|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  13 14 [15] 16 17   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Прва нова храна на бебето
22.6.2010 17:26:17   
Snowhite RR
Мартинс мам, јас првиот пат му дадов 3-4 лажички сок од јаболко, само сабајлето, а од наредниот ден почнав и насабајле и на одручек. Исто направив и со кашичката. Сепак ти одлучи си.

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 351
   RE: Прва нова храна на бебето
22.6.2010 17:41:31   
Палешка РР
Snowhite, јас на Миа по пет дена од јаболкото и ставив во него малку сварен морков. Знам дека така не треба, треба одделно, но ми беше блуткаво само морков user posted image Но можеш да го свариш, изблендираш и да му дадеш. По правило прво треба се' да се дава како сок, а потоа како каша. Но јас со морковот направив превид user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 352
   RE: Прва нова храна на бебето
22.6.2010 19:34:16   
Snowhite RR
Еве денеска петти ден откако му давам јаболко, сега утре на пример можи да му дадам морков или да направам пауза неколку дена да не му давам ништо??

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 353
   RE: Прва нова храна на бебето
22.6.2010 21:22:48   
Палешка РР
Да, можеш, зошто пауза, нека јаде таму user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 354
   RE: Прва нова храна на бебето
22.6.2010 23:44:51   
Slagjana
Пробав денес со цедено јаболко наместо Хип сок и испи 50мл. Да имаше повеќе може и уште ќе испиеше user posted image . Не го поврати и засега не забележувам осип. Утре ќе пробам пак. Надица и Палешка- ви благодарам на советите.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 355
   RE: Прва нова храна на бебето
23.6.2010 1:05:37   
Snowhite RR
Па не се препорачува многу сок да пијат, така да не мора многу да форсираш со сокот, подобро кашичките да ти ги јади



_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Slagjana)
Непосредна врска до пораките: 356
   RE: Прва нова храна на бебето
23.6.2010 1:13:23   
Snowhite RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite

Кои видови на храна и како да се подготват?
Добро е да ја започните доплонителанта исхрана со сокови и каши од овошје и зеленчук. Продуктите треба да бидат зрели, свежи и здрави. Користет сезонски плодови или плодови кои вообичаено ги употребува семејствоото. Пред да започнете со подготвување на оброкот добро измијте ги плодовите и рацете, а потоа излупете ги. Од овошје се започнува со јаболко, праска, кајсија, дуња, банана, цреша и вишна, круша, грозје. Портокал, лимон, киви и цитрон, како и јагода, боровинка, малина, капина и ибизла ,ожат да предизвикаат алергиски промени и не треба да им се даваат на децата до крајот на првата година.Овошјето  треба да се дава свежо и да се користи веднаш после подготувувањето бидејќи витамините на воздух оксидираат и го губат нивното дејство. При подготвување на овошните оброци не треба да се  додава шеќер.Овошните сокови се воведуваат како меѓуоброк во количество од неколку лажички. Вкупната дневна количина на овошен сок и кај поголемо дете не треба да надмине 100-130 мл, затоа што го намалува апетитот и внесот на други прехранбени производи, а може да предизвика и пролив или болки во стомакот.Првите каши подгответе ги од еден вид на овошје или зеленчук, а подоцна приготвувајте мешан оброк од повеќе производи кои детето претходно ги јадело. Од свеж зеленчук може да се подготви сок (домати, краставици, цвекло, морков) а од обарен зленчук разни видови каши.Се препорачува комбинација од еден подземен(коренесет) и еден надземен (лисест) вид зеленчук (компир со спанаќ, морков со карфиол, тиквичка со морков). Не додавајте сол! Зеленчукот содржи доволно минерали, а вишокот на сол е штетен за бубрезите.Мешункаст зеленчук (грав, грашок, леќа и боранија) им се дава на деца во последните три месеци од првата година. Се препорачува кусотрајно да се обарат, да се процеди водата, да се налее чиста вода и да се сварат. Потоа со пасирање пригответе пире. Избегнувајте да употребувате смрзнат зеленчук.

