Hopeful RR -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела ( II дел ) (9.11.2014 12:50:37)
|
Ставам секој четврти ден, пред хематомот по 1/2, а сега една цела ампула. Во работни денови одам кај матичната докторка (не гинеколог, него обична матична), тие се фини и ме боцкаат редовно, а за викенди одам во дежурната амбуланта кај мене во маало. На дежурен одам пешки, на 2 мин ми е, а кај матичната одев со кола пред хематомот и со такси после тоа, затоа што не смеам да возам. Овие ги ставав и после секоја инсеминација, а и сега со ивф-то, и тоа за тајмингот неколку пати ми го кажаа во Систина, и тогаш и сега. Не би ја ставала сама затоа што е мрсна и тешко се става, башка боли потоа, и сепак ја препуштам на професионалци.
|
|
|
|