Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
а да пробаш со сирупот ос сливи и смокви се дава кај бебињља од 6 месеци па нагоре пробај ефикасен е јас на син ми дадов пред неколку дена и се нормализираше
Не смеам од тој сируп бидејќи смоквата може да предизвика алергијата, бидејќи Мартина беше голема кога доби опстипација, а докторката од имунологија не ми дозволи да и дадам ваков сируп. Не смеам круша до среда, ќе прима вакцини, ние сме посебни, нели,не смееме ова, не смееме она почна да ме фаќа нервоза.
КАКО ДА ПРЕПОЗНАЕТЕ ДАЛИ БЕБЕТО ИМА ЗАПЕК Изгледот на столицата на бебето е често под инспекција на неговите родители. Тоа не е без причина. Од изгледот на столицата често пати може да се позне дали бебето има некои здравствени проблеми. Запекот е еден од нив. Запекот е редок кај мали бебиња. Особено е редок кај оние бебиња кои се доени. Најчесто може да се јави проблем кога бебето ќе попорасне и ќе почне да јаде и тврда храна. Во првите недели од животот доените бебиња какаат по неколку пати дневно. Понекогаш дури и после секое доење. Понекогаш пак може да се случи да го направат тоа само еднаш или два пати во цела седмица. Дури и во таков случај, ако столицата е ретка, нема потреба за загриженост. Бебињата кои се хранети со вештачки формули на млеко најчесто какаат само еднаш дневно, а понекогаш може да се случи да го направат тоа еднаш во 3-4 дена. Ова не мора да биде проблем, ако столицата не е тврда. Но бебињата хранети со вештачко млеко имаат поголеми изгледи да добијат запек и кај нив е потребна поголема внимателност. Вистинскиот запек значи дека изметот се задржува во цревата и станува се посув и потврд. СИМПТОМИ НА ЗАПЕК КАЈ БЕБЕТО Речиси сите бебиња кога вршат нужда се грчат и стенкаат, но доколку бебето плаче или приметувате дека има проблеми додека врши нужда, кажете му го тоа на неговиот лекар. Запекот кој се јавува кога бебето ќе почне да јаде тврда храна најчесто ги има следните симптоми:
Болка или нелагодност во стомакот.
Цврст стомак.
Болка во стомакот, која се намалува по извршената нужда.
Цврста столица.
ПРИЧИНИ ЗА ЗАПЕК КАЈ БЕБЕТО Најчесто запек може да се јави ако бебето не прима доволно течности. Но ако проблемот продолжи, ќе биде потребно да се испита и да се исклучи некое заболување. ШТО ДА НАПРАВИТЕ АКО ВАШЕТО БЕБЕ ИМА ЗАПЕК
Кога Вашето бебе е на тврда храна и пати од запек, консултирајте се со неговиот лекар дали да додадете неколку чајни лажички пасирани модри сливи во неговиот оброк од житарици или пак 2 чајни лажички сок од модри сливи.
Давајте му повеќе течности.
Намалете ја количината на храна која го поттикнува запекот нпр. банани, ориз, житарки и сл.
Може да му помогне ако нежно ги движите ноџињата како да вози велосипед. Тоа ќе направи полесно да се разработат цревата на бебето.
Е тоа за топломер, една сестра од Јане Сандански ми кажа, кај машки деца да не се мери температира со топломер во газето, ниту пак да се прави провокација за какање..Не знам зошто Тоа само кај девојчиња.. А инаку ставивме и чепче специјално за деца од Фитофарм.
Зошто кај машки деца да не се мери во газето температура? А како да се мери? Јатрва ми на внукот кога беше бебе така му мереше температура и така го провоцираше да се искака
НИкогаш, никогаш му немам ставено топломер во газето..температура мериме со топломер под пазуви или оној за на чело..а за какање решававме со кревање ноџиња и притисок на стомачето..Тоа со топломерот ми е толку одвратна работа- извинете ама никогаш не би можела тоа да му го направам
Не е баш опстипација, ама се случува и три дена да не се искака, еднаш дури и 1/4 чепче и ставив. Докторката ми рече дека кај бебиња што цицаат нормално е и пет дена да не се искака, ама па тежина е тоа
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
Често пати кај доенчињата кои само цицаат се случува поретко да се празнат, дури и еднаш неделно, бидејќи мајчиното млеко целосно се вари, па и самата столица е многу оскудна и најчесто е неапсорбирани протеини, цревен секрет(слуз) и многу гасови. Додека доенчињата кои се на адаптирано малеко имаат повеќе остатоци во цревата и вистинската опстипација кај нив е многу почеста.
