babyhope -> RE: Вештачко оплодување IV дел (12.1.2013 13:27:59)
|
Здраво девојки и се најубаво во новата 2013 ви псакувам, особено исполнување на нашата желба -уште оваа година да добиеме по едно или две [sm=duda.gif][sm=duda.gif]. Богданчанка мила баш ми е жал за исходот од последното ИНВ но нема отакажување, ти си најголем борец и знам дека си свесна за тоа. Им посакувам на девојките коие се во процедура што побрзо да ги видат своите [sm=rozacrtici.gif][sm=modricrtici.gif]. Сакам да кажам нешто за Ummu Ajna: јас го правев моето прво ИНВ во Ултрамедика и ги видов моите [sm=rozacrtici.gif], но плодот не се развиваше и не дојдовме до срцева реакција. Она што можам да го кажам од искуството таму е следново- иако условите изгледаат импровизирани, сепак некој (тое е државата секако) и дала дозвола на др. дека ги исполнува условите за оваа постака, што значи дека никоја од нас тука нема право да суди дали она имала на план да биде тоа опуштена атмосфера која не наликува на стандардна болничка просторија. Исто така персоналот кој работи на оваа процедура секако требало да подразбира и тим кој е специјализиран за ИНВ. Не сакам да се ставам во ситуација да ја бранам, но цело време читам дека условите се напаѓаат без некој да размисли дали е тоа пресудно за исходот на ин-витрото. За време на мојата процедура докторката беше достапна 24/7, значи и она ми се имаше јавувано затоа што еднаш погрешно пресметав дека треба во понеделник а всушност требаше во недела да се појавам за инекција. Нема голем број на пациенти како што имаат големите болници и затоа може максимално да му се посвети на пациентот- нешто што мене ми беше во почетокот исклучително важно.Користеше фостимон хормони, кои стандардно не одат на товар на ФЗО, а читав дека биле особено барани од пациенти во приватна процедура на ИНВ.Е сега она што не ми се допадна многу е што во текот на процедурата имав многу прашања за ко таа ми даваше површен одговор и ми укажуваше дека јас треба само да кулирам и да се обидам да се отпуштам што повеќе. Тоа не можев во целост да го направм и си читав по нет, но главно не се прекупирав и и верував во она што го прави. За успехот на резултатот вербата во докторот мислам дека е најважна. На крај не ми се допадна што инсистираше да купам хормони кои не беа на терет на ФЗО, а беа прилично скапи- а како што пдоцна сватив беа исто што и Прегнил инекциите. Како и да е тоа е логиката на приватните лекари, да заработат на сметка на пациентите... Резултатот од сето тоа веќе го споделив. Извинете за долгиот пост но сакав да и помогнам на Ummu Ajna во одлуката. [sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif]
|
|
|
|