RE: Вештачко оплодување V дел (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Проблеми со забременување



Порака


Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (31.7.2014 23:39:45)

Да да, се слагам дека за мускулна подобро е сестра да ги става. Ние еднаш пробавме сами, ви кажав, и после си рековме дај да не ризикуваме, сепак не е тоа до толку како со поткожните. Инаку и мене ме интересира како одлучуваат кој со која инекција ќе оди - на пример, за инсеминациите мене ми даваа Гонал, а гледам на многу од другите им даваат Фостимон. Сега за ивф ми даваат Фостимон, а гледам и Пурегон даваат. Не ми е најјасна разликата, но искрено, им верувам на докторите и не се замарам многу многу со тоа - ќе отидам во Систина па ќе видам.




nataly86 -> RE: Вештачко оплодување V дел (1.8.2014 10:46:59)

Девојки не си играјте доктори [sm=smiley36.gif] мускулна терапија ја става само медицинско лице....и сам на себе е многу тешко да се стави мускулна инекција...

Инаку за дилемите околу терапијата мислам дека докторите одлучуваат врз основа на состојбата на јајнците, хормонскиот статус, возраста и ред други работи...

Не се замарајте кој што како пиел секој огранизам е различен и различно реагира на терапии, верувајте во докторот кој сте го избрале

Чувството кога ќе ги видте [sm=duda.gif][sm=duda.gif] е неописливо во тој момент заборавате на сите инакции, операци, пункции и се друго....од тој момент дишите и живеете за нив
Поздрав и многу среќе на сите до [sm=rozacrtici.gif][sm=rozacrtici.gif]




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (1.8.2014 11:17:50)

nataly86, така е само што мислам повеќето што ставаа дома мускулно или беа со медицинско школо/факултет или имаа некој во семејството што е медицинско лице. Пиши ни повеќе за бебушите во Предвреме родени деца.

Весник, стефание, како сте? Марина 111, одамна нема пишано, знае ли некоја што бидна со нејзиниот резултат од ИВФ?




весник -> RE: Вештачко оплодување V дел (1.8.2014 12:38:14)

вредноста ми е 8,31.ниска била за 2 недели па треба да прегледам пак во понеделник.всушност направив на 14 ден,ми е страв да и се јавам на сестрата во систина оти тие убаво ми напоменаа на 16 ден контрола.што мислите вие??? мојата матична ми рече дека по 2-3 дена ако пораснела вредноста тогаш значи станувало за бременост.




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (1.8.2014 13:31:58)


ИЗВОРНА ПОРАКА: весник

вредноста ми е 8,31.ниска била за 2 недели па треба да прегледам пак во понеделник.всушност направив на 14 ден,ми е страв да и се јавам на сестрата во систина оти тие убаво ми напоменаа на 16 ден контрола.што мислите вие??? мојата матична ми рече дека по 2-3 дена ако пораснела вредноста тогаш значи станувало за бременост.


Весник, вредноста е ниска, но е над 5.0 што означува бременост. Имаме статија за тоа КЛИК . Ако си нестрплива, јави се во Систина, па види што ќе ти кажат, во секој случај по 16 ден е најточен тестот и потоа ќе знаеш што понатаму. Сега евентуално прогестерон може да ти дадат инекција со оваа вредност. Пиши што ќе направиш. Позз, ајде пуштаме среќа за [sm=nosecka.gif]




весник -> RE: Вештачко оплодување V дел (1.8.2014 13:52:15)

ми рекоа да продолжам со терапијата,во никој случај да не ја прекинувам.да направам тест во понеделник и да им јавам.е сега сестрата ми вели не мораш да правиш тест со вредности,направи само тест кој покажува дали е позитивен или не ама преку крв.е сега таа ми рече дека многу рано сум направила тест,бидејќи тоа ми доаѓало неполни 14 дена.таков тест кој покажува само позитивно или негативно е 150 ден.а овој со вредности е 500 ден.овде кај мене во мојов град.а во систина е 550 ден без вредности со 1000 ден со вредности.незнам што да правам???вчера имав од кринонот црнила на тоалетот,денеска сум чиста ко солза...се надевм дека има бебе и дека е тврдоглаво...па вака што ме мачи...




