RE: Прва нова храна на бебето II (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Дохранување со густа храна



Порака


Hopeful RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (23.3.2016 16:46:35)

Чекај, не те разбрав - викаш не треба овошје навечер а после пишуваш за вечера дека може банана, цреши... Во принцип сите така правиме, некоја житарка или гриз (пченичен, пченкарен) со овошје или јогурт/кисело млеко. Брзо се прави, 5 мин работа. Готовите каши ми се за кога ги немам ни тие 5 минути.




lolla RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (23.3.2016 18:23:15)

После настинка/ вирус конечно јаде овие ден два. Хоупфул, идејата околу доручекот ми беше да иде еден оброк само овошје, а другиот да биде житарка со јатка, кокос, урма семки и слично, или варени јајца. За ужинките не се неопходни додека сум дома (цица), но нудам речиси секој ден. Еве денес ја дојаде утринската кашичка за ужинка после 2 ипол часа.

За вечер, и јас не практикувам овошје, иако се случува да му дадам. Најчесто е палента со кисело млеко, лепче надробено во јогурт/ кисело млеко со или без рендано јајце, гриз со кокос и урми, сутлијаш со вода, банана, палачинки, погачки... авокадо со сусам и рж.

Да дополнам, за вечера давам и кус кус со млечно или зеленчук, просо или киноа со малку кромид, пченка и брокула, некоја крем супа, некогаш потпечен благ компир, макарони со моцарела итн. Внимавам на комбинирање на намирниаци иако се случува да прекршам.

За јајце, мене ми олесна кога го воведовме, многу е полесно за храна кога јаде и јајце. А јас сум нивни обожавател па ми беше важно, за разлика од месото кое баш не го готвам за нас. Бебе 3 пати неделно ние три пати месечно хаха.




gina -> RE: Прва нова храна на бебето II (23.3.2016 22:08:52)

so mleko se varat zitnite
a mene me interesira kakvi pcenkarni i ovesni snegulki davate jas kipiv na HIPP i se kako brasno se pravat so AD ili voda i se mesat so kasicka
me ineteresira zemate od onie sto se kako grcki koronfleks oti jas ovi sto gi imam kako ce gi potopam vo jogurt niv gi melete ili taka celi vo jogurt dur omeknat gi davate[sm=zmeden.gif]




Neurotoxin RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (24.3.2016 9:26:26)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful RR

Чекај, не те разбрав - викаш не треба овошје навечер а после пишуваш за вечера дека може банана, цреши... Во принцип сите така правиме, некоја житарка или гриз (пченичен, пченкарен) со овошје или јогурт/кисело млеко. Брзо се прави, 5 мин работа. Готовите каши ми се за кога ги немам ни тие 5 минути.


Мислев на тоа дека овошје треба да се избегнува навечер, но секако дека има овошја кои може да се даваат навечер, лесно сварливи, оние кои не содржат растворени витамини (како цитрусите кои содржат доста вода или јаболкото), црешите не сум ги давала навечер секако, но се добри за мирен сон, па затоа може да се дадат навечер. Во глобала од овшје само банана сум давала навечер. И јаткастите плодови се овошја, па секако не мислев на нив, доколку детето е доволно старо за да јаде јаткасти плодови, тогаш истите се препорачуваат и може да се конузмираат навечер.




Neurotoxin RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (24.3.2016 9:31:48)

А за житните каши кога напишав дека ги правев, јас мелев интегрален ориз, купував јачменово брашно, овесни снегулки мелев, и сето тоа го варев посебно, зашто за сите посебен е начинот и времетраењето на варење, значи јас варев три до 4 каши посебно, за еден оброк за бебе од 8-12 месеци, значи поентата беше мешана житна каша. На почеток само така, само житата а после почнав да додавам млеко, банана, кисело мелкце...




lolla RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (24.3.2016 11:58:55)

Секоја мајка готви како што мисли дека е најдобро за детето. Мене ме советуваа по 12 месеци да мешам житарици и така и направив. Дотогаш само по еден вид (ретко кога мешав леќа и просо но тие и не се житарици).

