Hopeful RR -> RE: Инсеминација II (1.12.2014 15:10:46)
|
Доаѓа многу време, да, но навистина е тоа за доброто на телото, верувајте. Има право Melanija RR, не е тоа така произволно дадено, а од друга страна пак, во приватните клиники може сешто да кажат и препорачаат... Плус кај голем дел од девојките кумулативниот ефект на кломифенот доведува и до природно забременување помеѓу планирани инсеминации - и тоа баш Melanija RR е пример за тоа, природно забременување после трета инсеминација, мислам - Melania, поправи ме ако грешам [sm=smiley1.gif] Сакам да кажам, не само што не е на одмет паузата, туку и пожелна е, бидејќи никогаш не се знае, а секоја стимулација е напорна за телото, колку и да ви изгледа слаба или незабележлива додека ја примате. Ако некој има пари за приватно ивф, тогаш е друг муабетот - после втора инсеминација директно таму.
|
|
|
|