Calypso
|
Во контекст на погорните муабети - точно дека секоја мајка си знае најдобро за нејзиното дете - ама гледам дека многумина имаат погрешни информации во однос на тоа кои продукти се алергени, а кои не. Црешите и вишните може да се даваат слободно меѓу првите овошја, не се алергени - проблемот со нив е што знаат да бидат тешки за стомакот, и затоа не се препорачува рано да се воведат. Син ми во 6 месец јадеше и цреши и вишни - по неколку, испасирани или рендани заедно со друго понеутрално овошје. Јас практикувам вишните да ги давам со банана, оти е блага, да не мора да додавам шеќер, а син ми најмногу ги сака во овошен јогурт направен од неколку вишни, една банана, јогурт/кисело млеко/павлака (што ви се наоѓа по дома) со една лажица овесни снегулки. Шеќер нема потреба да се додава. Павлака не се дава на мали бебиња, не значи дека може да ја давате ако детето јаде кисело млеко и јогурт - почекајте со неа барем до година, јас пред година не дадов павлака. Шеќер има во сите готови овошни кашички, било да се на Хипп, Фрутек, Бебивита или некој трет. Не се лажете дека кашите на Хипп не содржат шеќер. Не може без шеќер, мора да има, за да стојат толку, покрај сите оние конзерванси кои ги содржат. Така што, најдобар избор за детето е домашно, ама проверено (што ретко се наоѓа). Што се однесува до солта, па и јодот - не мора преку солта да се внесува во организмот - Ивоничка, може дома да чуваш шишенце со јод кое ќе стои отворено неколку часа, испарлив е, убаво е да се вдишува, ама нема да го чуваш во дневна, ќе го чуваш во wc, таму најмалку престојувате, ама секако ќе биде доволно за сите, па и за бебето. Јас сол почнав ептен малку да ставам некаде после 9 месеци, ако не се смета солта во сирењето.
_____________________________
All that is gold does not glitter, Not all those who wander are lost; The old that is strong does not wither, Deep roots are not reached by the frost.
|