Што здраво јадеше моето дете денес? (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Исхрана на децата



Порака


Fiao -> Што здраво јадеше моето дете денес? (2.12.2012 1:45:18)

Со цел да мотивираме себе и нашите деца на поздрави навики, барем кога се работи за исхраната, ја отворив оваа тема. А и убаво ќе ни дојде да разграничиме „здраво“ од „нездраво“ и двете овие опции од „штетно“ [sm=smiley1.gif]
Еве за почеток да пишам јас:
Денеска моето дете појадуваше зелено смути составено од јаболко, банана и свежи листови блитва, со мал додаток на мелена плазма (која баш и не ја вбројувам во „здрави“ продукти). Исто така пиеше сок од вкупно 2 портокали и 2 мандарини (во текот на целиот ден, помешани со водичка). Ручавме комбиниран варен зеленчук со малку хималајска сол и маслиново масло, а вечерата не ни е баш за пофалба - па ќе си ја преќутам... [sm=smiley13.gif]




Felly RR -> RE: Што здраво јадеше моето дете денес? (2.12.2012 8:55:02)

Многу убава тема Фиао! Ние за вчера не можеме да се пофалиме со нешто многу здрава храна - единствено едно јаболко М изеде, другото се помалку или повеќе е нездраво. За ручек еве, месото ако го исфрлам (пошто нездраво) тогаш мислам дека компирите печени во рерна можам да ги сметам како здрави.
Ех, заборавив, јадеше и житарици - и тие мислам се сметаат за здрави.




Pepelaska * -> RE: Што здраво јадеше моето дете денес? (2.12.2012 9:16:08)

Едно големо [sm=bravo.gif] за темава Фиао, сигурна сум дека ке се мотивираат мамите да им даваат што поздрава храна на дечињата.
Малку ке бидам офтопик но во последно време забележувам многу дечиња со прекумерна тежина што воопшто не оди на добро.
Инаку моето дете јаде здрава храна колку што успевам да му пикнам со лажење оти е многу комплициран.
Секој ден јаде обавезно по едно јаболко( непрскано знам од каде е )
Вчера пиеше цеден сок од цвекло, лимон, портокал, кива и јаболка.
Изеде и едно филчанџе сецкани дуњи.
Ручек ни беше телешко со блитва.

Вчера успеавме малку а денес ке видиме




lilicka -> RE: Што здраво јадеше моето дете денес? (2.12.2012 9:33:33)

Темава е супер[sm=bravo.gif]
Максимално се трудам да ја учам ќерка ми да јаде здрава органска храна уште од сега без смоки,грицки,чоколади....овие работи моево дете нема ништо пробано освен неколку смокички и толку....пошто имам услови за да одгледувам органска храна а и тоа студирам....моево дете од кога почна да јаде цврста храна до сега фала му на господ не сум му дала да проба ништо купечко не ни планирам.....
Скоро секогаш доручекот ние овошје со житарки....домашно се.
Ручекот денес ќе ни биде Блива со неколку коцки мевце,за цел ден и цедам сок од морков,цвекло и јаболко.....само каква разлика имаат овие продукти од пазар и од мојата градина[sm=smiley36.gif].....да не зборувам коса ми се креваа ко ќе помислам...
за вечера имаме домашно интегрално лебче со домашна павлака....за ужинка најчесто и давам овошје!




Maca25 -> RE: Што здраво јадеше моето дете денес? (2.12.2012 10:08:28)

Вчера Н. денот го започна со овошна салата (банана, јаболко, портокал и мандарина) и житарки (во вид на колачиња, без шеќер)
Ручек: домашна супа со телешко месо, зеленчук и кнедли; па макарони со свеж домат и моцарела
Ужина: 4 плазма бисквити со 1 јаболко, 1 банана и 1 мандарина
Вечера: млеко со какао и мусли

Изеде и неколку `нездрави` работи, ама овде нели се зборува за здравата храна само, па тие не ги ни спомнувам.[sm=smiley36.gif]




niki -> RE: Што здраво јадеше моето дете денес? (2.12.2012 10:53:46)

koga velite zitarki mislite na kupecki kornfleksi, musli i sl. ili na pcenica, oves, rz i slicno vo zrno koi gi varite pa gi davate na decata?

jas ovie kupeckive industriski snegulki voopsto ne gi vbrojuvam vo zdrava ishrana, a za zal kerka mi gi jade
se obiduvam da ja nateram da jade varena pcenica vcera toa imav za dorucek so mesano svezo i suvo ovosje i edvaj edvaj kasna edna lazicka inaku si izede cela cinija kornfleks i lesnici
za rucek imavme supa od prethodniot den so morkov karfiol i brokoli, potoa riba i rizoto so grasok i morkov i normalno mrstenje i negoduvanje kolku sakas
vo meguobroci izede 3 banani i 1 krusa i bidejki e nastinata denovive pie cajce od jabolko i kromid so med, sok ne piese samo voda

za vecera bese zadolzen tato sto znaci deka bese apsolutno nezdrava izedena vo najkratok rok i so najgolemo uzivanje na moja golema zalost




Mihaela 2010 -> RE: Што здраво јадеше моето дете денес? (2.12.2012 10:58:23)

Super temicka....
Gledam normalno sekogas da i davam zdravo,bar dur e mala pa jas i diktiram to da jade ..
vcera imase rucek misirkino meso so zelencuk,caj od brusnica obavezno,jabolko ...

