RE: Вештачко оплодување VII дел (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Проблеми со забременување



Порака


LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување VII дел (31.1.2016 16:07:31)

Нинa, мaчкaј се сo хепaтрoмбин мaст. Пoзз




Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување VII дел (31.1.2016 16:21:02)

Нина, доколку се мали од 1-2см, модриците се нормални. Ако се големи подливи, накај 6-7см, јави се кај сестрата.

Магдаленка, те читам и точно знам што те вознемирува. Искрено, јас токму тоа и го добив во целиот процес, не броев милиметри на фоликули или ендометриум, не зборев за бројки и вредности, и куп други аспекти. Докторот го правеше сето тоа наместо мене, многу јасно, и тоа што не разговараше за секој детал, не значи дека не беше внимателно анализиран, обмислен и истретиран.
Да, секако дека на пункција се доаѓа на празници, во неработни денови, се што треба. Јас имав ЕТ во недела сабајле, живо пиле немаше во болницата.

Имав впечаток дека не ми се кажува се, дека понекогаш ме брзаат, но постфестумски, така и требало - нема сега за секое мерење естрадиол да зборуваме по половина час... Но, кога дојдоа клучните моменти, воопшто немаше брзање. Имаше внимателност и оптимизам, опуштен лабав муабет за да немам паники самата јас. Докторот добро процени каква сум и каков однос треба да има со нас. Не е убаво чувството дека си на лента, и затоа стојам на ставот дека треба да разговараш со повеќе доктори и да видиш кој каков впечаток ќе ти остави, како ќе се поврзете, па тек тогаш да донесеш одлука. Интутивно, ќе знаеш кога некој се грижи за тебе.

Пиши ни што и како ќе одлучиш, те мислиме.




Magdalenka -> RE: Вештачко оплодување VII дел (31.1.2016 16:54:06)

Kapina, mislam deka na Vea invitroto bilo mnogu dobro sledeno. Edinstveno neznam dali mozela da se koregira terapijata za da nema hiperstimulacija. Od ona sto imam citano ima lekovi koi kontroliraat hiper da nema efekt na celo telo t.e. da ostane samo nas nivo na jajnici. Nekoja devojka tuka kaza deka vo turcija i davasle lekovi za toa. Od drugo mesto sum procitala deka pregnilot ili bilo koj beta hcg sto se koristi pred punkcija e problemot. Dolgo vreme mu treba da se isfrli od organizmot. Go laze deka ima bremenost i estrogenot i drugite nesta rastat. Podobro e ako se koristi LH koj vsusnost i e hormonot sto teloto go laci za da ima ovulacija. Ama pak, od citanje do praksa ne treba jas da znam.
Inace i Vea sigurno imala 15 min max za da mu objasni i si vikala zosto se vaka na brzina. Ama koga gledame kako nekoj raboti brzo i tocno toa ne ni smeta, ama ako e na naset_o telo se plasime.

Inace eve moj primer za nevnimanie.
Ne go sfakjajte kako negativna energija ili deka lekarot e los. Mozebi samo mene ne mi se pogodil.
I iako mi e seuste na spisok na dobri lekari bas zaradi ova iskustvo neznam dali mozam da mu veruvam za invitro.

