Hopeful RR -> RE: Инсеминација II (30.11.2014 16:35:44)
|
Секако дека стимулацијата со кломифен е слаба, но не е играчка и сепак на телото му треба одмор. Кумулативниот ефект од кломифенот трае повеќе од еден месец, така што и со пауза тој се постигнува. Јас за третата не пиев кломифен и имав добар број фоликули. Инаку се слагам дека е преголема бирократија ваучерот, но тоа е тоа, никој не ти дава толку пари на лепе очи. Колку за информација, кога се воспоставувал системот и постапката за добивање ваучер, од фзо сакале да се прават по 8 инсеминации, иако докторите сметаат дека после втората неуспешна треба да се оди на ивф. Никој не настапува со логика дека нема да биде инсеминацијата неуспешна, фала богу, но да бидеме реални, како што вика scared, мал е бројот на оние кај кои успеала. И веќе кога се прави, добро е да се запазат овие барања од фзо за да не мора после пак да се прави по 5 или 6 пат... Во секој случај, дај боже кај ниедна од вас да не дојде до ваучер и или успешни инсеминации, или природно да си забремените [sm=smiley1.gif]
|
|
|
|