A denes denot go zapocnavme so tarana i pavlaka,i svezo isceden sok o d jabolko i portokal....




Andriance -> RE: Што здраво јадеше моето дете денес? (2.12.2012 17:00:41)

Хмммм..еве што ние денес јадевме здраво

за доручек банана и јаболко со житарки
за ручек варена риба со зеленчук
..до вечера ќе видиме ама ќе се потрудам да биде нешто фино [sm=jezicek.gif]




elenak -> RE: Што здраво јадеше моето дете денес? (2.12.2012 18:23:27)

Denes za dorucek jadese Nestle 8 zita so med ama so kravjo mleko(Fiao bi rekla ,,nezdravo,, znam [sm=smiley36.gif])ama mislam od koga pocna mleko da pie mi prkna malku detevo.Potoa jadese krusa so 3-4 lazicki japonsko jabolko I za rucek grasok,morkov,kromid I oriz so telesko meso.Do posle ke vidime.A za vcera ic da ne spomnuvam,so ogled na toa deka akavme cel den niz Solun so nea ne jadese nisto domasno.Osven pojadokot doma zitarki so jogurt se bese kupecko a jadese I od moeto pilesko giro (po nezdravo zdravje) ama mnogu e strvno ne znam na koj lici[sm=smiley36.gif]




Pepelaska * -> RE: Што здраво јадеше моето дете денес? (2.12.2012 22:57:27)

Една банана и малку малини




Andriance -> RE: Што здраво јадеше моето дете денес? (3.12.2012 0:30:08)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Andriance RR

Хмммм..еве што ние денес јадевме здраво

за доручек банана и јаболко со житарки
за ручек варена риба со зеленчук
..до вечера ќе видиме ама ќе се потрудам да биде нешто фино [sm=jezicek.gif]



Еве допунааа...цеден сок од портокал лимон и мандарина со мед.
праска и маалку бананан со 4 семиња ( семка од тиква, ленено, сусамово и сончогледово семе).

и маалку цеден сок од цвекло и морков...ете така..за денес задоволна..за утре се надевам повеќе/..уште ако го направиме бадемовото млеко одма ви пишувааам




Fiao -> RE: Што здраво јадеше моето дете денес? (3.12.2012 0:37:47)

Веќе сум крајно љубоморна, ах колку сакам и јас моја градина... Големо [sm=bravo.gif] за вас lilicka, само така продолжете [sm=smiley1.gif]
ИЗВОРНА ПОРАКА: lilicka

Темава е супер[sm=bravo.gif]
Максимално се трудам да ја учам ќерка ми да јаде здрава органска храна уште од сега без смоки,грицки,чоколади....овие работи моево дете нема ништо пробано освен неколку смокички и толку....пошто имам услови за да одгледувам органска храна а и тоа студирам....моево дете од кога почна да јаде цврста храна до сега фала му на господ не сум му дала да проба ништо купечко не ни планирам.....
Скоро секогаш доручекот ние овошје со житарки....домашно се.
Ручекот денес ќе ни биде Блива со неколку коцки мевце,за цел ден и цедам сок од морков,цвекло и јаболко.....само каква разлика имаат овие продукти од пазар и од мојата градина[sm=smiley36.gif].....да не зборувам коса ми се креваа ко ќе помислам...
за вечера имаме домашно интегрално лебче со домашна павлака....за ужинка најчесто и давам овошје!




kikicka -> RE: Што здраво јадеше моето дете денес? (3.12.2012 1:09:04)

Денес вака,: Јајце, компир, краставичка, риба,печено јаболко со мед, мандарина и тоа мислам. Слаби сме денес со јадењето.




