RE: Прва нова храна на бебето II (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Дохранување со густа храна



Порака


vezilka RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (13.12.2014 14:33:07)

Дечки, на една недела пред 7 месеци што можеме да воведеме друго? Грашок, боранија, пашкнат, целер. И за грав и леќа до годинка ли се чека? Домат и пиперка од осум ли или од девет? Исто ме интересира за кромидче и лукце, босилек и рузмарин?




Malecka23 -> RE: Прва нова храна на бебето II (13.12.2014 14:52:51)

Borajnija,grasok,piperce,kromid i luk mozes slobodno da dades.Za domat vidi posle osum posto znae da dade osipce t.s crveno gaze.I celerot mozes da go dades ama vnimatelno prvo vo mandzickata neka se povari da pusti voda pa izvadi go vidi dali ke ima reakcija posto i toj znae da dade.A za gravceto jas bi pocekala posto sepak e tesko nekako za varenje.Leka isto mozes da dades ama od taa crvenata polesna e od drugata




sandriana RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (13.12.2014 17:46:41)

А мевце воведовте? Веќе може да проба и пилешко/мисиркино мевце.
ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

Дечки, на една недела пред 7 месеци што можеме да воведеме друго? Грашок, боранија, пашкнат, целер. И за грав и леќа до годинка ли се чека? Домат и пиперка од осум ли или од девет? Исто ме интересира за кромидче и лукце, босилек и рузмарин?





Dilina -> RE: Прва нова храна на бебето II (17.12.2014 8:39:38)

Мамички денеес трети ден ќе пробаме јаболче (прво апнување ни е) [sm=bravo.gif]
Само што Илина ја плука и прави фаци како да е кисело :D А не е :D хехехе... како лимун да јаде. Да инсистирам ли додека не голта или така само да и давам? 15 мин се ттрудам да голтне и не сака.... да ја форсирам ли или сама ќе си почне?




Melanija RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (18.12.2014 15:54:11)

Dilina незнам дали те разбрав,вкусува со јазиче и плука,не голта?Ако е купечко може да не е благо,па пробај со златен делишец дома изблендај.Треба да се навикне и на лажичето,сочекај па дади ..треба трпение.[sm=smiley1.gif]




Cvekelencule -> RE: Прва нова храна на бебето II (18.12.2014 16:12:59)

Dilina да пробаш да го обариш јаболкото па да го испасираш во блендер јас на моиве му давав и по една плазма бисквита и турав од водичката од јаболчето за да се стопи поубаво и стварно е поубаво од чисто јаболко.Или па земи мешај круша јаболко банана и така се многу убави заедно




Felly RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (19.12.2014 0:11:02)

Плазма бисквити содржат глутен, и исто и мед, а [sm=duda.gif] од Дилина е мало, така што овој рецепт нека почека за понатаму. Исто и мешање на вкусови откако ќе ги проба сите, и тоа секој нов вкус 3 дена да се види дали ќе има некаква реакција.
Ако јаболче не сака пробај со морков, може па зеленчук ќе сака.[sm=smiley1.gif]




Dilina -> RE: Прва нова храна на бебето II (19.12.2014 8:57:53)

Oooo па мали сме за плазма :D сега ни е 5ти ден како пробуваме, вчера пробавме крушка ама ништо..... го вкусува и плука ама прави фаци како лимон да јаде [sm=jezicek.gif] од зеленчук што може да се даде? Морков, тиквица.... друго? Банана несакам да и дадам уште затоа што кака еднаш дневно, а знам дека бананата ја стврднува столицата.... па ми е страв сџеуште да не направам некоја грешка....




Malecka23 -> RE: Прва нова храна на бебето II (19.12.2014 9:42:21)

Probaj kruvceto ili jabolceto da go pomesas malku so mlekce mislam taka polesno ke prifati.OD zelencuk mozes da dades kompirce isto so mlekce malku da ne bide bljantavo,orivce,brokula,tikvica,morkov ama vnimavaj so morkovot moze zapek da napravi.A i da ne saka ne s eotkazuvaj nudi ja postepeno posleka ke go prifati vkusot pa ke se navikne




tincule -> RE: Прва нова храна на бебето II (20.12.2014 20:10:57)

Ние денес првпат пробавме јаболко [sm=bravo.gif][sm=bravo.gif] Си лапнавме дури 3 лажици, ама многу ми беше смешна. Утре пак, инаку јас прво го варев да омекне малце, го изблендирав со малку од водата што се вареше и така и го дадов и си го прифати супер.