Ana7 -> RE: Вештачко оплодување V дел (1.8.2014 15:44:58)


ИЗВОРНА ПОРАКА: весник

ми рекоа да продолжам со терапијата,во никој случај да не ја прекинувам.да направам тест во понеделник и да им јавам.е сега сестрата ми вели не мораш да правиш тест со вредности,направи само тест кој покажува дали е позитивен или не ама преку крв.е сега таа ми рече дека многу рано сум направила тест,бидејќи тоа ми доаѓало неполни 14 дена.таков тест кој покажува само позитивно или негативно е 150 ден.а овој со вредности е 500 ден.овде кај мене во мојов град.а во систина е 550 ден без вредности со 1000 ден со вредности.незнам што да правам???вчера имав од кринонот црнила на тоалетот,денеска сум чиста ко солза...се надевм дека има бебе и дека е тврдоглаво...па вака што ме мачи...

Направи си со вредност за 2 дена или во понеделник за да си видиш и дали правилно ти се дуплира бетата, стискаме палци, за црнилото не се плаши тоа е стара крв.




kapina -> RE: Вештачко оплодување V дел (1.8.2014 15:46:22)

A oti vesnik kaj vas nema li nekoja laboratorija sto ispituva betahcg ne na privatno mene zatoa mi naplakaa samo 40 den togas so kartonce jas ke pravam IVF krajta na septemvri




Kaya -> RE: Вештачко оплодување V дел (2.8.2014 11:27:36)

Девојки, здраво..Честитки до новите трудници! Моето ин витро се одложи и затоа ништо не сум пишала. Кога дојде време да почнам со боцкање, ми видоа задебелен ендометриум па морав да правам хистероскопија, за де исклучи евентуална атипија, со оглед на тоа дека имам и пцос. Добро е што тоа се заврши добро и еве сега пак пијам јасмин и на 21 ден треба да одам да ми се одреди терапија. ме интересира од прилика колку време трае терапијата и што е следно..поздрав[sm=smiley1.gif]




Anonimen -> RE: Вештачко оплодување V дел (2.8.2014 12:10:20)

Sto e toa atipija i kakva vrska ima so pcos? DEka i ja sam so pcos pa zatoa prasuvam




Anonimen -> RE: Вештачко оплодување V дел (2.8.2014 12:13:15)

i ako mozes da mi kazes vrz osnova na sto vaucer ti dadoja deka gledam edna inseminacija imas pravano? oti i jas sum so pcos pa ne mi davaat dodeka ne napravam 4 inseminacii maz mi ima normalen spermogram dali radi toa...[sm=smiley19.gif]




kapina -> RE: Вештачко оплодување V дел (2.8.2014 15:37:55)

Toa kakva terapija ke primas zavisi od doktorot on odlucuva sto ke primas. vrz osnova na sostojbata na tvoite jajnici




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (2.8.2014 16:47:21)

Kaya, милo ми е штo ни пишa. сегa нa срединa нa циќкис ќе ти дaдaт инекции зa смирувaње нa твoите хoрмoни, пa кoгa ќе дoбиеш ти испитувaaт естрaдиoл, aкo е низoк пoчнувaќ сo стимулaцијa 7-10 денa oтприликa, пa пoтoa пaк естрaдиoл мерaт, требa дa е висoк, пa пункцијa пoтoa трaнсфер и пo две недели тест.
aнoнимен, aкo е вo ред спермoгрaмoт мoрa четири инсеминaции.




весник -> RE: Вештачко оплодување V дел (3.8.2014 16:01:53)

Од сабајле ме болеше стомак како за добивање и денес прокрварив не само при бришење туку и на влошка.толку било.многу боли душава ме боли,не успеавме.само се прашувам зошто имав иако ниска но сепак позитивна бета???




kapina -> RE: Вештачко оплодување V дел (3.8.2014 16:49:19)

Vesnik utre izmeri kolku ti e betahcg dali e padnala




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (3.8.2014 19:54:14)


ИЗВОРНА ПОРАКА: весник

Од сабајле ме болеше стомак како за добивање и денес прокрварив не само при бришење туку и на влошка.толку било.многу боли душава ме боли,не успеавме.само се прашувам зошто имав иако ниска но сепак позитивна бета???


