amateuress -> RE: Купувате ли ,,скапи,, играчки за вашите деца? (11.1.2013 16:18:41)
|
На мало дете му треба внимание, на големо дете образование и живеалиште. Ова е мојот став по однос на купувањето, иако ниту една од работите што ги наведов не е играчка. Ако родителот има доволно време и трпение, може мало дете да занимава со саати, со два-три прости предмети од по дома, или неколку едноставни играчки. Исто ако паметно работи и штеди (иако не сум баш сигурна колку ова важи за мк), може кога ќе дојде време да му пружи добро образование, и ако има среќа и едно мало, скромно живеалиште, за да може детето, т.е. младиот човек да се осамостои. Мене принципот при купување ми е квалитет и се трудам тоа да го применам и кога купувам играчки, па подобро купувам една поквалитетна играчка, отколку повеќе смрдливи. Би сакала да најдам и играчки од природни материјали, на пример дрвени зашто многу ретко ги има на продажба, ама се плашам дека би ми биле прескапи. Инаку, мислам дека најдобри играчки се коцки и книги, и тоа син ми најмногу има - а, да и креди во боја и дрвени боички и хамери, и навистина може по цел ден со тоа да се занимава. Е сега го користам таблетот често додека јаде, ама инаку ќе треба да го ранам 3 саати по оброк и пак нема се’ да изеде. а да му купувам скапи телефони или таблети или други непотребни работи пред да има реална потреба - нема шанси. ама ич не ми смета кога други го прават тоа - ако им е ќеф, и авион нека им купат.
|
|
|
|