Bethany -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II [chat] (15.1.2015 20:20:11)
|
Мешковци, каде сте? Малечка23, како си ти, се смирија ли болките? Јас денес цел ден шетав, вчера цел ден чистев ко неарна. Се си велам не е тоа замор усисување, па џогирање, ама всушност сагни се, исправи се, е најголем проблем. После ме откида половината, коските ме болат буквално. Еве и денес од шетање, едвај одам, половината не ме држи. Се напив мг сабајлево и сега уште едно. Матичната се уште не ми дава ништо: фолна, магнезиум 1×250, по потреба 2× и чаеви. Витамини и јас веќе не купувам, додека крвна слика не покаже спротивно. Некако ко да ми се лошеше од нив, па и додека ги пиев, ги земав навечер пред спиење. Утре ќе давам урина за уринокултура. Живеам над адриа лаб, па прееска се зезав со тој што работи таму, и ми вика па можевме некое цевче да спроведемо да не слегуваш [sm=smiley36.gif] А отидов да прашам треба ли прва утринска и плус ми кажаа дека правилно земање е првиот млаз на страна, среден во чаша, последниот пак на страна. Ете на некому може ќе се најде, јас ова правилно давање на урина не знаев до скоро [sm=smiley36.gif] И таман кажав не се мерам, кој ѓавол ме тераше да си станам на вага? Кога си видов бројка не ми се веруваше, срамота ме и да кажам колку се здебелив, сигурно вагата е расипана, стоеше на ладно, се расипала [sm=jezicek.gif] А арно си си бев убава, што ти е психа, веднаш ко слон се гледам. Ај што да правам, белки бременостите ми се такви. Убаво е да си се теши човек, сама себе ќе си се убедам на крај. [sm=smiley36.gif] Ајде женски пишете по збор два, дај пожалете се и вие на зголемени газови, пак да си се утешам [sm=jezicek.gif]
|
|
|
|