RE: Фази кај децата (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Подигнување



Порака


Maca25 -> RE: Фази кај децата (30.1.2011 23:29:55)

Денеска пробавме друга тактика по дома и имавме мир во куќа цееел ден. Цело време имавме некои активности, сабајле на Нина и дадов крпа па заедно бришевме, па чистевме јас со мојата, таа со нејзината правосмукалка. Па си јадеше сама и си гледаше цртани. Излеговме 1 саат надвор. Се измори од одење, јадеше и заспа. Кога ќе имаше некој испад на тепање и вриштење, јас и мм одевме на друга страна и она како попче ќе си се смири и дојде кон нас. Попладнето ја однесов во Рамстор да протрча низ продавниците, се измори и дома само јадевем и одма заспа. Денес беше друго дете, за разлика од вчера, кога коси кубев од нервоза. 




nadica -> RE: Фази кај децата (30.1.2011 23:45:35)

значи кај сите исто додека да поминат тие фази
и кај нас има испади и по мое а и од искуства на пријателки па и од литературата што ја имам најдобро е да се игнорираат испадите и да се пренасочи вниманието на нешто друго, арно ама ние со мм имаме 3 деца и двете поголеми(свекор ми и свекрва ми) не се сложуваат со нас па кога надица има испад настанува хаос невиден кој прераснува во краница со премногу конфликти и несогласувања [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley29.gif[/image]
имено вчера таа бараше да оди кај комшиите а јас не и дозволив и обидувај`и се да и го свртам вниманието свеки ми ја грабна од раце и ја однесе - немало потреба детето да се секира за небитни работи, а тоа што јас излегов од коза и ми го поремети цел ден не е вазно [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek1.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek1.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek1.gif[/image]




Maca25 -> RE: Фази кај децата (30.1.2011 23:52:31)

Е надица, тоа е лошто во заедницата, кога старите мислат дека тие знаат најдобро. Со ова се бореше мајка ми 25 години. Баба ми и дедо ми секогаш беа во право.
Јас не живеам во заедница и не знам како би постапила во твојов случај. Мислам дека би пресекла и би рекла дека не може да оди. Мое дете, мои правила. На моите им имам објаснето дека тоа што ќе одлучиме јас и мм во врска со воспитувањето на Нина дека тоа треба да се почитува и нема отстапки, ни кога сме тука ни кога тие ја чуваат. Нина е многу итра и ако нешто не добие од мене, одма трча кај мајка ми или татко ми и им се улизува, ги гушка, им вика дека ги сака, само за да го добие посакуваното. Но, ако јас не одобрам џабе улизување.




sone -> RE: Фази кај децата (2.4.2011 23:46:40)

Se nadevam deka se obrakam na vistinsko mesto. Dali moze nekoj da mi kaze nekoj dobar psiholog za deca? Ako znaete nekoj sto raboti i privatno stpo ima  iskustvo so razvoj na deca. Moeto dete ima 3 ipol godini i mi reba edna konsultacija. veke podolgo vreme se obiduvam da najdam nekoj ama nikako. Duri probav da pobaram i vo zlatna kniga ama dzabe koga ne mozam da najdam t.e. naodjam ama ne znam kaj kogo da s eobratam. Dali nekoj znae?




Pepelaska * -> RE: Фази кај децата (3.4.2011 16:02:47)

Соне ти пратив ПП, само заборавив да ти пишам дека работи и приватно ама сепак ќе си прашаш, а инаку во врска со темава едно искуство од другарка ми, таа тргна на работа кога детето имаше 13 месеца, детето доам со баба му седеше, стана бесно немирно се нешто не му беше в ред, беснееше тепаше и што не, е сега вчера ни беа на гости и како да дојде друго дете, мирно, за се ја прашуваше мајка му, си играше со играчки што досега никогаш не му се случило, ама мајкава месец веќе не е на работа и цело време му го посетува нему, многу ми беше мило за промената на детево зашто стварно беше многу лошо направено , што мислите има ли влијание присуството на мајката во неговото однесување?Јас мислам дека е посмирено , зашто сепак е мало , кога знае дека таа е тука




