RE: Вештачко оплодување VII дел (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Проблеми со забременување



Порака


Kaya -> RE: Вештачко оплодување VII дел (2.2.2016 22:15:27)

Здраво девојки:) Пишувам по подолга пауза иако редовно ве следам.. По тешката хиперстимулација направивме два ембриотрасфера, кои за жал не вродија со плод.. Ин витрото и ембриотрасферите ги правев кај Димитров, а за овој кој веројатно ќе биде и последен ( имаме уште 3 ембриони) ќе одам кај Петановски... Во меѓувреме направивме еден куп дополнителни испитувања, сите се добри.. Наредната недела одам на преглед кај докторот па можеби ќе назначи и нешто плус. Ова scratching-ов ми изгледа како метода која ветува, а и искрено се надевам дека Петановски ќе има малку поиндивидуализиран пристап со оглед на тоа дека полицистичните јајници не се едноставен проблем и терапијата не може и не смее да биде иста како кај секоја друга жена.. Како и да е, на сите кои се во постапка им посакувам многу среќа...Се читаме [sm=smiley1.gif]




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување VII дел (3.2.2016 9:26:16)

Kaya, каде сииииииииии? Баш ми е мило што пиша, многу се радувам кога рингерајките се повторно тука и заедно споделуваме искуства. Девојки, пишувајте споделувајте, може ќе помогнеме една на друга, ќе споделиме некои искуства кои можат да бидат од корист за сите нас или едноставно ќе си ја споделиме маката.

Многу ми е жал за хиперстимулацијата што ти се случи тогаш, еве сега читам си имала и трансфери со смрзнати ембриони, баш ми е жал за неуспехот, но ете ако генетско-имунолошките се добри, ако имаш испитано скриен шеќер, витамин Д, ако тироидните хормони и другите ти се ок, тогаш останува да се види матката и јајниците, бар засега од она што читаме и споделуваме, тие се да речам актуелни фактори кои влијаат на ИВФ и кои ги даваат докторите за да следното ИВФ биде успешно.

Да, Петановски ќе те прати кај Кочо Димитровски за се што немаш испитано (ако немаш), а ако веќе имаш се, ќе ги разгледа, па ќе видиш што ќе ти препорача, дали скречинг па ново ИВФ, а да ги оставиш смрзнатите за понатака или нешто друго. Но секога знај, човечкиот организам е мистерија и не се знае кога ќе фати, а треба малку и Господ да помогне.

Скоро чув случај на забременување на жена за второ дете, а првото го добила после не знам колку тешки обиди со ИВФ, докторите и рекле нема шанси природно за второ, мора пак да дојдеш кај нас со ИВФ. Се чудела цела клиника, нема таков случај во медицинските книги... па сега видете дали човекот е доволно медицински испитано суштество.

Пиши ни, со нтерпнение те очекуваме тебе и сите рингерајки кои ги нема подолго време, а сме се дружеле многу овде на форумов. [sm=smiley1.gif]




Pinky30 -> RE: Вештачко оплодување VII дел (3.2.2016 17:07:47)

Denes bev kaj Petanovski i se dogovorivme vo fevruari na toj ciklus da napravime Histeroskopija i Skreching i odma vo mart transfer so zamrznati embrioni...No nesto sto mi padna cudno e sto mi rece da se slusneme kraj na fevruari i 4-5 dena pred da dobijam ciklus tie denovi se pravelo ova za da se zdebelel povekje endometriumot...i skros se zbuniv znam deka site sto ste pravele ste idele na 7-8 den OD CIKLUS... no i sestrata istoto go povtori taka da tie znaat povekje od mene [sm=smiley1.gif]

Vaginalnite brisevi site se negativni toa e dobroto [sm=bravo.gif]

Pa zdravje uste ovoj ciklus taka ke go teram i daj boze ovoj pat da mi se isplatat site nervozi,solzi,bolki,neizvesnosti [sm=smiley36.gif]




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување VII дел (4.2.2016 10:11:35)

Pinky30, јас имам пишано за тоа во соодветната тема, не знам дали ме прочита, мене ми правеа скречинг на 21-ви ден, а се прави од 21-28 ден од циклус претежно, но може и веднаш после циклус, тоа зависи од пациентката и нејзината историја и од проценката на докторот.

