведував и кај првото,со тоа што сега ми секнаа овошки нели. За Никола прво ги воведов скоро сите овошки, ама почнавме во мај, па после продолжив со зеленчук, кога требаше да му воведам втор оброк. А сега што да правам. За наредна недела во план ми е тиквата да му ја воведам и за после не знам ич. Некако многу рано ми изгледа за зеленчук, па немаме ни 6 месеци. ЈАс додуше морков воведов, ама тој го комбинирам со овошје, тоест со јаболче. Везилке, не ви е рано за зеленчук, некои компирот го воведуваат во 5 месец. Но еве ако сакаш да почекаш да наполни барем 6, може сега да му воведеш наредно ориз (после тиквата) па потоа компир, брокула.
|
|
|
|