Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување VII дел (14.2.2016 23:02:43)
|
Nina, јас имав сличен протокол како твојот, со 3 па 4 Фостимони, и исто поспоро ми растеа фоликулите. Секој реагира различно, нема правила, и не се споредувај со други. Полигинаксот и антибиотиците се мерка на предострожност од инфекции и бактерии, да биде се чисто пред пункција, тоа е стандардно кај Ивановски, и ние ги примавме. Инаку, и јас не се осеќав подуено, и тоа е релативно, не му ја мисли многу многу. Капина, секој е приказна за себе, и нема зошто да се споредуваме и да наведуваме трети случаи. Јас па ич не пиев Естрофем, па ете, се излезе ок. Едноставно, секоја од нас е различно тело, различен склоп на хормони, крв, имунитет, навики, реакции... со среќа нека и е на колешката, се надевам дека ќе и успее, сеедно со каква процедура. А за сифилис, очигледно кај нас имаат причина зошто не се испитува - може не сме подрачје каде што е честа појава, за разлика од Бугарија каде е стандард, којзнае, а и не е ни битно. А ако се лечи со антибиотици, ете ги, секако ги даваат кај нас, за секој случај. Таман работа да испитуваме се и сешто, ќе го поминеме цел живот во болнички ходници. Ајде малце оптимизам и верба во докторите, кои секогаш знаат повеќе од нас, и за тоа што треба, и за тоа што не треба, а наше е да се опуштиме колку можеме и да бидеме оптимисти дека ќе се фати [sm=smiley1.gif]
|
|
|
|