Весник, измери бета утре, па да видиме што е. Позз




kapina -> RE: Вештачко оплодување V дел (4.8.2014 12:10:29)

jas zakazav kaj lazarevski za 17 septemvri




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (4.8.2014 12:25:00)


ИЗВОРНА ПОРАКА: kapina

jas zakazav kaj lazarevski za 17 septemvri


Супер капина, овој пат дај Боже да е успешно![sm=smiley1.gif]




kapina -> RE: Вештачко оплодување V дел (4.8.2014 12:28:26)

daj boze sega dodeka sum na odmor ke treba da dojdam na kontrola za stitnata zlezda i prolaktinot kako e inaku ke pocnevme odma so invitro




весник -> RE: Вештачко оплодување V дел (4.8.2014 13:00:28)

падна бетата под 2.толку од мене.Ви посакувам среќа на сите.




kapina -> RE: Вештачко оплодување V дел (4.8.2014 13:06:46)

vesnik zal mi e




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување V дел (4.8.2014 13:15:12)

Весник, навистина ми е жал, но од друга страна имаш смрзнати ембриони, така што наскоро ќе пробаш пак, тоа нека ти биде мисла водилка. Имаме тема Биохемиска бременост, прочитај тука повеќе, имаме пишувано за тоа. Дополнителни испитувања ќе правиш?


*******2014*******
[sm=rozica.gif][sm=rozica.gif][sm=rozica.gif] АКТУЕЛНО[sm=rozica.gif][sm=rozica.gif][sm=rozica.gif]

11.08 - Hopeful - почеток со терапија
/.09 - kapina - почеток со терапија
/.09 - Loveable Me RR- почеток со терапија


=========================

[sm=nosecka.gif]ИСЧЕКУВАЛКИ[sm=nosecka.gif]


=========================

ПОДДРШКА
[img]http://s.rimg.info/b2f7df1390160efd03076835d4d3e16c.gif[/img]

firenca didi, Adelle,gina,Bogdancanka RR, koki12, skopjance, mimiiiiiiiiiiiii, taci14 ,Herco, trust, kapina, cacim, babyhope, LoveableMe RR, I LOVE, baby77, Anna78, kate.., dzvezda, bubble, SOLE, butterfly00, snekki, milasteve, almushka, Yaya,skriena, brm_bm, mery, macika4, весник, marina111
=====================

2014 година
nataly86 [sm=9nebesa.gif] Lina*[sm=9nebesa.gif] Каrma[sm=9nebesa.gif] biljana87[sm=9nebesa.gif] Anonimen[sm=9nebesa.gif] babylove**[sm=9nebesa.gif] avgustina2 [sm=9nebesa.gif] Kolacence [sm=9nebesa.gif] fragolina [sm=9nebesa.gif] lolla [sm=9nebesa.gif] mesecina83 [sm=9nebesa.gif] lily98 [sm=9nebesa.gif] stefanie[sm=9nebesa.gif]





stefanie -> RE: Вештачко оплодување V дел (4.8.2014 13:42:01)

devojki bremena sum [sm=nosecka.gif] kolku samo cudno zvuci [sm=smiley36.gif]
nemozam uste da poveruvam[sm=sloncek.gif][sm=sloncek.gif][sm=sloncek.gif]




stefanie -> RE: Вештачко оплодување V дел (4.8.2014 13:45:38)

vesnik mn mi e zal, se nadevam deka slednata postapka ke bidi uspesna, ne gubi nadez pred se...
kapina srekno imaj uspesna postapka




gina -> RE: Вештачко оплодување V дел (4.8.2014 13:47:21)

stefanie cestitki [sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif] imaj lesna bremenost




Страница: <<   < Претходна страница  73 74 [75] 76 77   Следна страница >   >>