Pravev inseminacija kaj Lazarevski. Imav enterokoka na cerviks. Go prasav dali kje smeta zosto ne bev stimulirana i mozev i prirodno doma. Nestimulirana znaci mi dade 5 dena po pola apce clomifen 25 mg samo za mini regulacija na progesteronot posle ovolacija. Nemase potreba ni od pregnil ni nisto ako pravevme deca doma. Cerviksot e filter ne pominuva niz nego taka lesno bakterija kako koga kje se vnese mehanicki so cevce ili bilo sto. Mazot mi kje zemese amoksiklav tie nekolku dena i kje bese zastiten. Mi rece nema problem kje ti dademe amoksiklav intervenozno i kje bide se ok.
Prva greska mi ja dadoa inekcijata na 18 mm folikula. Jas prirodno ovuliram na 23-24. Toa mi e provereno mnogu pati na eho. Plus vekje imav bremenosti zad sebe i site bea bas na pogolemi folikuli. A i znam deka na 19-20 najmalku se dava. Mene za da mi etaman trebase da e na 20-21 mm. Ama denta pokasno toj ne bese na rabota.
Vtora greska stignuvam na insrminacija i anita mi vika nemame amoksiklav intervenozno odi simni se do apotekata i kupi. Odi mazot mi i mu vikaat toa samo bolnicki se dava tie smeat da go naracaat nie kako apoteka nikogas ne drzime amoksiklav za intervenozno. Inace inseminacijata digovorena nekolku dena pred toa, znaci mozele da naracaat. Lazarevski vika pij amoksiklav nekolku dena. Anita vika ako najdete nekade dojdete kje ti dadam. I zatoa sto nema vo apoteki nie barame vo bolnici. Naogjame vo 8mi septemvri preku vrski. Ot tamu se javuvaat vo sistina za da dobijat soglasnost da mi dadat. Anita vika nema potreba. I taka ne mi dadoa. Iskacam od 8mi septemvri i ja baram anita. Ja prasuvam zosto rekla da ne mi davaat. Veli lazarevaki ne bil tamu da go prasa, iskocil porano. Togas sfativ koe e nivoto na negriza. Toa bese cetvrta greska so terapija sto anita ja napravi i uste ednas ne otidov tamu bez razlika sto lazarevski e kvaliteten. Jas stalno vikam deka ribata smrdi od glavata i ako sestrata raboti loso toa e zosto toj i dozvoluva, za negovata rabota toa kazuva.
Inace da naglasam deka vo periodot pred toa imav ispieno tolku mnogu antibiotici zaradi silno vospalenie sto stomakot prestanuvase da mi raboti bukvalno. I zatoa bese vazno intervenozno. Malku polesno kje bese za stomakot. Zosto iako so bakterija pravev pauza od antibiotici ednostavno bese premnogu ama barem vospalenie nemase vo toj period.

I prestanav da veruvam vo srekja deka nesto tuku taka kje se sluci. Za mene srekjata e uspehot posle naporna rabota.




Magdalenka -> RE: Вештачко оплодување VII дел (31.1.2016 17:10:11)

Mislam deka treba da pocnam da razmisluvam kako Vea i Hopeful. Doverba vo lekarot sto kje go odberam, bez premnogu prasanja i 100 pati mislenje na edno isto i da gi zaboravamk losite nesta od minatoto.




Bea -> RE: Вештачко оплодување VII дел (31.1.2016 18:05:03)

Magdalenka, zal mi e za toa sto se slucilo. Ako ti e od pomos, kako sto kaza Hopeful, mozebi intuitivno najdobro ke si go odberes doktorot, zosto tuka nema kalkulacii. Napravi konsultacii, pa ke vidis koj ke klikne najdobro :)




simpaticna -> RE: Вештачко оплодување VII дел (31.1.2016 18:11:54)

Zdr devojki na site koi ste vo postapka so ivf vi posakuvam sto poskoro da se izraduvate so
[sm=duda.gif] nikogas ne se otkazuvajte sekogas glavata nagore eve jas pred tri godini pravev ivf i ja imam mojata 3 godisna princeza no ne e samo toa posle edna godina ostanav prirodno bremena koja zavrsi so spontan vo 9 nedela pred 11 dena se porodiv rodiv masko koe zabremeniv i ovoj pat prirodno kako gospod sto e nikoj ne e veruvajte ne se otkazuvajte sekokas so pozitivni misli samo napred izvinete za goleniot post [sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley1.gif]golemiot post[sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif]




Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување VII дел (31.1.2016 18:26:00)

Magdalenka, се изнервирав читајќи те. Да, ова е пример за невнимание, и за жал, докторите знаат да имаат таков лабав однос со инсеминациите.

Кога јас правев инсеминации, исто кај Ивановски (сите процедури ми се кај него, немам сменето доктор) со сопругот добивме таков впечаток дека ги прави реда ради, и на 3та или 4та, сопругот тоа и ми го спомна, као на шала на смеа, ама му го кажа. И Ивановски се усериозни, као да се поднавреди малку и изричито рече дека не прави ништо реда ради, сеедно која по ред инсеминација е. И колку за инфо, баш таа инсеминаци и фати, но излезе биохемиска.

Нејсе, во твојот случај се плашам дека Анита е повеќе виновна, но било како било, да го оставиме тоа зад нас. Разговарај со Лазаревски за ивф, и види каков впечаток ќе ти остави. Спореди го чувството на безбедност и доверба со него и со други доктори. Битно е да се чувствуваш дека некој те држи за раче и дава се од себе да ти помогне. Ако после одлуката, на почната постапка се осетиш дека те третира како на лента, побуни се, барај плус консултации, кажи дека не разбираш, кажи дека сакаш да разговараш... ние сме останувале со часови во ординација за да добиеме одговори, и докторот останувал и преку работно време за да објасни. Е друг пат, било за 5 минути, сега тоа е.

