Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување VI дел (21.1.2015 16:57:09)
|
весник, не мисли сега на септумот, верувај му на докторот. Изгледа бил мал септумот штом рекол да не се закача, и сега пред ЕТ не ти требаат и такви мисли и плус нервози. Чудно ми е зошто не го извадиле на хистероскопијата, веќе кога го виделе, но нејсе, биднало. Инаку има голем број жени кои не ни знаат дека имаат септум, па дури и комплетно поделена матка, па имаат нормални бремености, така што олабави се [sm=smiley1.gif] А ова нашево читање и пишување е посебна дисциплина, јас дури на мм му викам дај да специјализирам гинекологија, без медицински факултет, ионака се научив [sm=smiley36.gif] Среќа па тој не ми мрчи за РР, дури и сам ме прашува за други случаи, искуства и мислења.
|
|
|
|