RE: Инсеминација II (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Проблеми со забременување



Порака


scared RR -> RE: Инсеминација II (2.12.2014 18:42:52)

Зашто од докторот би зависеле цените? Па постапката е таа не прави некој доктор нешто посебно па да има повисока цена. А, ако е така тогаш Лазаревски кај што оди бубла треба да наплаќа највеќе затоа што дефинитивно е најдобриот доктор таму, и со највеќе пациенти.
Јас да ми наплатат повеќе од 9000 би се побунила. А, и фоликуметрии не би плаќала, во таа цена зар само преработката на спермата е вклучена нека не зезаат..




vazna -> RE: Инсеминација II (2.12.2014 20:23:27)

Neznam Skared zosto e toa taka, ama eve i zolva mi koga pravese inseminacija kaj istata doktorka plati isto 10 300 barem nejze i se isplatese ona ostana od prva bremena sega ima kerka. Preteruvaat privatnive bolnici kako sakaat taka si pravat, toa e koga se mora sto da pravime. treba da e za site isto ne nekoi plakaat po 9000 nekoi 10000 nekoi 12000 site pacienti razlicno bog da cuva.




bubla -> RE: Инсеминација II (2.12.2014 21:28:42)

Se soglasuvam so scared. Sto ima veze kaj koj doktor odis??
Jas folilimetrii ne plakam. Se na se 2 folikulimetrii plus edna pred postapmata e 9000mkd. Znaci ti vazna sinplatila 10300 plus 3000??




vazna -> RE: Инсеминација II (2.12.2014 21:54:01)

Bubla jas obicno ja plakav prvata folekumetrija 1000den vtorata folekumetrija ne mi ja naplakaa i na salter otkako ke zavrsese postapkata plakav 10 000 ili 10 300 znaci bez stimulacii i bez terapijata sto ja davaat poslem inseminacija. A ova so doktorite go spomnav onaka stoznam da ne naplakaat razlicno mada i jas mislam deka toa nema vrska kaj koj doktor si posto eve ti odis kaj lazarevski si platila 9 000, a jas kaj adamoska 10 000 pa zatoa spomnav.




bubla -> RE: Инсеминација II (2.12.2014 22:42:44)

Којзнае... а ехото пред инсеминација го плаќаш?
Мене терапијата не ме чини многу со оглед дека само кломифен пијам. После постапката само угрогестан. Се на се, не е многу.




vazna -> RE: Инсеминација II (2.12.2014 23:22:28)

Da ehoto pred inseminacija go plakav, koga me gledase obicno na petiot den od menzisot, za prvite dve inseminacii i jas go piev klomifen a za tretata primav gonal inekcii 5 koj cinea 1670 den edna ampula, a kako terapija poslem insminacija mi davse femibion da gi pijam utrogestanot obicno zemav po dve pakovanja i evitol taa terapija mi bese za site tri inseminacii sto i femibionot e okolu 900 den ne e taka evtin, tretata inseminacija najskapo me kostase zaradi inekciite.




bambina34 -> RE: Инсеминација II (3.12.2014 16:03:30)

decki ,denes bev kaj maticnata , folikulite porasnale edniot 19 dr 20 mm, mi stavi pregnil inekcija i mi rece utre sabajle da odam na klinika za inemenacija ..prv pat pravam na GAK daj kazete kaj treba da odam utre i kako e procedurata ...




bubla -> RE: Инсеминација II (3.12.2014 19:19:47)

Ајде со лесно и за убаво нека биде утре:-)

Немам искуство со гак, така што не би можела да ти помогнам.




LoveableMe RR -> RE: Инсеминација II (3.12.2014 20:58:02)

Супер бабмина, те чекаме со убави вести[sm=bravo.gif]




lilika9 -> RE: Инсеминација II (3.12.2014 23:21:05)

Бамбина со срека утре и пиши како ке поминеш. Инаку кога ке стигншс на ГАк пријави се на шалтерите десно, ке им објасниш за што си дојдена и ке ти објаснат се што треба. Многу се фини и љубезни не се секирај. Јас бев на советување таму и на ХСГ па лесно ке се снајдеш за се те упатуваат. ајде па да ни пишиш како помина. Ти испракам многу срека миличка!!!!




