Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување VI дел (26.1.2015 11:05:35)
|
kate.., и јас се боцкав со фостимон, многу се полесни за поднесување во однос на другите, и може и затоа помислив дека си со други [sm=smiley36.gif] Како и да е, со среќа, и пишувај ни како ќе се одвива постапката! nadesh, браво за јајце клетките!!! Ајде нека се оплодат сите, нека се развиваат како што треба и наскоро назад во меше [sm=smiley1.gif] Во однос на муабетот за сопрузите, мислам пишав и своевремено, најдобро е да се договорат некои работи однапред. Тоа дека терапијата е напорна и целиот овој процес мачен - јасно, но тоа дека треба да бидат и двајцата партнери добро расположени и смирени во текот на целата постапка е подеднакво важно. Јас на мм му реков дека во тој период ми треба максимална поддршка во смисла на муабет, однос, насмевка на лице, средување низ дома, и дека не сакам ни да чујам за нешто лошо, стресно или не знам што, едноставно во тој период нека се воздржи пред мене. И така и се случи - мм не ме замараше со секојдневни тековни нервози какви што редовно се појавуваат, не мрчеше дека се сам прави, дека сум полудена и што се не, притоа беше позитивен и расположен, и тоа многу ми помогна. Јас разбирам дека и мажите се под голем општествен притисок да бидат јаки и силни постојано, и дека не им се дозволува да крахираат, па реагираат чудно, ама едноставно, ивф е приоритет и на двајцата и мора секој да го одигра својот удел. Многу ме нервираат мажи на кои им е проблем да се погрижат за јадењето, за средувањето по дома или за чистењето, посебно па во ваква ситуација, и и прават гилт трип на жената.
|
|
|
|