Hopeful RR -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II [chat] (24.12.2014 11:34:36)
|
Malecka23, фала ти што сподели, мислев само јас сум со вакви безвезни чувства [sm=smiley1.gif] Имам и јас тажни и депресивни периоди, па дали ќе биде ок, дали ќе бидат ок бебињата, како ќе биде за породување и што ќе правиме после за пари... Ние немаме ни место дома, се ни е мало и тесно, и се чудиме на секој аспект. Раат да не е човек. Мислам дека сите овие работи се нормални и решив да не мислам многу далеку, да гледам бебињата да се ок, па се друго ќе се реши. За парите за породување, исто и јас се мислев, дека сепак се многу пари, ама па здравјето ми е најбитно, и моето, и нивното, и одлучив на приватно, па ќе се стегнам после со алишта и слично, колку има - толку. Инаку денес сум полни 18 недели, и станав голема и сите ми зборат уште колкава ќе сум станела и веќе ме нервираат муабетите. Искрено, гајле ми е колкава ќе станам, се додека се они ок. Јас, здравје, ќе се средам, немам гајле за тоа. А да - уште немам осетено мкрткање, едвај чекам! [sm=smiley36.gif]
|
|
|
|