Житарици:

·      Од житните каши збогатени со железо прво се внесува оризот кој лесно се вари, а не предизвикува алергии. Потоа детето моше да јаде и каша од овес, јачмен, пченка. ·      Пченицата може да предизвика алергиски реакции и затоа производите од оваа житарица се внесуваат последни. ·      Житариците можете да ги измешате со овошна или зеленчукова кажа и да приготвите комплетен оброк.  

Месо и риба:

Месото се воведува во исхраната на доенчето во седмиот месец. Пригответе прво месни супи со кои се меша зелнечукот, а потоа миксирана месна каша. До крајот на првта година месото се дава варено, додека подоцна може да се употребува и динстано и печено месо.На детето му се дава прво бело месо од кокошка, немасно јагнешко или телешко месо.Во осмиот месец на доенчето може да му се приготви и црн дроб (јагнешки, телешки, пилешки) бидејќи е богат со железо, витамини и минерали. Но ако не сме сигурни дека црниот дроб потекнува од животно кое хрането со природна храна, не се препорачува негова употреба во исхраната на детето.  

Сувомеснати производи, паштети и сл. Не се употребуваат во исхрана на доенчиња и мали деца.  

Рибата може да ја воведете во исхраната после осмиот месец. Рибата мора да биде свежа. Се подготвува на тој начин што прво се вари, се отстрануваат мног внимателно коските и се додава пасиран зелнчук или житарици. Во семејствата оптоварени со алергија, риба му се дава на детето после првата година.  

Јајце:

Варена жолчка од јајце можете да му приготвите на детето во седмиот месец, додадена во зелнечукова каша или во сок. Варена белка од јајце безбедно, но претпазливо се додава во исхраната во втората година.  

Мед:

Мед не се препорачува во исхраната на децата во првата година од животот. Никако не го употребувајте за натопување на цуцлата која не треба воопшто да му ја дадете на вашето дете.

  Кога може да се додаде кравјо млеко и млечни производи?

Неадаптирано кравјо млеко не се препорачува пред деветиот месец. Кравјото млеко нема доволно железо, но содржи повеќе протеини и минерални соли кои претставуваат оптоварување на бубрегот.Секогаш пред употреба сварете го и чувајте го во фрижидер до приготвување на оброкот.Можете да употребите во детската исхрана јогурт и младо, несолено сирење.Во семјствата оптоварени со алергиски болести, кравјо млеко не треба да му се даде на доенчето до првата година. Ако сметате дека на вашето бебе му е доволно вашето млеко, советувајте се со педијатар за дополнителна млечна формула која треба да биде приготвена од протеини на соја.


_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 357
   RE: Прва нова храна на бебето
23.6.2010 10:58:33   
Slagjana
Корисни информации. user posted image за Snowhite

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 358
   RE: Прва нова храна на бебето
23.6.2010 14:08:54   
Палешка РР
Пред еден час на Миа и дадов три лажички разреден јогурт, се надевам нема да има реакција 

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Slagjana)
Непосредна врска до пораките: 359
   RE: Прва нова храна на бебето
24.6.2010 16:32:02   
Тања РР
Е па бидна. И дадов на Јана 2-3 мл свежо исцеден сок од јаболко.user posted image user posted image user posted image
Слатката таа, на почетокот беше збунета, кога првпат го осети вкусот цела се собра, се скисели, ама не се откажа. После неколку капки ја разбра финтата и сама почна да овара уста за да и го ставам лажичето.
Се надевам дека нема да има никаква реакција па утре ќе пробаме повеќе.
Се стопив додека ја хранев, колку било убавооооооооооо!


