Еца -> RE: Фази кај децата (4.12.2009 20:10:51)
|
Решавачка улога при развој на детето во псхички стабилна личност имаат родителите, додека траумите од раното детство имаат далекусежни последици На почетокот од својот психички развој секое дете се наоѓа во т.н. аутистична фаза. Поради незрелоста на сетилата, детето ги прифаќа само оние доживувања кои ги чувствува на своето тело. Но, како изминува времето така се менуваат и фазите низ кои тоа поминува. Цврстата матерична врска плод-постелка-мајка продолжува и по раѓањето преку доењето. Тој допир на детето му значи многу повеќе отколку храната. Тогаш тоа е мирно и задоволно. Поврзаноста на детето и мајката со тек на времето се зголемува, нивната емотивна врска зајакнува, па во психичкиот развој детето преминува од фазата на аутизам во фазата на симбиоза. Околу десеттиот месец од животот детето преминува во фаза на одвојување (сепарација). Во овој период се развива неговата индивидуалност - бидејќи веќе многу работи може да направи само, без помош на мајката. Тогаш детето по прв пат се среќава со забраните и авторитетот на мајката, па и самото почнува да ја имитира и да вели "не, не, не..." Околу 18 месец детето свесно за својата личност се повеќе се осамостојува, но сепак се двоуми дали да остане врзано за мајката. Од страв да не ја загуби нејзината љубов, тоа врз околината реагира со инает и негативизам. Децата кои ја чувствуваат љубовта и грижата на мајката и околината безболно ќе ја поминат фазата на аутизам и сепарација од мајката. Одвојувањето е неминовно, па тоа ќе биде полесно ако детето веќе е воведено во пошироката околина која ги вклучува бабите и дедовците. За разлика од таквото стабилно дете, детето кое е во потполна симбиоза со мајката, кое се дружи само со неа и само со неа се поистоветува има ранливо его, па фрустрирано од одвојувањео од мајката ќе доживее враќање во аутистичната фаза. Кон крајот на втората година детето ги стекнува првите хигиенски навики. Тогаш се постигнува контрола врз свинктерите и контрола на дефекацијата и уринирањето.. На три години детето веќе навикнало да биде одвоено од мајката без страв дека ќе ја изгуби, па ова е најдобриот период за тргнување во градинка. Во овој период психата на детето ја оптоваруваат разни фобии (мрак, самотија, грмотевици, диви животни) кои тоа бурно ги доживува. Раѓањето на брат или сестра дополнително ќе придонесе до емоционалната нерамнотежа, па се јавува љубомората која не може да се контролира со разумот. Решавачка улога при развој на детето во псхички стабилна личност имаат родителите додека траумите од раното детство имаат далекусежни последици. извор:вечер
|
|
|
|