Понекогаш е подобро да не се информираме многу многу, туку да оставиме и мал ирационален момент во целата постапка, наречи го интуиција, наречи го верба, наречи го препуштање, но ете, чисто да си кажеш дека ете, некој таму знае што прави и зошто прави баш така. Понекогаш е добро да се преземе ризик и да се предизвика контролирана хиперстимулација со цел подобри јајце клетки отколку да се оди на безбедно. Плус, прашање е нашето тело колку сака да соработува - имунологијата е страшна работа, сепак моментот на имплантација е мистичен/произволен/рандом/божји чин... Сепак, ивф е голема мистерија и за докторите, да беше се така едноставно и лесно пресметливо, сите ќе останувавме бремени од прв обид. Има многу фактори што влегуваат во игра, и докторот едноставно не може да знае и предвиди се.





kapina -> RE: Вештачко оплодување VII дел (31.1.2016 18:31:47)

Jas zasto ne kontaktiram so nea tuku samo so doktorot mu pisam na email i gotovo sega bas mi pisa na emailot za folgard da teram so niv do ET

Oti na anita rabotata i e da prenese sto da kazal doktorot i da zakazuva termini a jas licno si pisam so doktorot na email i so anita voopsto si nemam kontakt si ima na fb stranata email na sekoj od doktorite od sistina i nema zasto da se javuvam tamu taman rabota jas se da japrasuvami da i kazuvam sto kako e bidelo na sestra anita a lazarevski i endokrinologot dr iskra se kazi reci nonstop dostapni za mene i bas takvi lekari mi trebaat sto sorabotuvaat megusebno za mojot slucaj oti ovaa rabota mislam na invitroto treba da se rabote timski

Na mene bas zatoa oti ne moze da predvide se doktorot lazarevski mi kaza oti ne ocekuvase da ja izgubam pak da kazeme bremenosta oti bese biohemiska a sto im znace toa sekundaren sterilitet taka napisa dr trajkovski zavcera na izvestajot




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување VII дел (1.2.2016 9:59:00)

Симпатична, честитки мила за синчето, успешните ИВФ приказни како твојата пред три години со девојчње се вистинско охрабрување за сите нас овде.

Магдаленка, многу е важно да имаш добра комуникација со докторот и сестрата, ако тоа не ти успеало кај Лазаревски, барај друг доктор и види со кого ќе се чувствуваш најпријатно и ќе се обидеш да му веруваш. Само така можеш да успееш. Сите ние постојано сме се оптоварувале и прашувале кај разни доктори, но многу често успешно ИВФ е сплет од неколку фактори: докторот да ти ја погоди терапијата, ембриологот да ја заврши работата и Господ да помогне, така што не се преоптоварувај многу за се, некои работи се едноставно надвор од нашата моќ. Што и да решиш, со тебе сме![sm=bravo.gif]




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување VII дел (1.2.2016 10:01:37)

kiki83, како си што правиш, одамна не си пишала? Шеткаш, одмараш? сашаичико, зборувавте ли со докторот, што кажа? Пинки30, дали знаеш отприлика кога трансфер?

*******2015*******
[sm=rozica.gif][sm=rozica.gif][sm=rozica.gif] АКТУЕЛНО[sm=rozica.gif][sm=rozica.gif][sm=rozica.gif]

00.01- kiki83- почеток со терапија (Гуржановска, Њуборн Клиник)
27.01-LoveableMe RR - почеток со терапија (Ивановски, Систина)
00.02- Pinky30 -трансфер со смрзнати ембриони (Петановски, Ремедика)
00.02.-MademoiselleNina-пoчетoк сo терaпијa (Ивановски, Систинa)
00.02-Sandra36-почеток со терапија (Димитров, Ремедика)


=========================
[sm=nosecka.gif]ИСЧЕКУВАЛКИ[sm=nosecka.gif]

20.02- kiki83 = пункција 25.02=ЕТ


=========================

08.02 - kik83=ТЕСТ


2016 година

[sm=9nebesa.gif][sm=9nebesa.gif] [sm=9nebesa.gif] [sm=9nebesa.gif]




Kvisko -> RE: Вештачко оплодување VII дел (1.2.2016 12:37:53)

Loveable сега сфатив дека и ти си во постапка. Се надевам ќе ти биде последна и ќе славиме. Секако тоа им го посакувам и на сите другинод списокот.