Ти посакувам во март да ги видиш двете цртки и да се радуваме сите заедно[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]





LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување VII дел (5.2.2016 12:23:22)

Женски, јас од денес почнувам со по 3 Фостимона,растворени со две водички, добар ми е естрадиолот, така што тоа ми е терапијата плус супрефакт од 0,5 до вторник, тогаш сум на ехо, па докторот ќе одреди како понатаму. Нина, ти до каде стигна? Ќе почнуваш ли со Фостимони или со други инекции? Пинки, те ставам на список за март[sm=smiley1.gif]. Кики83, се ближи денот[sm=smiley1.gif][sm=bravo.gif]

*******2015*******
[sm=rozica.gif][sm=rozica.gif][sm=rozica.gif] АКТУЕЛНО[sm=rozica.gif][sm=rozica.gif][sm=rozica.gif]

00.01- kiki83- почеток со терапија (Гуржановска, Њуборн Клиник)
27.01-LoveableMe RR - почеток со терапија (Ивановски, Систина)
00.03- Pinky30 -трансфер со смрзнати ембриони (Петановски, Ремедика)
00.02.-MademoiselleNina-пoчетoк сo терaпијa (Ивановски, Систинa)
00.02-Sandra36-почеток со терапија (Димитров, Ремедика)


=========================
[sm=nosecka.gif]ИСЧЕКУВАЛКИ[sm=nosecka.gif]

20.02- kiki83 = пункција 25.02=ЕТ


=========================

08.02 - kik83=ТЕСТ


2016 година

[sm=9nebesa.gif][sm=9nebesa.gif] [sm=9nebesa.gif] [sm=9nebesa.gif]




MademoiselleNina -> RE: Вештачко оплодување VII дел (5.2.2016 13:26:36)

ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR
... Нина, ти до каде стигна? Ќе почнуваш ли со Фостимони или со други инекции?.....


јас се уште сум само со супрефакт 0.5. Во средата завршив со микрогинон и сега чекам да ми се појави „добивање“ и да одам на мерење на естрадиол. Се уште нема абер од добивање. :) после тоа ќе ми одреди колку фостимони ќе примам, и дали ќе продолжам со супрефакт.

Модриците ми поминаа, сега имам јаки главобилки и ќе полудам. А кога се прави ехо? И дали се мери само естрадиол или и ФСХ?




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување VII дел (5.2.2016 13:32:32)

Nina, леле не знам за главоболките, јас исто цркам секоја вечер од главоболки, ќе се напијам многу малку морска сол со чаша вода и малце се оправам, пошто претходно само аналгини пиев, се отрув.

Кога ќе добиеш, на 3-ти ден ти мерат естрадиол. Види во шемата, ти пишува дали треба и друго да испиташ на 3-ти ден, тоа докторот го одредува. Мене ми кажа сестрата дека по 5 дена од боцкање со фостимон се закажува ехо, да видат првично колку фоликули има и како докторот да одреди понатаму за боцкање и кога пункција.




MademoiselleNina -> RE: Вештачко оплодување VII дел (5.2.2016 14:00:22)

Нешто ми е нејасно, сега читав на страната на ФЗО и таму никаде не пишува дека се прима Супрефакт, туки неко друг лек Decapepty.
И пишува дека се прават хормонски испитувања три пати во текот на стимулација, кои се тие 3 пати, мене ми пишува само еднаш на денот кога ќе добијам. Исто и за Фоликулометрија пишува дека се прави три пати, а мене ми пишува само еднаш, ако некој може да ми каже, пошто немам живци да се јавувам и да прашувам, не знам зашто се напнав ептен нешто...
„Под р.бр (1)
Гонадотропините се даваат на третиот ден од менструацијата просечно10 дена (8-12) и тоа високо прочистени урофолитропини или rFSH пд 75 IE или 50 IE (Fostimon, Merional, Menopur, Puregon);