Kvisko -> RE: Инсеминација II (4.12.2014 11:57:19)

Bambina мислам дека прво одиш во соба број 29 таму те заведуваат па одиш на шалтер да отвориш историја и потоа се качуваш горе на 3 спрат и таму прво сопругот остава материјал и тебе ти кажуваат кога да дојдеш за инсеминацијата.
Мора да имате за сопругот тест за ХИв/Сида. тебе може да ти побараат брисеви и пап негативен ама не сум сигурна јас одев таму подолго време па мене ми ја знаеја историјата.

Со среќа и со лесно. Па да частиш за [sm=duda.gif][sm=duda.gif][sm=duda.gif][sm=duda.gif]




lilika9 -> RE: Инсеминација II (4.12.2014 12:28:17)

Бамбина како помина?




bambina34 -> RE: Инсеминација II (4.12.2014 13:52:06)

zdravo dragi moi...mojata insemenacija se odlozi za utre ...maticnata vcera rano mi ja stavila stop inekcijata , pa sega zdravje utre ke ja pravam insemenacijata...
iskreno da vi kazam bev iznenadena od ljubeznosta na personalot..
Vi blagodaram na site za informaciite koi mi gi dadovte




LoveableMe RR -> RE: Инсеминација II (4.12.2014 14:07:39)


ИЗВОРНА ПОРАКА: bambina34

zdravo dragi moi...mojata insemenacija se odlozi za utre ...maticnata vcera rano mi ja stavila stop inekcijata , pa sega zdravje utre ke ja pravam insemenacijata...
iskreno da vi kazam bev iznenadena od ljubeznosta na personalot..
Vi blagodaram na site za informaciite koi mi gi dadovte


Бамбина, супер те чекаме да пишеш кога ќе бидне, не е важно кога, важно е да се фати[sm=bravo.gif]




lilika9 -> RE: Инсеминација II (4.12.2014 14:11:15)

Бамбина, таму те проверија на ехо за да утврдат дека рано беше ставена инекцијата? Ајде утре со среќа и да биде успешно! Ќе ни пишеш како оди процедурата за да бидам упатена точно следниот месец. Јас таму правев хсг и советување за неплодност, а сум била и во приватни клиники и мене ме изненади професионалноста и љубезноста на персоналот во ГАК




bambina34 -> RE: Инсеминација II (5.12.2014 15:00:10)

Dragi moi , da vi gi raskazam moite patesestvija denes ....otidovme sabjle so soprugot da ostavi materijal i ni rekoa da se vratime vo 10.15... pa koga si pocnavme da si cekame ne fati 1 saat posto nemalo dokotor.. Vo meguvreme dojde dr.Trajanova koja sto trebase da ja pravi insemenacijata , ama si zamina otkoga si gi napravi na onie so i bea vrska... a mene i ostanatite 3 zeni so bevme , ni se ucea specijalizanti.. jadniot specijalizant se iznamaci , dusa mi izvadi , sestrata mu kazuvase so da mi pravi ..uste najstrasno sto bese nemaa osnovi sredstva za rab ...nemaa spektulumi za site , pa koga mu zaglavi kateterato so sto ne me burickase vnatre , mi ja vlecese matka , a jas umirav od bolka...sestrata mu vika da viknam dr doktor , toj ne mozam sam... i na kraj stavija navodno malku od materijalot vnatre ..odma do mene dojde dr pacintka ,niti paravan nit nisto i pravea nejze inseminacija ...mnogu grdo custvo ...
bidejki prvata insemenacija ja pravev vo Remedika ocekuvam nekoj ist tek na rabotite.. dodeka go stavase katetarot vnatre ne me gledaa na eho da vidi sto kaj stava .. i na kraj toj si zamina ..i vikam na sestrata treba li sea nekoja terapija nesto da primam ..vika ako si primala nesto so prvata ,zemi si pak toa ...
zaoraviv da pisam , nareden pat pred da sum pravela insemenacija da sum pravela diletacija ...znae li nekoj sto e toa ...
sea dojdov doma , lezam , uste imam bolki , si zemav eden sumamed se napiv da ne dobijam infekcija ..sega vikendov mora da se fatime poveke za rabota so maz mi , oti doktorov nisto ne zavrsi rabota :)




lilika9 -> RE: Инсеминација II (5.12.2014 15:11:52)