Magdalenka често е тешко да се препуштиме во постапката и да оставиме лекарот да се замара со мислењњ, следењд и слично. Од лично искуство само да ќе ти кажам дека што помалку мислиш во текот на постапката тоа подобро. Секако прво треба дс најдеш лекар со кој ќе "кликнете" ама немој да имаш превисоки очекувања од аспект на објаснување и држење за рака. Јас лично во моментов во раце држам синче од три недели од прв обид за ин-витро кај Димктров. Во текот на постапката ниту еднаш не прашав колкј фоликули имам зошто таа терапија и слично. Од старт бев предупредена дека сум кандидат за хиперстимулација и ако треба ќе имам одложен трансфер итака и бидна. Хиперстимулацијата сама по себе не е проблем ако на време се реагира и се превенираат последиците. Докторот тука изреагира како што треба и толку. Наредниот месец имав трансфер на смрзнати бластоцисти и потоа позитивна бета. Некогаш само треба да сд препуштиш на текот на процесотни тоа е тоа. Совршено и идеално нема никаде. Има само добро урамнотежено.




Pinky30 -> RE: Вештачко оплодување VII дел (1.2.2016 12:54:43)

LoveableMe neznam sega na 03.02 ke odam da se dogovorime...dva meseci ciklus dobivam na 11-ti i se nadevam deka ke bide i ovoj pat tocno na vreme i da mi napravi histero i skreching i koga ke kaze za transfer togas...ama mislam deka ke bide odma za dodeka e taze skrechingot....pa ke vi pisam koga sto i kako sme se dogovorile...Utre samo brisevite da gi zemam da se ok i tolku ke mi olesni posle...Sakam i klamidija preku krv da proveram za sekoja sigurnost...sum nemala nikogas vaginalno no za sebe da proveram i toa...zosto ima biohemiski dve edna po druga a imam slusnato i za takov slucaj na moja prijatelka so cesti spontani vaginalno ja nemase ama preku krv i ja najdoa i taka sube me fati...Ti kako se osekjas so terapijata?




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување VII дел (1.2.2016 15:09:31)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Kvisko

Loveable сега сфатив дека и ти си во постапка. Се надевам ќе ти биде последна и ќе славиме....


Фала ти Квиско за убавите желби, се надевам ако даде Господ наскоро да се придружам на списокот за трудници[sm=smiley1.gif]

ИЗВОРНА ПОРАКА: Pinky30

Loveable...Ti kako se osekjas so terapijata?


Пинки30, имав пишано и претходно, циркуси плачки емотивност, што да ти кажувам, но јас си знам веќе пошто исто ми беше и со другите терапии, навечер лошо спијам се потам, ме мачат немирни соништа и така, ама што да правиме сме се фатиле на орото, мора да го доиграме[sm=smiley1.gif]. Ти посакувам после скречингот да имаш успех со трансферот и да бидеш убава мамичка.[sm=jezicek.gif]




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување VII дел (1.2.2016 15:18:43)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Pinky30

......Utre samo brisevite da gi zemam da se ok i tolku ke mi olesni posle...Sakam i klamidija preku krv da proveram za sekoja sigurnost...sum nemala nikogas vaginalno no za sebe da proveram i toa...zosto ima biohemiski dve edna po druga a imam slusnato i za takov slucaj na moja prijatelka so cesti spontani vaginalno ja nemase ama preku krv i ja najdoa i taka sube me fati...


Pinky30, за ова имаме посебна ТЕМА, кликни ако сакаш повеќе искуства за тоа.




Среќичка -> RE: Вештачко оплодување VII дел (1.2.2016 21:44:53)

Јас имав на резултатите од урина бактерии ++ и немав проблем.




bitolcanka82 -> RE: Вештачко оплодување VII дел (1.2.2016 22:39:21)

Pinky sakav samo da ti pisham vo vrska so klamidijata.Na site vaginalni brisevi beshe negativna i neznam isto kako tebe od slushanja ja proveriv preku krv, ispadna deka e stara infekcija i seushte ja imam ustvari IGG i IGA pozitivna ispiv edna doza antibiotici bash pred pocetok na ifv.Za da ne si pravam negativni misli ne ja ispitav povtorno prodolziv so postapkata i se beshe vo red.Mozebi imashe vrska so antibiotikot sho go ispiv ili ednostavno taa pravi problem samo ako ja ima vo cerviks taka mi kazaa, ako izlezi pozitivno mozi ja ima vo oko ili grlo i treba da pravish eden kup brisevi i terapii.Moj sovet e ako ja nema vo cerviks da ne se zamarash poshto kolku poveke barash tolku i ke najdesh za somnez.Mene taka mi veleshe doktorot.Bidi pozitivna veke napravi dovolno sega posle skrechingot samo opushteno i ke bidi se vo red..Pozz




kapina -> RE: Вештачко оплодување VII дел (2.2.2016 0:05:41)