Под р.бр (2)Агонисти на GnRH (gonadotropin releasing hormon) се даваат 10 дена пред очекуваната менструација до денот на HCG администрацијата (22-25 дена прпсечно) или како депо форма–една апликација 10 дена пред очекувана менструација и тоа: ампули Decapeptyl (triptorelin) од0,1mg

Под р.бр. (9) Хормонски испитувања, се прават стандардно три пати во текот на хормонската стимулација и тоа кај долгиот протокол со агонисти се тестира нивото на естрадиол, а кај протоколот со антагонисти се тестираат естрадиол, LH (лутенизирачки хормон) и прогестерон.

Под р.бр. (8) Фоликулометрија –првпат се прави петтиот ден од стимулацијата, а потоа најмалку уште 1-2 пати заедно со резултатите од хормонските тестови“




Pinky30 -> RE: Вештачко оплодување VII дел (5.2.2016 14:00:30)

ok Loveableme stavime za Mart [sm=smiley1.gif] zosto togas i transfer ist mesec ke bide [sm=smiley1.gif] a zasto mi rekoa pred ciklus deka ke mi pravat poima nemam ima li nekoj drug kako mene ili jas sum izrod[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]




Pinky30 -> RE: Вештачко оплодување VII дел (5.2.2016 14:13:24)


ИЗВОРНА ПОРАКА: MademoiselleNina

Нешто ми е нејасно, сега читав на страната на ФЗО и таму никаде не пишува дека се прима Супрефакт, туки неко друг лек Decapepty.
И пишува дека се прават хормонски испитувања три пати во текот на стимулација, кои се тие 3 пати, мене ми пишува само еднаш на денот кога ќе добијам. Исто и за Фоликулометрија пишува дека се прави три пати, а мене ми пишува само еднаш, ако некој може да ми каже, пошто нема живци да се јавувам и да прашувам, не знам зашто се напнав ептен нешто...
„Под р.бр (1)
Гонадотропините се даваат на третиот ден од менструацијата просечно10 дена (8-12) и тоа високо прочистени урофолитропини или rFSH пд 75 IE или 50 IE (Fostimon, Merional, Menopur, Puregon);

Под р.бр (2)Агонисти на GnRH (gonadotropin releasing hormon) се даваат 10 дена пред очекуваната менструација до денот на HCG администрацијата (22-25 дена прпсечно) или како депо форма–една апликација 10 дена пред очекувана менструација и тоа: ампули Decapeptyl (triptorelin) од0,1mg

Под р.бр. (9) Хормонски испитувања, се прават стандардно три пати во текот на хормонската стимулација и тоа кај долгиот протокол со агонисти се тестира нивото на естрадиол, а кај протоколот со антагонисти се тестираат естрадиол, LH (лутенизирачки хормон) и прогестерон.

Под р.бр. (8) Фоликулометрија –првпат се прави петтиот ден од стимулацијата, а потоа најмалку уште 1-2 пати заедно со резултатите од хормонските тестови“


Decapepty


Jas primav Decapepty vo GAK isti se kako Superfaktot ne se sekiraj no tamu mi zemaa krv za merenje estradiol na 3 den pa na 5 den pa na 7 den pa na 11 den pa na 14 den i na 18 den punkcija mi napravija i sigurno imaa takov protokolot na GAK i rabotat spored FZO sto pisale...mi ja snema venata na levata raka od ovie bockanja....Tofoski sakase da znae estradiolot kako e i po nego se vodese za punkcija...ama jas mislam da si se olabavis doktorot sto te vodi ke ti kaze se sto treba vo vazisnot od toa kako se razvivaat folikulite ti samo smireno olabaveno tie znaat sto pravat...Jas na GAK imav loso iskustvo i nikad povekje krivo mi e samo sto si go izgubiv vaucerot taka za zabe a polna so nadez bev...no od nedovolno informiranost za zal...zatoa sega duri i plakjam ubavi pari za transferi so zamerznati no znam deka sum vo pravi race.Gak ne se spremni za ivf...em sto mi napravi hiperstimulacija me terase skoro do punkcija so decapepty a jas so pcos...uzas...