Сега малку се смирив
Ооо, сега ова го прочитав..и јас малку се смирив
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
Јас имам луда среќа да чукнам во дрво што само еднаш еден ден имаше констипација и немав потреба ништо да превземам. Поради тоа што собирав информации плус имам две три ептен сериозни книги за бебиња да кажам само дека овдека се препорачува на бебето да му се даде малку вода која е многу богата со магнезиум. (некоја вода флаширана на која јасно е прикажано колку има магнезиум) требаат 10мл за бебе до 3-4месеци а и подоцна дали 15-20мл што стварно не е тешко да се даде .. ова се смета за многу подобро и поефикасно нешто против констипацијата наспроти тоа со чепче и сл. кое се смета за агресивно и од механичка природа и кое не смее дас е прави повеќе од 1-2 месечно. (барем така овие кажуваат)
здраво на сите... андреј ми има 2 месеца и веќе две недели по ред нема редовна столица и има голема мака поради тоа па мораме со чепчиња да го решаваме проблемот! он цица и плус го дохранувам ама само еднас во денот т.е. само навечер му давам аптамил... ве молам за помос
Абе да не си раат! Таман едно си решил одма доаѓа друг проблем Веќе трет ден како не ги има наполето пелените, само си мочка. Се сеќавам дека и претходно имавме ваков проблем и најверојатно и е од Нан-от, па сега не знам што да и правам Да и го смеам млекото нема шанси, едвај и ова го прифативме. Можно е да и е од оризот? 3 дена веќе и давам по многу малку ориз ( поешано со млеко )?
леонида да пробаш да и дадеш сок од јаболко или пак чај од бекутан оној за бебиња бидејќи содржи ансон а тој помага кај запек и сигурно ти е од вештачкото млеко тоа е нормална појава бидејќи и син ми има обично му давам и сирупот од сливи и смокви но мислам дека е за бебиња од 6 месеци а твојата бебушка е мала
од први сабајлето ги нема наполнето пелените само мочка но ние не сме на адаптирано на доење сме вчера и давав јаболко, денес кашичка- јаболко и круша на hipp и пак ништо
А зошто воопшто купувате готови кашички? Па сето овошје го има, јаболка, банани, круши, дури видов и грчки сливи во Тинекс. Само сварете, ставете во блендер и готово. Миа веќе 2 седмици јаде овошје, па не добила запек..еве 2-3 дена јаде и ориз, немаме проблем. @Леонида, во краен случај ставете чепче Glycerolax, почекај ја до 5 дена, мене така ме советуваа.
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
А зошто воопшто купувате готови кашички? Па сето овошје го има, јаболка, банани, круши, дури видов и грчки сливи во Тинекс. Само сварете, ставете во блендер и готово. Миа веќе 2 седмици јаде овошје, па не добила запек..еве 2-3 дена јаде и ориз, немаме проблем.
немаме купено блендер а пасирано не сака плука и се дави а готовите каши ги крка сега читав во темата за блендери и незнам каков да купиме
На Нина многу и помогна кашичката од сливи на Бебивита!!! Испробано! Откако ќе ја изедеше кашичката после 10 мин какаше. И сега кога ќе и се појави опстипација, одма купувам од таа кашичка.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
Мојот совет е истиот како и на некои претходни членови, кашички од слива и крушка (барем нам ни помагаше!!!) и масажа на мешето со вашите прсти во насока на стрелките на часовникот, јас ја применував ако не ми какаше во текот на денот, и така му олеснував, да се искака и да заспие, а да не се плашам да не го фатат грчеви во текот на ноќта...
_____________________________
"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."