AnnaMolly RR -> RE: Фази кај децата (3.4.2011 16:13:24)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Pepelaska###

што мислите има ли влијание присуството на мајката во неговото однесување?Јас мислам дека е посмирено , зашто сепак е мало , кога знае дека таа е тука


Кога го носам Филип доле кај свекрва ми, ако седам и јас таму се лигави, сака кај мене, плаче по мене, ништо не го интересира. Ама ако го оставам и не ме гледа е мирен, си игра, си јаде... А ме види кенка по мене. Мислам дека се си зависи од детето.




vesna1 -> RE: Фази кај децата (4.4.2011 8:42:27)

Ajde ve molam za sovet. Maleckata mi e vtoro dete so prvoto ne sum imala vakov problem. Ima 1,5 god i odednas stana strasen inat. Odnosno koga sme nadvor ako ne idam kade sto naumila ona legnuva na zemja i vristi. Jas nekolku pati ja ignorirav no ova stanuva sekoj den. Nekna vo kam market mi legna na kasa zosto nejkese da si odi od prodavnica. A kako da ja ostavam da lezi na prljavoto kade site gazat. Ja natepav po gazeto i pravo doma no neznam kako da reagiram. Treba da nauci deka jas sto ke kazam e zakon.
Pogolemata kerka ne mi pravese taka a jas gi vospituvav i dvete.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]




mama26 -> RE: Фази кај децата (4.4.2011 15:15:39)

znaci na 4 ipol godini u faza sme sega na :: mama ne me interesira i nesakam so nea da igram ,sakam samo drugari i drugari i drugari uf ,ajde i ova ke pomine pak mene ke me bara neli?[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Snowhite RR -> RE: Фази кај децата (5.4.2011 17:01:24)

Не знам дали му е фаза, ама ептен ме заморува, се сака по негово да е, ако го тргнам од таму тој кај што сака почнува хистерично да вреска, ако му земам нешто што не е за играње, пак исто вреска. Цело време сака по негово да биди, не знам дали е таков, дали му е период, па ќе му помине, или бабите го направија таков[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]




Viktori -> RE: Фази кај децата (5.4.2011 17:07:49)

ИЗВОРНА ПОРАКА: mama26

znaci na 4 ipol godini u faza sme sega na :: mama ne me interesira i nesakam so nea da igram ,sakam samo drugari i drugari i drugari uf ,ajde i ova ke pomine pak mene ke me bara neli?[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]

НЕ! [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]
Ова значи дека твоето детенце станало батко! [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Slagjana -> RE: Фази кај децата (5.4.2011 23:06:52)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite

Не знам дали му е фаза, ама ептен ме заморува, се сака по негово да е, ако го тргнам од таму тој кај што сака почнува хистерично да вреска, ако му земам нешто што не е за играње, пак исто вреска. Цело време сака по негово да биди, не знам дали е таков, дали му е период, па ќе му помине, или бабите го направија таков[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]

Јас мислам дека е фаза. Истото се случува и кај нас, а не ја чуваат баби. Само колку ќе трае фазава не знам.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]. Ај за дома не ми смета ако вреска. Или ќе ја заиграм со нешто, или ја игнорирам па престанува. Ама вчера во Веро почна да вреска. Луѓе не гледаат, а јас не можам да ја смирам. И се сетив на една реклама каде детето се прпелка по земја во супермаркет за татко му да му купи нешто. И на крај пишува „користете кондом“[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Viktori -> RE: Фази кај децата (5.4.2011 23:22:46)

Такви периоди мислам дека почесто ќе има. Не смееш да попушташ, за да не сконта дека уствари попушташ. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]





Тања РР -> RE: Фази кај децата (5.4.2011 23:59:54)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite

Не знам дали му е фаза, ама ептен ме заморува, се сака по негово да е, ако го тргнам од таму тој кај што сака почнува хистерично да вреска, ако му земам нешто што не е за играње, пак исто вреска. Цело време сака по негово да биди, не знам дали е таков, дали му е период, па ќе му помине, или бабите го направија таков[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]


