Maca25 -> RE: Фази кај децата (29.1.2011 16:29:47)
|
Нина од пред неколку месеци е во НЕ фаза. мака мачиме по дома. За се живо се вика не, се дере, плаче, тепа - или нас или себе, се корне коса, се расфрла се пред себе..веќе не знам што да правам. јас сум при крај со нервите. а гледам дека и мм веќе нема стрплење. Нина доаѓа и од чиста мира почнува да го мава, гризе, гребе. И во такви моменти тој ја плеснува по газ, а тоа е нешто што и двајцата рековме дека нема да го правиме. Ама и ние веќе нервно попуштивме, со ништо не се смирува, задоволува, се живо околу неа тепа. Не можам никаде да ја однесам, зошто ако нешто не и се даде ќе го земе сама и ќе го искрши. Ова се случува еве веќе 2 месеци. Забележувам дека кога оди во градинка е малце помирна, отколку кога е дома со мене. еве оваа недела не оди, болна е и најискрено едвај чекам да дојде 9 саат за да ја успијам, затоа што полудувам. Не помага кај неа ни одење во ќош, уште повеќе плаче и почнува да се дави од плачење, не помага ни разговор - едноставно не ме слуша, не помага ни плескање по газот. Ова последново воопшто не сум ни помислувала дека некогаш ќе го направам, но во моменти на голема слабост ја имам плеснато. И после цел ден се каев за тоа и не можев да се смирам. Таа плаче и вика: дојди мамо! а јас сум до неа. Ја земам во раце, почнува да ме тепа. Со мм откако ќе ја легнеме само се расправаме како да постапуваме со неа. тој мисли дека ако и вика да престане со повисок тон додека таа плаче, дека ќе престане, но кај неа тоа има спротивен ефект - уште повеќе се разлутува и после цел ден вика дека не го сака тато. Од време навреме знае сама да се смири и одма ни го врти муабетот во друга насока, носи сликовници да гледаме, кажува некои смешки и се обидува да не насмее, само да заборавиме на бељата која ја направила. Помагајте, советувајте, зошто јас веќе не знам како да се справам со своето дете.
|
|
|
|