Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
Кај малите деца многу често се случува да настане опстипација и по неколку дена што е сосема нормално. е сега доколку малечкото не успее да се олесни и по 1 недела тогаш е време за доктор. Обично опстипацијата(запек) настанува како резултат на воведување цврста храна, покрај млекото, или пак премин на адаптирано млеко. Кај Лука се појави ама траеше нешто помалку од еден месец и цело време му дававме кашички од сливи и сокчиња и јаболку многу па некако се изрегулиравме инаку секое какање ни беше со вриштење и дигање ноџиња во вис за да му биде полесно. Како вие го решававте овој проблем?
< Поракaта ја уредил Elena -- 20.5.2009 18:06:45 >
незнам што да правам- докторката вика Легофер за железото а нему му ствара запек и кутрото многу тешко кака додека го пие сирупот, незнам веќе што храна да му давам
Истиот проблем го имавме и ние. Решение еве сега давај му праски, диња, лубеница, супи од зеленчук со повеќе брокула, давај му патлиџан, краставици.Доколку успееш да му воведеш од оваа храна ќе приметиш подобрување на столицата. И внимавај колку бисквити, кексичи, суви работи јаде, тие создаваат запек.
откако го прекинавме легоферот и поминавме на природен сок за железото се е во ред со столицата..јаде диња како лудо(ја обожава) и праски и грозје..ма секакво овошје сака- што е супер..следната недела сме на боцкање за ѓелезото па ке видиме до кај сме стигнале
Bravo za maliot decko, nie kako rasteme se poveke se soocuvame so tvrda stolica i toa zosto se poveke odbiva da jade ovosje i zelencuk, sega za zelencuk sme svedeni na grav i patlidjan se drugo nesaka a ovosje potkasnuva po nekoj zalak ama i toa bi go preskoknala. Uf uf ke moram nekoja akcija da sprovedam.
Луѓе Мила има 1 месец и три недели и веќе цела недела имаме проблем со какњето(ако може така да се каже)бидејќи ми кака на два до три дена, зарем новороденче не треба да как во денот барем 4 5 пати само е на цицање.Докторката ми рече дека не е страшно, но мене не ми е сеедно. Имал ли некој сличен проблем кај своеот бебе
Често пати кај доенчињата кои само цицаат се случува поретко да се празнат, дури и еднаш неделно, бидејќи мајчиното млеко целосно се вари, па и самата столица е многу оскудна и најчесто е неапсорбирани протеини, цревен секрет(слуз) и многу гасови. Додека доенчињата кои се на адаптирано малеко имаат повеќе остатоци во цревата и вистинската опстипација кај нив е многу почеста.
Здраво рингераја мајки,кажете ми ги вашите искуства со запек кај бебиња,односно неможење на бебето да се искака.Се храниме со вештачко млеко Аптамил и само се напрега еве цел ден и не може да се искака,па поради тоа и не може да јаде колку што треба.
Ние пиевме повеќе течности... и сега кога ќе видам дека во текот на денот не е какал, му давам повеќе течности, ни помага сокче од круша, јаболка, слива
Бет пет сигурно запек му создава аптамилот.Бидејќи е мало за дохрана со сокчиња можеш да му даваш чајче од анасон еве бекутанот,плантехсот се добри за мали бебиња.
Ако Аптамилот му создава запек, пробај со друго млеко..на внук ми не му пријаше аптамилот ама затоа на Хипп млекото му е екстра, никакви нус појави...секое дете различно го прифаќа млекото
Ние имавме проблем со запек кај Арман откако почнав да му давам кашички на база на ориз. Детето три дена не какаше, само плачеше. Купивме специјален сируп за деца од смоква и слива, како и чепчиња за деца. И конечно се олесни. Така да препорака до мајките да внимаваат со кашичките со ориз кај бебиња од 5 месеци.
mammy може да му е и само реакција на потврда храна воопшто. Си му давала пред тие, други кашички? и зошто сируп, обична кашичка од слива или водичката во која си сварила неколку суви сливи помага веднаш
Обично не треба постојано да се дава храна која предизвикува запек посебно да се внимава на банана,ориз и морков.Треба да се комбинира со друга храна како круша јаболко кои ја нормализираат столицата и се дозволени како прва храна кај бебињата.
Ние кога имавме проблем со опстипација ни дадоа глицерински чепчиња кои не ни помогнаа.Ќе одеше по голема нужда и пак исто стагнација и до една недела.што се покажа дека е гладно и воведовме друга храна и се стабилизира.Сум чула дека и топломер намачкан со павличева маст пикнато во гзе може да го олесни бебенцето.
:))) затоа сме тука. Бидејќи си почнала пред месец дена со кашичките, сосема е нормална опстипацијата од причина што цревата не се уште навикнати да варат нешто повеќе од обично млеко па работат малку потешко. Обично се регулира за брзо време. Само давај му од време на време кашичка од слива- земи компот од сливи и само во блендер среди го, или како сокче дај му
Е тоа за топломер, една сестра од Јане Сандански ми кажа, кај машки деца да не се мери температира со топломер во газето, ниту пак да се прави провокација за какање..Не знам зошто Тоа само кај девојчиња.. А инаку ставивме и чепче специјално за деца од Фитофарм.
јас го легнував на кревет, го соблекував, ноџињата свиткани со колената кон стомачето и му го мачкав анусот со многу крема- ми беше страв да не му распука од толку сврсто гомце, и го притискав со коленцата врз стомачето и успеваше
Мами и јас на истиот начин а не знам зошто кај машки не Да тие на фитофарм и јас сум ставала од нив,глицерински чепчиња во постаро време ставале сапун.
кашичка од јаболко е права работа. Лука од првиот ден кога почнавме со дохрана јаде по едно јаболко дневно- прво беше кашичка, па рендано, па сега се сечкани парчиња. Луѓе столицата му е редовна ко швајцарец- иле е некаде околу 12 -13ч напладне или вечерта кај 7.30-8 пред бањање. Не сме утнале ден
вчера имав драма дома, Мила не можеше да сед искака, плаче, вришти, пушти едно го како брабушче и башка малку крвче и се појави, веднаш ја намачкав убаво со крема, па и го масирав мешето, пак пушти малку со плачење, земав ја ставив во коритот малку во потопла водичка и го масирав мешето и на крај едвај се искака денес ќе и дадам само јаболче
а да пробаш со сирупот ос сливи и смокви се дава кај бебињља од 6 месеци па нагоре пробај ефикасен е јас на син ми дадов пред неколку дена и се нормализираше