Dilina -> RE: Прва нова храна на бебето II (21.12.2014 10:34:51)


ИЗВОРНА ПОРАКА: tincule

Ние денес првпат пробавме јаболко [sm=bravo.gif][sm=bravo.gif] Си лапнавме дури 3 лажици, ама многу ми беше смешна. Утре пак, инаку јас прво го варев да омекне малце, го изблендирав со малку од водата што се вареше и така и го дадов и си го прифати супер.



Тинчуле вие имате исто колку нас тука некаде сте 5-6 месеци? Да знам да се консултирам почесто хехе :D
Ние вчера пробавме со банана и млеко од мене, ама ништо... пак плука . Па денес ќе пробаме ориз...




tincule -> RE: Прва нова храна на бебето II (21.12.2014 12:19:28)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Dilina


ИЗВОРНА ПОРАКА: tincule

Ние денес првпат пробавме јаболко [sm=bravo.gif][sm=bravo.gif] Си лапнавме дури 3 лажици, ама многу ми беше смешна. Утре пак, инаку јас прво го варев да омекне малце, го изблендирав со малку од водата што се вареше и така и го дадов и си го прифати супер.



Тинчуле вие имате исто колку нас тука некаде сте 5-6 месеци? Да знам да се консултирам почесто хехе :D
Ние вчера пробавме со банана и млеко од мене, ама ништо... пак плука . Па денес ќе пробаме ориз...

Да, направивме 5 месеци пред 4 дена [sm=smiley1.gif] Ме советуваа порано за дохрана ама јас сега си почнав, немаше потреба да ја форсирам порано. Инаку за банана јас сега не би и давала малку покасно пошто запек ствара, ама секоја мама различно [sm=smiley1.gif] Следно на список ми е крушка за некој ден, морков ама тоа може само 2 пати во неделата и тиква исто можеш ако сакаш а не сте пробале.Мами само упорно и полека ќе си се навикне [sm=smiley1.gif]Ориз се мислам мајка ми ме запиња[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]па може и јас ќе пробам ориз да и дадам. Инаку оризова вода била убава за стомачето.




tincule -> RE: Прва нова храна на бебето II (21.12.2014 12:21:47)

А заборавив што сакав да прашам, јас и давам одсабајле накај 9 саатот така ми кажа педијатарката за да може да го свари убаво стомачето, па сакав да прашам и за натака еве оризот на пример во исто време или малку покасно со саатот идете?




vezilka RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (22.12.2014 13:19:33)

Ете јас житарки уште не сум почнала. Јас пак оризот некако ептен го избегнувам, не знам зошто, може оти мененеми е убав тој белиот мелениот. Сега неделава планирам да почнам со некоја житарка, ама се мислам дали просо или хељда. За просото знам, а кажете ми за хењдата како се спрема? Исто два спрема еден и се вари 20тина минутки?
И зошто морков само два пати неделно? Јас го давам почесто по малку во кашичките, по некое кругче, за вкус. Иначе некни прв пат дадов и кромидче и ептен се поубави така кашичкиве.




tincule -> RE: Прва нова храна на бебето II (22.12.2014 15:32:54)

ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

И зошто морков само два пати неделно? Јас го давам почесто по малку во кашичките, по некое кругче, за вкус. Иначе некни прв пат дадов и кромидче и ептен се поубави така кашичкиве.

Па педијатарката така ми кажа, ама тоа е ако и давам само морков дали сок или кашичка, сега за почеток. Што знам сите различно веќе не знам што да мислам [sm=zmeden.gif][sm=zmeden.gif] Едни ваа други онака, бабиве по нивно абе ....




