RE: Вештачко оплодување V дел (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Проблеми со забременување



Порака


Kvisko -> RE: Вештачко оплодување V дел (7.7.2014 11:33:11)

Јас само сакав на сите од тука да им посакам побрза преселба во делот за муабеи за бебиња и мешиња. Издржете уште малку остана[sm=bravo.gif]




mery -> RE: Вештачко оплодување V дел (7.7.2014 11:40:36)

Pozdrav devojki, se nadevam deka ste dobri.. Normalno li e da kasni menstruacija, prviotesec posle neuspesno ivf? Mi kasni 5 dena a ni troska simptomi za dobovanje... Treba li da cekam, ili pak da zemam lekovi?




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (7.7.2014 14:53:04)

mery, нормално е до одреден степен да ти доцни после неуспешно ИВФ, кај повеќето е така, но ако не ти доаѓа за 1 недела до 10 дена, јави се кај гинекологот што ти правел ИВФ. Позз




весник -> RE: Вештачко оплодување V дел (7.7.2014 19:35:30)

LoveableMe прашуваш до кај сум???? еве ме денес 15 ден супрефакт и 4 ден фостимон во стомак.фостимон примам 1 ампула со 1 водичка и тие поткожно во стомак.е сега во среда сум на ехо и пишав да ми кажете што понатаму ама никој не ми пиша.дали ќе мерам пак естрадиол и кога,бидејќи ништо не ми спомнаа за среда дека ќе мерам естрадиол,ми рече докторот само ехо.Поим немам што понатаму,кога отприлика би била пункцијата.В среда веќе ќе има примено 5 дена фостимон.Естрадиолот ми беше 8,61 и докторот рече дека резултатот бил добар.Ме бунеше кој ден ми е менструација и си велам туку да не ми беше 3 ден...ама цела менструација ми беше оскудна еве сите 5 дена.




macika4 -> RE: Вештачко оплодување V дел (7.7.2014 21:49:37)

Devojki koga stavavte krinone gel imavte li parcinja beli da izleguvaat od vas duri tvrdi se neznam dali i na vas vi e taka




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (7.7.2014 23:15:31)

Весник, мацика4 ти одговори за инекциите во бут, не сакав да се повторуваме. Што понатаму? Естрадиолот, штом примаш фостимон, треба сега да е висок кога ќе ти мерат, сега ехо да види дали добро реагираш на терапијата, па потоа ќе ти мерат и ќе одлучат кога пункција. треба да е набрзо според деновите кога примаш фостимон. По пункцијата, за неколку дена трансфер, а потоа 15 дена чекање за тест. Ајде, лесно!

Мацика4, ставај подлабоко убаво да се раствори кринонот, штом е тврдо не се разложува убаво, позз




lolla RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (8.7.2014 8:21:39)

macika, и кај мене исто така се прави кринонот. На нивниот сајт пишува дека тоа како урда топчиња што излегува (извинете за изразот) е носачот на гелот. Гелот се абсорбира а ова носачот мора да излезе и дека не е за секирање. Јас го пикам до тоа здебеленото колку можам подлабоко, мада јас веќе скоро месец дена примам и којзнае клку има уште внатре полека да искача. На сајтот дури пишува дека воопшто не мора да мируваш после ставање, туку се става и си тераш а тој се лепи за зидот внатре па затоа и излегува така густо како насобрано. Се надевам не сум грешка. Јас имам и воденикав секрет од него доста. Ајде со лесно овие последни дена од чекање, па да си видите позитивен тест па после поголеми грижи ќе ви дојдат :)





lily98 -> RE: Вештачко оплодување V дел (8.7.2014 12:04:56)

zdravo devojki jas zavrsiv vcera so puncija dobro pomina se osven so mn loso ja podnesov anestezijata.denes mi javija deka imam 17 embrioni,sakav da prasam dali i transferot e isto so anestezija??i uste nesto citav porano deka vo sistina i pokraj toa sto si preku fondot se plaka nekoi dopolnitelni 500 evra za nesto a mene ne mi kazaa.nie plativme samo 100 evra participacija.dali nekoja ima takvo iskustvo.fala vi[sm=smiley1.gif]




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (8.7.2014 13:24:15)

lily98, jeeeeeeeeeeeeee супер, тоа што ти кажале 500 евра е за смрзнување на ембриони, имаш толку многу, греота да не смрзнеш, после ако сакаш за второ дете, само трансфер имаш ни мачење ни ИВФ класично, ни ништо, обавезно смрзнете. Позз, пиши кога трансфер (трансферот е без анестезија и трае 5-10 минути, потоа лежиш два саати и си одиш дома[sm=smiley1.gif]




macika4 -> RE: Вештачко оплодување V дел (8.7.2014 13:31:50)

Fala devojki za odgovorite i si mislev deka sum go stavala ponisko vcera ubavo staviv i nema taka sega




lily98 -> RE: Вештачко оплодување V дел (8.7.2014 15:25:23)

fala ti mila na odgovorot inace sega smrznuvanje vo sistina e 650 evra a ne 500:( da znaete deka e pokaceno.a inaku sekako ke zamrznam ne bi sakala pak da go minuvam istiot pak ako ima polesen nacin




marina111 -> RE: Вештачко оплодување V дел (8.7.2014 18:18:04)

Вчера беше пункцијата кај нас и ми извадија 6 јајце клетки иако спермограмот бесе прилично лош сепак успеале да се оплодат и имаме убави 3 ембриони .Утре трансфер Малку ме чуди што гледам кај вас сите на 5 ден е рансверот а кај мене на 3 ден ама ај да му верувам Што следи после трансферот лекови, терапии ?
Има ли некоја од вас која и вратиле 3 ембриони а сепак било неуспешно?