Иста е и моја Јана, појма немам од каде го научи тоа врескањето ама сфати дека така може да манипулира со мене[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




Felly RR -> RE: Фази кај децата (6.4.2011 8:56:11)

Исто и Матеа[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image] Гледааат дека се им угодуваме и после ако нешто не им дозволиме одма плачат[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] Едно време не и дававме да го фаќа далечинското, и таа ако го начекаше на дофат оставено, одма се стрчуваше да го земи и со сета сила го акнуваше од земја. После почнав да и го давам и сега не прави така. Сега кога ќе го земе и ни го исклучува телевизорот.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]
А за некои работи што се опасни, не и давам да фаќа, и ја карам.




mama26 -> RE: Фази кај децата (6.4.2011 10:32:42)

ИЗВОРНА ПОРАКА: виктори

ИЗВОРНА ПОРАКА: mama26

znaci na 4 ipol godini u faza sme sega na :: mama ne me interesira i nesakam so nea da igram ,sakam samo drugari i drugari i drugari uf ,ajde i ova ke pomine pak mene ke me bara neli?[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]

НЕ! [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]
Ова значи дека твоето детенце станало батко! [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]

i tolku bese od mama?lele kako rastat brzo znaci ,mama ne e spremna za batko uste si go sakam bebeto nazad [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek1.gif[/image]




Snowhite RR -> RE: Фази кај децата (6.4.2011 20:57:18)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly

Исто и Матеа[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image] Гледааат дека се им угодуваме и после ако нешто не им дозволиме одма плачат[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] Едно време не и дававме да го фаќа далечинското, и таа ако го начекаше на дофат оставено, одма се стрчуваше да го земи и со сета сила го акнуваше од земја. После почнав да и го давам и сега не прави така. Сега кога ќе го земе и ни го исклучува телевизорот.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]
А за некои работи што се опасни, не и давам да фаќа, и ја карам.



И јас не сакам да му дозволувам да игра со далечинското и мобилните, а тие па ко за инает му се најомилени, и му ги земам и почнува да вришти, да плачи, некогаш не попуштам не му ги давам назад, гледам да го залажам со нешто друго, да заборави, ама некогаш не можам уморна сум и му ги давам пак, свесна сум дека не треба така, ама па не може да го слушаме само него кај што плачи[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]




Maca25 -> RE: Фази кај децата (21.4.2011 11:41:09)

Моментална фаза кај Нина:
- Што е ова?
- На кого е ова?
- Какво е ова?

Одиме по улица и за се и сешто ми ги поставува овие прашања. Смешки живи сме. Па и нешто кога нема да ме разбере ми вика: Како, како??!?!!

Фазата НЕ уште трае ама сега поинтересно и е да прашува за се што ја опкружува и не се кара многу со нас.




lukas -> RE: Фази кај децата (21.4.2011 12:34:13)

ako ne e dalecinskoto nema da jade go zema pricka na dugminjata i smenva vo tv...a koga ke gi vide na krevet deka imame 5 dalecinska,site edno po edno na zemja i pravo pod petosed,i ako ni fali nesto niz doma se znae prvo mesto barame pod petosed nezz so navika mu e taa,i posle gi nadzira..hahhaha




Maca25 -> RE: Фази кај децата (21.4.2011 12:37:57)

И нина се крие под тросед или под маса. Не знам од каде тоа. Се чудевме со мм пред некое време каде ми е телефонот, а госпожата си го земала од маса и си го ставила под маса. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




mama26 -> RE: Фази кај децата (8.5.2011 8:29:32)

neznam dali e faza ,,pred nekoj den devojcevo so koe si igraa mu dade srcence nacrtano i mu rece da si go isece srcenceto i da si go cuval...abe se utepav od smeenje a a babata pocna svake da me vika[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Martins mom -> RE: Фази кај децата (8.5.2011 11:55:10)

