blue_blue -> RE: Фази кај децата (19.8.2010 12:49:43)
|
истражувањата покажуваат дека постои врска помеѓу физичко казнување на децата (овде се наведеуваат удирање по газето и по рацете, а не се зборува за некакво казнување со тепање) и нивниот когнитивен развој (развојот на процесите на размислување, помнење, решавање на проблеми, одлучување). Врската е следна: децата кај кои се применувало физичко казнување имаат бавен когнитвен развој, односно овие вештини им се развиваат многу побавно отколку кај другите деца, т.е. кај оние кои не се казнувани на вакви начини. Исто така, истражувањата укажуваат дека децата кои се казнуваат со удирање по газот и по рацете се поагресивни од нивните врсници. Интересно е дека во едно истражување родителите престанале со ваквиот тип на казнување и забележано е опаѓање на агресивноста кај децата (удирање на брат/сестра, гризање на други деца, гребење, итд). Секој родител треба сам да одлучи како ќе го воспитува своето дете имајќи на ум што сака да постигне. Јас од кога ги прочитав овие студии знам дека никогаш нема да удрам дете по газе, па макар и да ми се спојат сите жици од неговото однесување. Ако треба по сто пати ќе повторувам дека тоа што е направено не е во ред и зошто не е во ред т.е. што е предизвикано со таквото дејство, ама шлапки по газе и раце нема да користам зошто како родител не сакам моето дете побавно да научи важни вештини кои му требаат за цел живот. Во друг пост ќе ви напишам неколку идеи како да се справите на мирен и демократски начин со 2-4 годишни деца кои имаат тантрум (дерење со плачење и ништо не прифаќаат).
|
|
|
|