_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 360
   RE: Прва нова храна на бебето
24.6.2010 16:34:21   
Палешка РР
Создравје да си јадете!!!
Ете и мене ме стопи со твојот пост user posted image


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 361
   RE: Прва нова храна на бебето
24.6.2010 16:42:34   
amelbebe
milo mi e Tanja sto pocnavte da se hranite lazice po lazice do uspehuser posted image

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 362
   RE: Прва нова храна на бебето
24.6.2010 22:31:48   
Martins mom
ИЗВОРНА ПОРАКА: Тања

Е па бидна. И дадов на Јана 2-3 мл свежо исцеден сок од јаболко.user posted image user posted image user posted image
Слатката таа, на почетокот беше збунета, кога првпат го осети вкусот цела се собра, се скисели, ама не се откажа. После неколку капки ја разбра финтата и сама почна да овара уста за да и го ставам лажичето.
Се надевам дека нема да има никаква реакција па утре ќе пробаме повеќе.
Се стопив додека ја хранев, колку било убавооооооооооо!



Леле кажи Тања, чувството е единствено...
user posted image user posted image user posted image за Јана, само нека си ручка таа...Ете и јас на Мартин 2-3 дена му давав сокче, па утре планирам да му ја дадам првата кашичкаuser posted image

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 363
   RE: Прва нова храна на бебето
24.6.2010 22:39:23   
Палешка РР
Браво за малите Рингерајковци кои растат. Миа веќе наголемо јаде јогурт, па мислам дека е време да и ставам и едно рипче внатре, со што ќе заплива во светот на глутенската исхрана.
user posted image


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 364
   RE: Прва нова храна на бебето
24.6.2010 22:43:19   
Martins mom
еее..па Миа е веќе голема женска, може да премине на глутенuser posted image ...а на какво рипче мислиш Палешка??? На оние грицки, квики, микиuser posted image user posted image user posted image

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 365
   RE: Прва нова храна на бебето
24.6.2010 22:46:03   
Палешка РР
Да, докторката така ми рече и ми нагласи НИКАКО смоки user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 366
   RE: Прва нова храна на бебето
24.6.2010 22:50:01   
Тања РР
Смоките најверојатно заради кикиритките, нели Палешка?
А ќе и ја столчиш рипката?
Среќно Миичка!user posted image user posted image


_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 367
   RE: Прва нова храна на бебето
24.6.2010 22:52:38   
Палешка РР
Да, заради кикиритките. Па веројатно ќе ја сомелам или столчам Тања.
Се плашам, но веќе има 6 месеци и потребите за храна преку ноќ се зголемија user posted image


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 368
   RE: Прва нова храна на бебето
24.6.2010 22:53:45   
nadica
незнам зошто не смоки ама сите др го кажуваат истото а пак сите деца се луди по смоки па и надица моја user posted image user posted image user posted image кога не сака ништо да јаде и нудам смоки со јогурт/кисело млеко и нема утка user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 369
   RE: Прва нова храна на бебето
24.6.2010 23:00:10   
Snowhite RR
Смоките заради солта јас мислам

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 370
   RE: Прва нова храна на бебето
24.6.2010 23:26:19   
Medo
ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка

ИЗВОРНА ПОРАКА: Medo

Планирам следно да биде компир, круша и тиква.


Медо кај ќе најдеш тиква, не е рано? Јас едвај чекам да излезат user posted image


Па ќе купам кашичка - нема друго

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 371
   RE: Прва нова храна на бебето
25.6.2010 10:59:17   
Martins mom
ми текна да си прашам...дали може да се дава сок од краставица??user posted image user posted image

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот Medo)
Непосредна врска до пораките: 372
   RE: Прва нова храна на бебето
25.6.2010 11:28:49   
Martins mom
првиот обид за јадење кашичка е завршен успешно user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 373
   RE: Прва нова храна на бебето
25.6.2010 14:59:03   
Палешка РР
Миа денес јадеше за прв пат глутенска храна user posted image Еве 2 часа поминаа, нема осип, нема повраќање, уште ако нема промени на столицата, ни се отвора нова палета на исхрана. Јупиииии user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 374
   RE: Прва нова храна на бебето
25.6.2010 15:11:04   
Тања РР
user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image за Миа и Мартин.
Јас ја чекам Јана да стане за да пиеме сокче од јаболче. Да и го разредам ли со водичка? Имам неотворена Хип вода ама не знам колку време трае после отварањетоuser posted image


_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 375
Страница:   <<   < Претходна страница  13 14 [15] 16 17   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  13 14 [15] 16 17   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?