И јас не знам дали му е фаза или доживотно ќе му остане оваа бујна фантазија и лажење на Мартин. Детево е ептен мало, не ми се верува колку многу лаже и од кај му истекнуваат такви лаги на 14 месеци. На пример ќе му текне, почнува да кенка, се удира по глава бам-бам и ми вика тепа, го прашувам кој те тепа, ми одговара тета...или пак тато, а нема врска, никој го нема удрено. Или пак ќе ми ги преврти сите перници од двоседот, троседот и кога ќе го прашам што направи, ми крева раменици и вика „панаа“ (паднаа). Или ќе му текне одеднаш и ќе почне да вика „има кака“ (од кога ќе се покака ми кажува, ама ете некогаш лаже). Ќе праша некој каде е татко ти, тој вели дома, а татко му е на работа. Кој ја скрши играчката ќе го прашам - ми кажува имиња на некое другарче. Ееее еден куп лаги кажува, а јас се чудам од кај му текнуваат.




Maca25 -> RE: Фази кај децата (8.5.2011 16:47:20)

Мене Нина најмногу ме лаже за во градинка. Ја прашувам секој ден дали јадела, пиела, спиела, мочкала, а нејзиниот одговор е НЕ. Еден ден ја прашувам дали имаат играчки во градинка, а она пак НЕ. После тоа дали има деца, она НЕ. Па дали има учителки, она ми вика Не, сама сум. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] Не знам од каде и е ова. А ми кажуваат секој ден дали јадела, спиела, со кого си игра... не знам зошто ме лаже. 




AnnaMolly RR -> RE: Фази кај децата (11.5.2011 12:12:05)

Не знам дали ова е фаза или некој друг проблем, ама Филип откако е роден нон стоп со рачињата ми ја фаќа косата, или на кој било што го држи, и ја јаде. Ама онака, со жар. Некогаш и навечер кога ќе се подразбуди го легнувам до мене и во сон ми фаќа коса и ја јаде. Нон стоп го тргам и го карам, ама џабе.
Има некој ваков случај?




Yummy Mammy -> RE: Фази кај децата (11.5.2011 12:22:34)

Vo kontekst na lazenjeto eve vi edna smesna desavka:

So kerka mi sme na golemoto igraliste vo Kapistec, i ni se zakacuva edno devojce od okolu 4-5-6 godini, i pocnuva da ni pravi muabet za se i sesto. Na kratko, vaka nekako tecese nejziniot muabet: "jas ovde ziveam vo ova zgrada. a vie kade ziveete? jas se vikam Kjara, a ona kako se vika? a ti kako se vikas? a majka ti kako se vika? a ima ona brat ili sestra? jas imam brat, ene onoj onde sto si igra mi e brat. brat mi se vika Filip. a vie kade ke odite na odmor? nie ke odime vo Turska so avion...." itn itn, vprocem znaete kako izgleda toa...

I oddednas se pojavuva edno pogolemko devojce i ja zavlekuva malava, a mene mi vika:
- "pak vi dosagase, ne i obrnuvajte vnimanie"
- Ne, be, vikam, bas si pravevme muabet ubavo.
- I golemava vika: "Kako pa da ne! sto vi kaza? deka se vika Kjara? nema vrska, Marija se vika! I vi kaza deka ziveeme tuka, nema vrska, na gosti kaj tetka mi sme tuka! I onoj ne ni e brat, komsija ni e vo zgradata kaj tetka ni! ... drugo sto vi kaza? za odmrot vi kaza deka ke odime vo turska? e pa nema vo turska da odime, vo grcka ke odime!!!"

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]  [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]  [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]  [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]  [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]

Malata ke bide nekoj kreativen direktor u marketing agencija...




arh_diz -> RE: Фази кај децата (11.5.2011 12:34:01)

Moentalno e vo faza se da pipne i da stavi vo usta.Odime vo prodavnica a toj tegne so racete od raftovite.Izlegovme da mu kupam kapa toj zelam od druga kapa vrvkata i vo usta [sm=smiley36.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  3 4 [5] 6 7   Следна страница >   >>