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување VII дел (5.2.2016 14:16:41)

Nina, така е но веројатно тестирањата за хормони и за ехо, веројатно ги одредува докторот, зависно од историјата на пациентката. Имам читано овде на форумот дека на некои им прават тестирања на повеќе хормони, освен естрадиол, но повеќето веројатно сметаат дека нема потреба. Не се оптеретувај непотребно, докторите имаат искуство и знаат што даваат. уживај.

Пинки30, јас ти пишав за твојот случај во соодветната ТЕМА, ама ти изгледа не читаш, или слабо се снаоѓаш по сајтов.[sm=smiley1.gif]




MademoiselleNina -> RE: Вештачко оплодување VII дел (5.2.2016 14:23:32)

Како да не се напнувам кога на второто ИВФ на приорден модифициран циклус со блага стимулација, само Цетротиде и Гонал Ф, имав еден доминантен фликул кој не им дозволи на другите 5 да пораснат. и имав само една јк која не се оплоди. Сега пак ако нешто се утне - немам нерви за експерименти. Затоа и отидов кај истиот лекар, бидејќи знае како се одвиваа работите.
Некако многу долго ми се гледа дека примам супрефакт, и самиот лек ми прави нервоза, ќе полудам, не знам со вас дали е исто? И отечена сум и качив 5 кила за 20 дена, нормално ли е тоа ????

Ајде на сите кои сме во постапка побрзо да ни поминат овие денови, и наскоро да се рдуваме мнооооогу [sm=smiley1.gif]




Pinky30 -> RE: Вештачко оплодување VII дел (5.2.2016 14:30:26)

ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR

....Пинки30, јас ти пишав за твојот случај во соодветната ТЕМА, ама ти изгледа не читаш, или слабо се снаоѓаш по сајтов.[sm=smiley1.gif]


Pokasno procitav LoveableMe [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif] se snaogam no kasno palam [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif] Brisi postovi ako treba slobodno [sm=smiley36.gif]

Ti blagodaram od se srce.




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување VII дел (5.2.2016 14:41:44)

Нина, на природен циклус е друго, овде ќе бидеш повеќе стимулирана и ќе имаш повеќе, не се замарај докториве си ја знаат работата, гледај повеќе течности, протеинска исхрана јади, овошје зеленчук, а за килажа тоа е, не си поправена, него се подуваш од хормоните, кај повеќето се јавува тоа. Терапијата е таа, ако ти се чини многу, но мораш да ја издржиш.[sm=smiley1.gif]

Пинки 30, тука сме за што треба.[sm=smiley31.gif]




Среќичка -> RE: Вештачко оплодување VII дел (7.2.2016 14:04:23)

Да се најавам тука - доста демнам од заседа :)
Чекам да добијам (а може и да не добијам - не велам не) и почнувам со Јасмин. Докторот ми е Лазаревски.
Среќно на сите и Господ да не чува!




Magdalenka -> RE: Вештачко оплодување VII дел (7.2.2016 18:52:44)

Девојки, утре поднесувам документи. Имам прашање околу спермограмите. Треба најмалку 2 и од различни институции.
Имаме повеќе ама на последниот искочи малку аглутинација и малку леукоцити. Дали тоа може да е проблем. Иначе пишува нормоспермија. Дали да ги дадам само од хистологија каде што се е супер и се со ок дата. Иначе последниот го направивме на гиникологија за да ни биде од различна институција. Ама за различна имам еден од ремедика од пред 3 години. Само што беше направен пред инсеминација и пишува спермограм за инсеминација. Ги има сите податоци само не пишува нормоспермија.




