Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување VIII дел (13.5.2016 18:56:53)
|
kik@, гали меше, смеј се, мисли си на убави работи, гледај фотостимулација од ембриони како се делат и имплантираат и ајде за две недели да се радуваме на висока бета! [sm=smiley1.gif] Michela, добро ни дојде, се надевам овде ќе најдеш одговори на се што те интересира. Супер ти е бројката на јк, не се малку, и секако битен е квалитет, а не квантитет и хиперстимулација. Ајде нека се оплодат што повеќе и наскоро кај мама во меше [sm=smiley1.gif] Прашањето за активностите после ЕТ ни е горлива тема овде и секогаш се двоумиме што е подобро [sm=smiley1.gif] Повеќето рингерајки одбираат да мируваат, со строго лежење првите 3-4 дена, па потоа лесно расшетување. Некои и воопшто не мируваат, туку продолжуваат најнормално како и претходно. Нема правила во однос на успехот, да имаше се ќе беше полесно. Од она што го читав на нет, се покажало дека зависи од личноста и нејзиниот начин на живот. Ако некоја е активна, динамична, има брз живот, да легне и да дреме три дена ќе и предизвика поголем стрес и нервоза, и таквите жени си продолжуваат со нормални активности, секако умерено, не да се вежба и скока, се разбира. Ако некои имаат полабав начин на живот, не се толку активни, тогаш повеќе ќе им одговара да лешкараат по дома. Секако, не се препорачува ни тоа премногу, затоа што треба да се одржи добра циркулација во матката, па и лежењето е максимум 3-4 дена. Јас од страв лежев 3-4 дена, потоа се шеткав низ дома. Земав одмор од работа една недела, чисто да се олабавам од стрес и да се тргнам од луѓе, да не закачам нешто (тоа е битно, намален контакт со луѓе), а потоа си продолжив на работа втората недела. Од вежбање паузирав од почеток на стимулација, па еве година дена по породување се уште не сум се вратила во сала. Направи онака како што тебе ќе ти биде најраат, ако си склетчија и не можеш да лежиш, седи си по дома, шеткај во парк, на кафе, но секако ограничи контакти со луѓе. Со среќа и пиши ни кога ќе ти закажат трансфер! [sm=smiley1.gif]
|
|
|
|