Мене лично највкусен ми е варен рж.




lukajana RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (24.3.2016 22:55:53)

Овошје и јас не практикувам за вечера освен тиква и банана некогаш.
До година ипол гледав да биде појадок овошна каша ручек зеленчукова вечера млечна каша или оброк кога веќе не јадевме каши [sm=smiley1.gif]
Гина житарките што се варат јас ги варам во вода па додавам млеко или овошје .
Мусли или овесни снегулки само потопувам во млеко или вода и стануваат како каша ,ама може и да се блендираат.




gina -> RE: Прва нова храна на бебето II (28.3.2016 15:50:27)

aj pak za eden sovet pedijatarot mi rece da pocnam pilesko i telesko da mu davam dvapati nedelno ce mu dojde 4 pati ne e mnodu toa[sm=zmeden.gif]
i da pocnam od 9 riba leka grasok so mesunkasti e me interesira za lekata i za grasakot kako gi pravite koga ce gi svarite posle gi vrvite niz cedalka radi luspite kako gi otsranuvate luspite
a za vecera mi rece da pocekam kon krajot na 9 da mu vovedam
ama ako davajte idei za vecera




nadez vera ljubov -> RE: Прва нова храна на бебето II (28.3.2016 19:57:58)

Мамички од кога им дававте цвекло на бебушките. Во сокчето 1 лажиче сок од цвекло? Или прво го варевте од колку месеци?




sandriana RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (29.3.2016 12:40:40)

Цвекло се воведува малку подоцна, после 8 месеци.
Како сок не сум го давала, пошто моите не пиеја сок (и сега мнооогу ретко пијат), а во кашички сварено па блендирано.




nadez vera ljubov -> RE: Прва нова храна на бебето II (29.3.2016 14:08:06)

Мојава има 7 ипол ќе почекаме уште малку




Felly RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (29.3.2016 15:05:23)

Ние за два дена полни 7. Имаме пробано: банана, јаболко, круша, морков, компир, тиква блага, тиквица зелена, ориз, просо, слива, мислам тоа е се [sm=zmeden2.gif]. Ајде потсетете ме што наредно може.
Планирам палента, па глутен - што во меѓувреме од овошје и зеленчук?




Ilina87 -> RE: Прва нова храна на бебето II (29.3.2016 15:48:32)

Felly, сте пораснале вие [sm=smiley1.gif] Зеленчук можеш да даваш и брокула, спанаќ, а од 8ми месец и боранија, грашок и цвекло.




lolla RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (29.3.2016 17:57:57)

Цвекло непрскано може од одма, ако е непроверено што подоцна, после 8-9 м.

Фели можеш блитва, коприва, касија, вишна.... кромид, лук.

Јас денес се снабдив со полна кеса коприва, и ја наредив за сушење. Се надевам ке ми успее.Исто купив јајца од препелица, па сакам да му дадам утре да проба варено.




Felly RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (29.3.2016 19:17:43)

Спанаќот ете го заборавив. Пробавме пред некој ден. Во комбинација со ороз не го бендиса баш, ама затоа со банана и јаболко си го искрка без проблем[sm=smiley36.gif] Фала на предлозите женски.
Цвекло имам непрскано, органско, само кажете комбинација со што може.




Ilina87 -> RE: Прва нова храна на бебето II (30.3.2016 0:40:16)

Јас цвеклото му го давав во комбинација со компир и морков со малку путер или маслиново масло. Само треба малку подолго да го вариш од компирот и морковот.




gina -> RE: Прва нова храна на бебето II (6.4.2016 15:07:45)

devojki jas kupiv crvena leka nemam uste dadeno kolku vreme se vari i so sto mozam da e dadam i da ja vrvam niz cedalka za luspite
a za riba koga probuvavte i nea ja davavte tri dena so red sega edna riba za nego e mogu dali ostatokot varena mozam da e dadam sledniot den




Neurotoxin RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (7.4.2016 8:55:15)

За леќата да ти кажам незнам ни јас, јас мислам дека малце покасно ја дадов, па немаше потреба од процедување на лушпите едноставно само ја пасирав, а за рибата, сечев мало парче колку за еден оброк, и тоа го спремав, а другото го замрзнував.




