deluxe -> RE: Што здраво јадеше моето дете денес? (16.11.2013 16:11:23)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Calypso Не би рекла дека чоколиното и бисквитите се здрава храна... Делукс, темава не е за целодневно мени на децата, туку да си кажете кои ЗДРАВИ продукти децата ги јаделе во текот на денот. Инаку, синко денес јадеше овошна салата (банана, киви, портокал, мандарини, јаболко) со семиња, кокосово масло, мед од рогач и житарки, за ручек покрај главното јадење салата од брокула и карфиол со лимон и маслиново масло. До вечер не знам што ќе јаде, ама се надевам оти ќе бутне уште нешто од свежо овошје и зеленчук. Треба да јачаме имунитет, не стигнаа настинките од градинка. Зошто да не е чоколиното здрава храна?? Јас колку што читам на декларацијата тоа е житна кашичка ,во себе содржи повеќе видови на жита[sm=smiley1.gif]како што се и другите на Нестле и ред други[sm=smiley36.gif] Исто така и плазмата и макароните ги користам како замена за леб и не гледам ништо нездраво во нив,за разлика од лебот[sm=zmeden.gif] И уште ова точно е дека ова не е мени,но јас секој оброк што го подготвувам за [sm=duda.gif] е од здрави намирници,така морав да го пишам денешното мени на син ми кој има 15 месеци[sm=smiley1.gif]
|
|
|
|