Hopeful RR -> RE: Прва нова храна на бебето II (13.7.2016 12:00:40)
|
Еве ние дојдовме до 14 месеци, и распоредот ни е: 8.30-9.00 доручек од житарки и свежо или суво овошје, со повремено додавање семе од коприва, семки од тиква, маџун, рогач, ... 10.30 АД - уште сме на Аптамил 3, планирам на крај на летово да почнеме со кравјо млеко, не за друго, него затоа што во градинка ќе им се дава кравјо 14.00 ручек од зеленчук, комбиниран со тестенини (тарана, кус кус), или мешунки (леќа, грав) или месо (телешко, пилешко), или јајца, или млечни производи (кисело млеко, сирење, урда) 15.30 АД 18.00-18.30 вечера од житарки, овошје. Понекогаш е солена вечерата - тарана со сирење, кисело млеко. Ако не пијат АД за заспивање, тогаш по будење им давам ужинка од банана, кисело млеко, јаболко... Чиа семе не планирам да дадам, мислам дека е преинтензивно за бебиња, нема потреба уште од сега. Рогач - да, понежен е од какао, мада и какао планирам наскоро.
|
|
|
|