Felly RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (7.4.2016 9:36:57)

Мами, ние пред некој ден пробавме палента. Му дадов готова кашичка на хип која единствени состојки се: пченкарно брашно, оризово брашно и вит Б1 и му ја растворив со АД млеко.
Си изеде околу 50 мл и после тоа образите му се заврвенија и кога го преслекував видов дека и на подколениците на цело ноже има како кругови. Прво ми изгледаше како од чорапчињата да го стегале, ама баш не беа на таа висина,и реков ќе видам вечер со пижамчиња ништо не го стега, ама му се изгубија дури по 3 дена. Е сега ми е мисла од што може да биде реакциоја - дали од палентата или од АД млеко.

После тоа 3 дена му давав само пробани работи, и кога му се изгуби црвенилото, вчера му дадов пак од кашичката ама растворена со вода - немаше реакција.

Се мислам дали може да е од АД? Претходно му имам давано, вака во кашички растворено, ама пошто не е некој голем јадач, се на се, му се има собрано мах 15 мл како да испил, а со кашичкава му дојдоа 50 мл млеко. Можно е да се јави реакција на АД одпосле[sm=zmeden.gif]




lolla RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (7.4.2016 12:08:25)

Фели немам искуство, може да е од АД, може да не е. Останува да си пробаш уште еднаш со АД, а реално и не му треба. Кашите може со вода, мислам тие на ХГип се дотерани така да не му треба ништо плус. А зошто не му дадеш обична палента?




lolla RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (8.4.2016 11:51:27)


ИЗВОРНА ПОРАКА: gina

devojki jas kupiv crvena leka nemam uste dadeno kolku vreme se vari i so sto mozam da e dadam i da ja vrvam niz cedalka za luspite
a za riba koga probuvavte i nea ja davavte tri dena so red sega edna riba za nego e mogu dali ostatokot varena mozam da e dadam sledniot den


гина, леќа е 8-9м+ Ако е од црвената, јас ја киснам одвечер, и ја варам 15-20мин. Не сум вадела лушпи, само во блендер.

Риба е 10+, не брзај. Се почнува со пастрмка на пареа или варена. Јас правам цело парче и го дојадувам остатокот. Тоест кога јаде риба, јадеме сите риба со пире од компир и блитва. Не сум му давала храна од вчера, но сигурно може само не ја подгревај. И не мора три дена по ред.




Hopeful RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (8.4.2016 21:04:00)

Црвена леќа јас дадов на 7 месеци, сосема добро помина и често ја јадат. Ја варам најнормално, во блендер како што е, и ептен убав вкус има. Најчесто ја комбинирам со компир, просо, грашок, потоа морков, целер, пашканат, кромид и слично, а понекогаш и со кисело млекце.

Риба уште немам дадено, поспоро ги даваме протеините ради егземот на Ј. И јајце уште немам цела жолчка дадено, постепено работиме на случајот [sm=smiley36.gif]

Lolla RR, како поминавте со јајцето од препелица? Како го даде, цела жолчка од прва или го делеше?




gina -> RE: Прва нова храна на бебето II (8.4.2016 22:49:36)

fala devojki ce pocekam so ribata sega sme polni 9m ce probam leka utre a so zolcka samo pola davam cela uste nemam dadeno

sega po kolku obroci treba da imame so se mleko treba li uzina vecera uste nemam vovedeno nemozam da prestasam [sm=smiley36.gif]a za uzina sto davate ako davas dorucek ovosje i uzina ovosje[sm=zmeden.gif]




lolla RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (12.4.2016 13:49:21)

Хоупфул, директно му дадов цело јајценце (не го изеде првиот пат) од препелица. Така ми рече педијатар бидејки веќе два месеци јаде цело обично јајце.

гина, на 9 м, можеш полека да воведуваш вечера. Ужинка потоа.




nadez vera ljubov -> RE: Прва нова храна на бебето II (13.4.2016 11:02:46)

Мамички вчера наполниме 8 месеци и почнавме со жолчка четвртина со малку кисело млеко. Денеска да почнеме со месо. Еден ден жолчка еден месо наизменично. Сакав да прашам месото кога го варите и при крај го додавате зеленчукот во истото тенџерче или зеленчукот во друго тенџерче? И после во блендер заедно да ставам малку од течноста од зеленчукот или од месото? Со што го комбинирате месото или како до сега во зеленчуковите кашички +месо?




Страница: <<   < Претходна страница  40 41 [42] 43 44   Следна страница >   >>