MademoiselleNina -> RE: Вештачко оплодување VII дел (7.2.2016 22:48:59)

Јас конечно добив циклус, или шо и да е :) 5 дена после последната таблета микрогинон. Утре треба да одам да ми мерат Е2, така ми пишува во листата. Па незнам дали треба да се јавувам прво или едноставно само да отидам.
Едно штшенце супрефакт го завршив денес. Од утре ново. :)




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување VII дел (8.2.2016 9:34:27)

Среќичка, како името ти посакувам наскоро да те огрее среќичка и да те пишеме на списокот за трудници.[sm=smiley1.gif] Нина, ајде со лесно, ти посакувам да ти завршат маките и да те читаме со меше[sm=nosecka.gif]. Мене ме немаше два дена, ама многу имам главоболки бре од ова хормониве и затоа гледав да бегам малце во природа, а богами и аналгините завршија работа[sm=smiley36.gif]. Јас сум утре на контрола, па ќе видиме како ќе се боцкам понатаму.

Кики 83, денес те чекаме со висока бета[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]

*******2015*******
[sm=rozica.gif][sm=rozica.gif][sm=rozica.gif] АКТУЕЛНО[sm=rozica.gif][sm=rozica.gif][sm=rozica.gif]

00.01- kiki83- почеток со терапија (Гуржановска, Њуборн Клиник)
27.01-LoveableMe RR - почеток со терапија (Ивановски, Систина)
00.02.-MademoiselleNina-пoчетoк сo терaпијa (Ивановски, Систинa)
00.03- Pinky30 -трансфер со смрзнати ембриони (Петановски, Ремедика)
00.03-Sandra36-почеток со терапија (Димитров, Ремедика)
00.03-Среќичка-пoчетoк сo терaпијa (Лазаревски, Систинa)


=========================
[sm=nosecka.gif]ИСЧЕКУВАЛКИ[sm=nosecka.gif]

20.02- kiki83 = пункција 25.02=ЕТ


=========================

08.02 - kik83=ТЕСТ


2016 година

[sm=9nebesa.gif][sm=9nebesa.gif] [sm=9nebesa.gif] [sm=9nebesa.gif]




kiki83 -> RE: Вештачко оплодување VII дел (8.2.2016 18:57:30)

Deneska napravivme test preku krv i e pozitiven[sm=bravo.gif] bhcg e 361




bitolcanka82 -> RE: Вештачко оплодување VII дел (8.2.2016 19:29:31)

Cestitki Kiki83 vi sledi eden preubav period.Ti posakuvam da go pominish vo mir i pozitivni misli.Pozz




kik@ -> RE: Вештачко оплодување VII дел (8.2.2016 19:52:35)

MAGDALENKA eve sto pisuva na stranata na fzom:
Документи за направени две или повеќе анализи на спермата со најмаку еден месец разлика меѓу нив во повеќе
од една здравствена установа, која има дозвола од Министерството за здравство за вршење на таа дејност, а
последната анализа да не е извршена пред повеќе од една година пред поднесувањето на барањето (кај машки
фактор на стерилитет да се достават покрај задолжителните и постарите спермограми);




kik@ -> RE: Вештачко оплодување VII дел (8.2.2016 19:55:06)

cestitki kiki83 imaj lesna bremenost narednive 9 meseci [sm=bravo.gif]




kapina -> RE: Вештачко оплодување VII дел (8.2.2016 20:41:47)

Superrr kiki milicka cestitki




MademoiselleNina -> RE: Вештачко оплодување VII дел (8.2.2016 21:17:04)

Кики83
[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=sloncek.gif][sm=sloncek.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif] Колку убава вест!!! прекрасно!!! Уживај во периодот што следи




MademoiselleNina -> RE: Вештачко оплодување VII дел (8.2.2016 21:21:46)

Јас денес почнав и со Фостимон по 3 и продолжувам со супрефакт 0,3 . Е2 ми беше 11.
Инаку вечерва почнав да качувам температура имам 37 и сум цела омалаксана, незнам дали е од инекцииве или од нешто друго ...
Lovableme како си?




Страница: <<   < Претходна страница  85 86 [87] 88 89   Следна страница >   >>