Ummu_Ajna -> RE: Што здраво јадеше моето дете денес? (3.12.2012 4:43:08)

kolku vi dal gospod beriket tolku. nekoe dete gladuva
so denovi nema sto da jade. nikad ne vislo ovosje ili sok. taka pomina i moeto detcvo. i poradi toa sega jas nikad ovosje i zelencuk ne stavam vo usta
se gadam ne mozam da probam nitu sok da
pijam takvo nesto nikogas. so da se praj sudbina




Tanjicka -> RE: Што здраво јадеше моето дете денес? (3.12.2012 9:34:20)


Filip vcera jadese za pojadok -cokolino :), a uzinka banana, za rucek- gravce, za vtora uzinka jabolko, potoa supa pileska so brokula i karfiol, mleko pred spienje i sok od jabolko, crven portokal i malina




Mihaela 2010 -> RE: Што здраво јадеше моето дете денес? (3.12.2012 9:37:05)

M vcera imase za rucek varen kompir so przena oslic riba,podocna pobara palenta so kiselo mleko,jabolce,i bidejki legna rano nokeska u 1.30 se razbudi i mi vika:mamo mi se jade,pa izede u krevet kriska leb so kajmak




miana -> RE: Што здраво јадеше моето дете денес? (3.12.2012 9:46:56)

Kako da gi pomesavte temive,ili taka mi se cini? Temava bese sto ZDRAVO jadese vaseto dete denes..
Eve jas ke si pisam za vcera Moeto dete od cel den zdravo izede - edna krusa i edna banana.
Inaku za dorucek jadese kajgana ( ne ja smetam za zdrava )
Za rucek spageti so bolonjeze ( ne gi smetam za zdravi )
Za vecera - Karamelino so banana ( ne go smetam za zdravo)
Fiao ajde edna kusa definicija sto podrazbiras pod "zdravo" da ne gi mesame poimite.
Tnx :)




Mihaela 2010 -> RE: Што здраво јадеше моето дете денес? (3.12.2012 9:48:43)

Da miana vo pravo si,pocnavme da si go pisuvame menito na decava,sto go ima vekje vo druga tema...:))




Ikana -> RE: Што здраво јадеше моето дете денес? (3.12.2012 9:54:20)

Definicija za zdravo....svezo, peceno i vareno, so masnotii koi se dobri za razvojot na deteto, bez konzervansi, bez emulgatori i vestachki boi kako i pesticidi, ovoshje i zelenchuk vo golemi kolicini i domashno prigotveno. Ako ima potreba dodavajte odredeni vitamini.
Moja M vcera izede malku ovoshje vo kashichka (banana i jabolko), zelencuk varen za rucek so teleshko mevce kako i AD mleko (koe go smetam za zdravo kolku-tolku) bidejki e podobro od kravjoto - spored mene.




niki -> RE: Што здраво јадеше моето дете денес? (3.12.2012 9:55:43)

vcera dorucek poluzdrava varijanta: pica od domasno testo od integralno brasno so dodatok seminja(lan, soncogled, susam, tikva) namesto kecap staviv izblendiran svez domat, rendan kaskaval i edno parce misirkina sunka
podocna si izede 1 banana
rucek grcka musaka od koja kerka mi samo kompirot go izede
potoa izede 1 krusa, grickase kornfleks i lesnici
za vecera tost (sirenje i svez domat), belka od vareno jajce i salata so marula, svez spanak i limon
cel den piese caj i voda




niki -> RE: Што здраво јадеше моето дете денес? (3.12.2012 10:02:35)

predlagam da pisuvame zdravo i nezdravo paralelno so naznaka kade koe pripaga za da vidime vo koj odnos se i kolku treba da se popravime sledniot den




niki -> RE: Што здраво јадеше моето дете денес? (3.12.2012 10:05:37)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Ikana

Definicija za zdravo....svezo, peceno i vareno, so masnotii koi se dobri za razvojot na deteto, bez konzervansi, bez emulgatori i vestachki boi kako i pesticidi, ovoshje i zelenchuk vo golemi kolicini i domashno prigotveno. Ako ima potreba dodavajte odredeni vitamini.
Moja M vcera izede malku ovoshje vo kashichka (banana i jabolko), zelencuk varen za rucek so teleshko mevce kako i AD mleko (koe go smetam za zdravo kolku-tolku) bidejki e podobro od kravjoto - spored mene.


bez pesticidi jadat samo onie sto imaat svoja bavca i ne gi stavaat, nie ostanatite sto kupuvame nemame garancija, nitu mozeme da znaeme deka jademe bez pesticidi




zzaa -> RE: Што здраво јадеше моето дете денес? (3.12.2012 10:21:38)

za dorugok kasicka od slivi a za rucek ke i pravam pilesko mevce so zelencuk za vecera ke smislime nesto uste e rano[sm=smiley36.gif]




Felly RR -> RE: Што здраво јадеше моето дете денес? (3.12.2012 11:33:07)

КЛИК ТУКА, една убава статија за здрава исхрана. И да се задржиме до темата, да пишуваме само за она што сметаме дека е здраво, за целосното мени имаме други теми.




arh_diz -> RE: Што здраво јадеше моето дете денес? (3.12.2012 11:57:16)

Se trudam max da mu davam zdrava hrana
Menito od vcera
1 mala lazicka med
4 zitarici vareni so voda posle dodavam mleko
Sok od ceden portokal
Rucek : supa domasna so zelencuk, vareno pilesko meso so brokula , pcenka i morkov
Caj od suva brusnica
Jabolko
Vecera: vareno jajce so sirenje




Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>