Hopeful RR -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II [chat] (2.1.2015 19:34:46)
|
Здраво девојки! Прво, среќна нова година за сите нас, и прво и најбитно - здравје за сите [sm=smiley1.gif] Денес бевме на ран скрининг кај Димчев, и да се консултираме за амнио. Докторот ептен го препорачувам - се посвети детално, не се брзаше и ни објасни се добро. Ни кажа дека морфолошки, се е ок и со двете и дека не гледа никаква индикација за амнио, па дури ни возраста (34), освен ако не е за мој раат, да спијам мирно. После тоа се видовме и со Ивановски, чисто да потврдиме, и искрено, ми олесна после скринингот и муабетот. Она што никој не го кажува е дека близнаци се специфичен случај, затоа што доколку се констатира даун кај едното, во 19-20 недела нема начин како тоа да се реши по легален пат. Ние ова не го знаевме, мислевме дека се изведуваат редукции, но тоа е само до 12 недела, и сега веќе амниото би било само колку за информација, а не и колку да се преземе нешто што би било безбедно по сечие здравје. Димчев ни го заврши скринингот со муабет да имаме верба во Бога, дека се ќе биде во ред, па сега, тоа е тоа. Се надеваме дека донесовме добра одлука, дека и двете бебиња се добри, и дека се ќе излезе ок на крај. Исто, морам да ви кажам дека едниот синко многу личеше на мене - и на минатото ехо, и на денешното, ептен заличе [sm=smiley36.gif]
|
|
|
|