Леле Бамбина, колку се радував дека имаш пишувано сега се разочарав кога прочитав низ што си поминала... Катастрофа. Се надевам дека на крај и покрај овие патешествија ќе биде се успешно. И на таа до тебе исто така и се случуваше?
Знам дека мора и тие нови доктори да учат на некого, ама па барем да седи до нив докторка да ги упатува, за ти да си посмирена, а не сами на себе, и тие кутри ама и ние со нив.
Ајде сега заборави на се, одмори денес и од утре фрлајте се на работа да се заврши и овај процес успешно, да си се радувате со бебе и да заборавите на сите овие моменти!




LoveableMe RR -> RE: Инсеминација II (5.12.2014 15:43:29)


ИЗВОРНА ПОРАКА: bambina34

Dragi moi , da vi gi raskazam moite patesestvija denes ....pa koga si pocnavme da si cekame ne fati 1 saat posto nemalo dokotor.. Vo meguvreme dojde dr.Trajanova koja sto trebase da ja pravi insemenacijata , ama si zamina otkoga si gi napravi na onie so i bea vrska... a mene i ostanatite 3 zeni so bevme , ni se ucea specijalizanti..


bambina34, не требало да се согласуваш и од старт требало да кажеш дека сакаш доктор да ти ја прави...многу чудно, јас знам само доктори прават, дури и тие што не се за инфертилитет, но сепак доктори, но никако специјализанти.... што е сега ова на ГАК? Баш ми е жал, уживкај дома и одмарај, те гушкаме[sm=smiley31.gif]




Kvisko -> RE: Инсеминација II (5.12.2014 16:01:44)

Bambina34 многу ми е жал за таквото искуство.

Јас од ГАК и конкретно од Трајанова има суууупер позитивно искуството. Жената ми ја врати довербата во медицината и во себе.

Единствената разлика е што јас одев кај неа и на фоликулометрија пред инсеминацијата. Ако одиш само за инсеминација без претходно некој од лекарите да те следи тогаш оној кој е слободен ќе ти ја прави инсеминацијата. Тие три што си ги видела не биле со врски туку си биле нејзини пациенти што си ги следи и си ги знае и она им ја темпира инсеминацијата. До сега мене два пати таа ми правеше инсеминација и успут ми решаваше други проблеми. Мене инсеминациите не ми успеваа заради сосема други причини па веројатно ќе завршам на ИВФ.

Јас правев дилатација на цервикс откако на првата инсеминација многу тешко докторката го стави катетерот. Цервиксот може од различни процедури да се стегнал и потешко се отвора (Мене заради тоа кога имав missed абортус два пати не враќаа за да може да го дилатираат цервиксот).
Кај мене тоа беше и еден од проблемите.
Пред наредната инсеминација докторката неколку дена пред инсеминацијата ми го ширеше цервиксот со истото едно долго како клешти со кое веројатно денес ти го ширеле цервиксот (се вика хистероскоп). Тоа го направи за да може добро да го стави материјалот за време на инсеминацијата и да немам по инсеминацијата грчење на матката и болки.
Тоа со таквото ширење беше привремено решение. Самата постапка боли си осетила и денес.
Вистинската дилатација која е потрајно решение се прави под анестезија. Мене ми ја направија кога ми правеа лапароскопија и за тоа си пишува и во извештајот.