June -> RE: Прва нова храна на бебето II (23.12.2014 11:28:33)

Majki, bebe ima 6 meseci, pocnati sme so dohrana: jabolce, banana, kruska, morkov. Gi davam na 4-5 dena rastojanie. Me interesira na ovaa vozrast sto dugo moze da se dade? Isto kolicinski kolku davate? Kolku pati na den? Nie jademe ednas dnevno najmnogu do 5 lazicki.




sandriana RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (23.12.2014 13:05:47)

June, веќе можете и зеленчук-компир, ориз, тиквица, брокула, карфиол, житарки - хељда, просо....а, ако немате историја во семејството со целијакија, може и глутен да воведете - гриз, палента.
Од овошје - слива, тиква(мада не е овошје [sm=smiley1.gif]), авокадо...




lukajana RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (23.12.2014 13:24:49)

June тоа што ти кажа Sandriana можеш слободно да дадеш ,јас давав и палента.Пробај ги прво одделно па почни да мешаш ,ако јаде од 5 месеци можеш да воведеш и втор оброк и труди се малку повеке да јаде 5 лажички е малку.Ако нешто не ти прифаќа мешај со нешто што сака додека да се навикне на вкусот.На крајот на шестио месец можеш да дадеш и жолчка и бело месо. Ние сме седум месеци имаме по три оброка цврста храна од прилика колку мала теглика купечка каша по оброк.Поздрав




Dilina -> RE: Прва нова храна на бебето II (23.12.2014 21:45:48)

Од оризот ја фати пролив, од јаболкото прв пат немаше реакција, вчера и дадов пак и имаше осип по мешето, денес пак и дадов цела се осипа.... а и блјуцна жолто ко слуз.... нормално ли е ова? Не јадеме мн количински, 2 лажици едвај некако ќе ги лапне. Пробавме круша банана јаболко ориз..... и тоа пасирано, не и го блендирам, со измолзено млеко од мене. Од утре планирам да и дадам блендирано, само незнам што ќе размислам....




lukajana RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (23.12.2014 22:49:43)

Dilina a kolku meseci imate?Ako nema 6 jas bi te sovetuvala da pocekas malku da ne forsiras napravi pauza nekolku dena,pa pak probaj jabolce ama ne bi trebalo da ja nafrli se smeta za najmalku alergeno,a oriz jas davam ako ima prolivce takasto ne bi trebalo da sozdade prolivce.Ama sepak neznam decata se razlicni voveduvaj poleka po malku I so razmak megu razlicni vkusovi pa ke vidis.




Melanija RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (23.12.2014 22:49:58)

Dilina od oriz da ima proliv?Знам ориз и компир се дава против пролив.За јаболко ме чуди, варено го даде?




Dilina -> RE: Прва нова храна на бебето II (24.12.2014 7:35:22)

Јаболкото и го давав свежо, не го приготвував никако. Можно ли е да е од водата во која се варел оризот? Превриена сепак...изгледа најдобро со флаширана да и го варам? И тоа проливот беше како жолт слуз, едното ноџе утоп мокро. Баш се погоди да имаме гости, и пријателкава ја зема и ми вика абе детево е мочкано, протопено му е. А јас се зачудив зашо од мочкано никогаш не пропуштило, кога да видам едната ногавица утоп.




Felly RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (24.12.2014 9:23:36)

Дилина, совет од мојата педијатарка беше до 6 месеци кашичките да ги правам од термички преработено овошје и зеленчук, а само сокче од свежо овошје да давам. Почекај некој ден, па потоа пробај пак јаболко но варено и блендирано.




Melanija RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (24.12.2014 13:37:44)

Dilina таман работа да се вари храна во флаширана вода,па кога се вари доаѓа превриена така што не е од тоа.Може реакција на нова храна ама алергија ако било само еднаш не е .Како што пиша Felly RR термички обработи го јаболкото,круша немора.




Dilina -> RE: Прва нова храна на бебето II (24.12.2014 20:00:16)

Ништо, бевме на педијатар денес, и др рече дкека не било од храната туку од атопичниот дерматит [sm=smiley13.gif] алергија на некој прашок поконкретно да сум го сменела прашокот ама ај тоа у друга тема...

инаку по многу мислење си отидов у аптека и купив кашички хип. Слушнав и читав по форуми дека биле мн безбедни. Не дека верувам, ама на јаболкава и крушиве од пазар па ич не им верувам, покрај тоа што ние немаме никаква контрола што се сади ид од каде се носат корења итн од институт за земјоделие... инаку денес си лапна 3 лажички ко ништо од хип прва кашичка од јаболко.




Страница: <<   < Претходна страница  30 31 [32] 33 34   Следна страница >   >>