Jas go imav toa iskustvo od pregnilot so prvata inseminacija napraviv test nekade posle 5dena i izleze lazno pozitiven a sega so invitrata ne bese taka si cekav posle 14 dena od et i ne bea lazno pozitivni za zal a za klamidijata pak ednas ja imav taka se pokaza na brisot no posle preku krv nemase nisto i ne primav nikakva terapija posto preku krvta nemase nisto i posle toa nikogas poveke ne izleze nisto na brisevite




kapina -> RE: Вештачко оплодување VII дел (2.2.2016 0:07:33)

Inace da za da ne dojde do hiperstimulacija davaat dostinex i mene dr lazarevski mi dade ama posto jas veke piev bromergon rece da ne go zemam




simpaticna -> RE: Вештачко оплодување VII дел (2.2.2016 7:34:25)

Fala mnogu loveableme da se docekas i ti so bliznaci nemam mnogu vreme da vi se pridruzuvam ne me ostavaat decinjata okolu niv imam mnogu obvrski otkazuvanje nema gospod pravi cuda veruvajte koga najmalku ocekuvav ostanav prirodno bremena na site vi posakuvam sto poskoro da si imate[sm=duda.gif] [sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif]




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување VII дел (2.2.2016 9:24:36)

Madgalenka, имаме посебна ТЕМА, ќе ти пишам таму. [sm=smiley1.gif]

Simpaticna, фала за убавите желби, ти посакувам се најубаво со малите палавковци.[sm=jezicek.gif]




bambina34 -> RE: Вештачко оплодување VII дел (2.2.2016 11:25:09)

slabo sum aktivna periodov ,ama ve citam ..Loveableme so sreka mila i da ne izraduvas so pozitivna beta ..




sasaiciko -> RE: Вештачко оплодување VII дел (2.2.2016 13:27:48)

Razgovaram so dr i mi kaza i ovaj pat ke probame po priroden pat se da bide,pa da se nadevame ke bide se kako sto treba.Me interesira koga se pravi invitro po priroden proces osven potrebnite (folna,vitamin e,zink)i proteinska ishrana i najvazno pozitivni misli dali e potrebno i vnes na nekoi drugi vitamini,hrana slicno




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување VII дел (2.2.2016 15:39:43)

Фала ти бамбина34, кај тебе исто што поскоро. Што реши, што ќе правиш следно?

сасаицико, со лесно и среќно. Те прашав, мислам не ни пиша, дали имате правено други испитувања, што е проблемот? За исхрана препорачуваат повеќе протеини (може и од растително потекло), омега 3 и мултивитамини за забременување/турдници.




sasaiciko -> RE: Вештачко оплодување VII дел (2.2.2016 15:47:52)

Kajj nas e maski faktor problem.A deneska koga bev na kontrola za teroidnara na endokrinologija dr.me prasa dali imam praveno genetski ispituvanja za dali mozam jas da go zadrzam plodot?iskreno za toa prvpat slusnav i za imunoloski markeri na teansfuziologija?Dali nekoj go ima ova peavwno?nie na 06.12 2015 go pravevme vtoroto invitro i nikoj do sega ne mi gi imase spomenato ovi ispituvanja




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување VII дел (2.2.2016 15:57:42)


ИЗВОРНА ПОРАКА: sasaiciko

Kajj nas e maski faktor problem.A deneska koga bev na kontrola za teroidnara na endokrinologija dr.me prasa dali imam praveno genetski ispituvanja za dali mozam jas da go zadrzam plodot?iskreno za toa prvpat slusnav i za imunoloski markeri na teansfuziologija?Dali nekoj go ima ova peavwno?nie na 06.12 2015 go pravevme vtoroto invitro i nikoj do sega ne mi gi imase spomenato ovi ispituvanja


Имаме тема Што по неуспешно ИВФ?, можеш тука да ги видиш сите теми, вклучително и за генетско-имунолошките испитувања. Мислам да направиш вакви испитувања. Со матката и јајниците се е во ред?




Страница: <<   < Претходна страница  84 85 [86] 87 88   Следна страница >   >>