Може да имаш и малку крв денес заради тегнењето на цервиксот ама не паничи. Само одмарај нема што друго да правиш утре веќе не би требало да те боли.
Баш ми е жал за тебе зашто знам како боли тоа со цервиксот.
Се надевам дека брзо ќе ти помине и дека и покрај ова искуство сепак ќе имаш [sm=rozacrtici.gif][sm=modricrtici.gif] по две недели од сега.
Обични на ГАК за првата инсеминација не даваат ништо како поддршка, а за понатамошните даваат утрогестан и Pregnacare витамини.




bambina34 -> RE: Инсеминација II (5.12.2014 17:19:16)

драги мои , Лилика, Ловемеабле ,Квиско ,многу ми значи вашата подршка , ви благодарам на сите што сте со мене ...
Квиско , драга, фала ти што ми објасни околу дилетацијата ....ај, да видиме што ќе испадне сега , ма да не сум многу оптимист, може баш тоа да е проблемот што неможам да останам бремена..
Сега не ми останува ништо др освен да чекам две недели.. Ве гушкам сите




lolla RR -> RE: Инсеминација II (5.12.2014 17:48:23)

bambina баш ми е жал што си минала така на ГАК. Ние правевме три инсеминации таму и за цел трети кат имам само пофални зборови, беа културни, имаше секогаш све од материјал и беше се чисто. Е сега и јас бев како тебе, немав одреден доктор кој да ми ги прави, туку доктор/ докторка што се погаѓаше таму, тој/таа ми ја правеше. А и верувам дека нема врска кој ке ти ја прави, важно е материјалот да отиде во матката. Едната инсеминација што ја правев во систина, од таму сум понезадоволна. Имав крв по иуи-то и болка во цервиксот ко што кажуваш, тоа е валда од што е повреден некој слој. Но никогаш не се знае, верувај, може баш сега кога најмалку очекуваш и ке биде [sm=nosecka.gif]. Среќно!!!!! [sm=jezicek.gif]

Едит: И тоа со цервиксот мислам дека не би требало да е проблем, Плус ти веќе ко што разбрав си имала една инсеминација, така да не е до тебе.




Hopeful RR -> RE: Инсеминација II (5.12.2014 18:24:52)

Бамбина, многу ми е жал што вака си поминала, можам да замислам колку ти било тешко и тебе, а и на сопругот - и чекањето, и постапката, а тек па болката... Од срце ти посакувам баш оваа инсеминација да биде успешна и се лошо да оставиш зад себе [sm=smiley31.gif]

Јас немам искуство на Гак за инсеминација, но според ова што го кажуваат другите девојки, стварно не би требало да биде вака. Во секој случај, добро што имаш претходно искуство па знаеш каква терапија треба, и добро што си се напила сумамед, за секој случај. Викендов гледам ќе биде бурен кај вас дома, и ако - таман да појачате [sm=smiley36.gif] Со среќа, и за две недели чекаме [sm=modricrtici.gif][sm=rozacrtici.gif]




lilika9 -> RE: Инсеминација II (5.12.2014 21:30:45)

Бамбина, некогаш викат и кога не очекуваш баш тогаш се случува! за подршка за тоа сме сите тука и јас не знам што би правела за вас. Дај боже да се радуваме за тебе после 14 дена [sm=duda.gif]




Buli_Buli -> RE: Инсеминација II (7.12.2014 20:10:15)

Zdravo devojki.denes bev na merenje na folikuli na 12ti den od ciklus imav 1 folikul 18 mm. Piev klomiflem 5dena 2x1 i estofem po 1 na den.doktorot mi kaza deka mi se pojavile klomiflenski cisti od terapijata.sakam da prasam dali nekoja od vas imala vakvi cisti?ne mi spomna doktorot deka moze da napravat nekoj problem... Utre primam pregnil i vo sreda so gospod napred inseminacija.endometriumot e super.pozz




LoveableMe RR -> RE: Инсеминација II (8.12.2014 11:47:54)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Buli_Buli

Zdravo devojki......doktorot mi kaza deka mi se pojavile klomiflenski cisti od terapijata.sakam da prasam dali nekoja od vas imala vakvi cisti?....Utre primam pregnil i vo sreda so gospod napred inseminacija.endometriumot e super.pozz


Були_Були, среќно, за жал од кломифенот има такви примери на форумот на кои им се појавиле цисти. Сепак, среќно во среда, ставена си на Список




Страница: <<   < Претходна страница  49 50 [51] 52 53   Следна страница >   >>