Mila mamicka -> RE: Што здраво јадеше моето дете денес? (19.11.2014 15:40:55)
|
За денеска не можам со сигурност да кажам, ама планот е вака - откако ќе го земеме од градинка за ручек има печено пилешко месо со домашно пире и зелка салата, потоа едно јаболко за ужина, и вечер мама ќе му прави една вкусна супа со 100 вида зеленчук. Освен ова, не планирам да јаде ништо друго, па сметам дека менито е сосема здраво. Вчера после градинка руча компир манџичка со телешко мевце (без запршка), потоа за ужина банана и киви, и за вечера варен ориз со павлака, во кои му ставив јајце од потполошка и 4 семиња на Виталиа. И секако, наутро пред градинка свежо цеден сок и една лажичка мед или маџун. Со вакво мени сум супер задоволна, а и имунитетот му е супер.
|
|
|
|