kapina -> RE: Вештачко оплодување V дел (8.7.2014 19:11:56)

Na mene mi go vratija embrionot na treti den. I seto toa dali ke bide uspesno zavisi samo od gospod.




macika4 -> RE: Вештачко оплодување V дел (8.7.2014 20:05:52)

I mene na 3 den mi vratija i cekame uste a sto vika kapina se e do gospod ama i do pozitivnost treba mnogu da si pozitiven a ja se trudam kolku tolku daj boze da izleze se ubavo na krajot




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (8.7.2014 20:36:04)

marina111, ајде со лесно, нема правило за бременост, но не се оптеретувај со тоа. Кај кој доктор беше? По трансферот, ќе ти дада апчиња и вагинален прогестеронски гел, па по 15 дена тест. Треансфер на 3-ти ден или на 5-ти ден зависи од проценката на докторот, уживај.

Со лесно на сите!!![sm=bravo.gif]




kapina -> RE: Вештачко оплодување V дел (8.7.2014 21:05:08)

Znaci ke kazam sega edno mozda ne e ubavo da kazuvam takvi primeri no na edna koleska I pravea tri IVF I I na trite IVF I vrakaa po dva I po tri embrionI no za zal invitrata I bea neuspesni a kaj mene na primer imase samo eden embrion I I dojdedo bremenost no za zal dojde do spontan I zatoa ti vikam se e vo bozji race I samo pozitivnost doagaat ubavi praznici moli se na gospod. I sega na14 juli e sveti kozma I damjan oni se bile lekari I ima crkvicka ovde vo strumica sto go nosi nivnoto ime I tamu odat I takvi kako nas sto nemaatdeca




Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (8.7.2014 21:19:47)

Од се што гледам и читам, бројот на ембриони нема врска со тоа дали IVF-то ќе биде успешно, и мене ми се чини дека колку повеќе се вратат, толку се поголеми шансите. Секако, докторот е тој што проценува и најдобро знае кога треба да се вратат, како да го направи тоа и кое тело колку ембриони може да поднесе. Во овој момент, мислам дека најдобро е да не ја вознемируваме или плашиме marina111, а и другите РР-ки што се во процедура со непотребни муабети, туку да бидеме оптимисти и да се потсетиме на успешните примери - еве мене ми текнува на petra27, која дури со инсеминација остана бремена со 3.

marina111, опушти се и биди колку можеш повесела, насмеана и позитивна - телото си знае и чувствува. Секако, не е на одмет да запалиш свеќа во црква, ако тоа ти даде плус мир и надеж [sm=smiley1.gif] Со среќа и пиши ни!




kapina -> RE: Вештачко оплодување V дел (9.7.2014 0:05:36)

Tuka treba da se ima pozitivnost no I realnost. S




macika4 -> RE: Вештачко оплодување V дел (9.7.2014 10:25:35)

Da vi kazam nesto pred 3 god bev kaj edna zena da mi gleda i mi rece ti odma nema da ostanes trudna na sveti vraci ke si bremena i ne mi sse veruva kapina napisa deka sveti vraci e na 14 a ja togas ke proveruvam beta daj boze da e taka[sm=smiley1.gif]




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (9.7.2014 14:10:01)

macika4, твојата сторија за каде си била кај женава, што ти кажала, доколку сакаш, можеш да ја раскажеш во темата Бајачи-надеж во решавање на проблемот со забременување , позз




lily98 -> RE: Вештачко оплодување V дел (9.7.2014 16:06:36)

i mene mi se javija da odam utre sto znaci i kaj mene e natreti den




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (10.7.2014 9:19:57)


ИЗВОРНА ПОРАКА: lily98

i mene mi se javija da odam utre sto znaci i kaj mene e natreti den


Да и дадеме поддршка на лили98 за трансферот и за две недели[sm=nosecka.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




весник -> RE: Вештачко оплодување V дел (10.7.2014 10:10:44)

еве ме и мене.бев на ехо вчера и имам 9 иксови,ендометриум 6,9 и петок сум на мерење естрадиол и ехо и најверојатно понеделник или вторник пункција.дозата ми е пак иста 1 фостимон со 1 водичка пак во стомак поткожно и супрефакт 0,3 во стомак.немало потреба од зголемување на дозата.колку сум среќна што се спасив на инекции во бут појма немате.поздрав до сите!




Karma -> RE: Вештачко оплодување V дел (10.7.2014 10:10:47)

lily98,marina111 и сите вие кои сте во постапка или допрва ќе ја почнувате ви посакувам овој пат да ви се реализираат желбите...
еве ме мене, успеавме од првпат покрај 4ти неуспешни инсеминации и со многу лош спремограм....сега сум 24та недела бремена со близначијања(женски) се надевам ќе бидат борци на мама и тато кои не се откажуваа три години од оваа желба...
ве гушкам сите и само храбро напред, бидете позитивни и верувајте во тоа затоа што само така се ќе стане стварност...[sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif]




весник -> RE: Вештачко оплодување V дел (10.7.2014 10:11:51)

и убави си бевте сите,само за успешност слушав,ајде полека со раскажување на неуспешни ин витра,не треба на никоја од нас да и се одзема позитивната мисла и енергија.секое добро ви посакувам на секоја од вас,идни мајки!




Страница: <<   < Претходна страница  66 67 [68] 69 70   Следна страница >   >>