LoveableMe RR -> RE: генетско испитување (30.7.2014 9:30:18)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR Значи, доколку бременоста заврши во првите недели, конкретно при ИВФ, и ако тоа се повторува препорачуваат да се направи следното, со упат од матичен гинеколог: - Генетска анализа за тромбофилија (за двајцата, преку крв, 1200 ден.) - Анализа на ANA, AFA и ASA (за мене, преку крв 700 ден) - HLA типизација за двајцата (3000 ден) сите овие во Институтот за имунобиологија и хумана генетика на Клиника - Скопје - Микроделеција на Y хромозом (за сопругот во МАНУ, тоа било посебно испитување зошто не дошло до добра имплантација, со упат од матичен, преку крв, цената е 400-500 ден) Потоа ќе одредат докторите, ако има потреба што уште да се испита и дали треба терапија. butterly00, не знам зошто не праша порано, еве ова е тоа што нас ни рекоа да испитаме, може требаше со упат од матичен гинеколог да испиташ на Трансфузиологија или на Инситутот за имунобиологија на државно, затоа што е многу поевтино и потоа да одиш со резултатите на само консултација кај Кочо Димитровски, приватно. Позз
|
|
|
|