|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  6 7 [8] 9 10   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Говор на детето
11.6.2013 14:51:55   
silve29
bethany, i jas mislam deka nema prostor za grizi. Moeto detence do 24 meseci gi zboruvas samo prvite bukvi od zborovite, na pr. da, ma, ta... duri ne gi izgovarase ni kako mama, tato , dedo. Jas vo eden moment se zagriziv, pa duri sakav da se posovetuvam so logoped i slicno. No, na 25-6 meseci kako preku nok da pocna da zbori. Sega ima 29 meseci i ne mozam da go sopramuser posted image Kazuva celi recenici od tipot - sakam pijam voda.. ne, ne sakam mleko, sakam mandza...i slicno. Saka da slusa i da raskazuva prikazni. Mislam deka sekoe dete si e posebna individua i sekoe na razlicen nacin se razviva. Jas na moeto since mu citav mnogu i postojano mu zboruvam za se sto pravam. G o vklucuvav i seuste go vklucuvam vo site domasni aktivnosti, pa toj sega znae da frli gubre vo korpa, da gi sobere igrackite, da pomogne da se namesti krevetot i pritoa tocno gi kazuva aktvinostite koi gi pravi-mama odam frlam gubre, sega mestime da bide cisto i sl.

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 176
   RE: Говор на детето
11.6.2013 15:06:24   
blond
Малиот ќе полни две години месецов. Почна да врзува три збора, ама не ги изговара правилно. Но, пак ме изненадува што ги знае сите букви и бројките до 10 (но на аглиски, на македонски не ги знае).
Братучед ми почна убаво да збори во прво одделение, но одеа кај логопед. Сепак мислам до 3, најдоцна 4 години може да се толерира, повеќе не.

(Одговор на членот silve29)
Непосредна врска до пораките: 177
   RE: Говор на детето
11.6.2013 17:14:04   
Bethany
silve29 благодарам за споделеното искуство user posted image

Тој си има некои зборчиња, ама многу слабо. Далеку е од сврзување два збора дури и ако одвоено може да ги рече.
Тој си се нормално развива, се разбира. Ми помага кога раскреваме масата, кога му кажам да фрли нешто во канта тој оди, мислам се ме разбира, одговара на дати инструкции , само што не зборува со зборови. Се друго ќе стави во функција да искомуницира што сака освен зборови. и кога му кажам да повтори нешто , тој нејќе.
Не вршам притисок, ама едвај чекам да направиме муабет user posted image

За логопед знам дека е рано, мислам што ќе го носам кога тој нема да соработува, а и всушност ми викаат да почекам уште.
ама се надевам дека и тој преку ноќ ќе ме изненади.

(Одговор на членот blond)
Непосредна врска до пораките: 178
   RE: Говор на детето
8.8.2013 23:31:16   
pucilda
koga gi citam prethodnive napisani si se tesam,nie imame 18mes i uste nisto ne zboruvame osven babababa ili nananana,pa pocna da me faka panika,pa si rekov daj da sirnam na ringeraja za temava,zs malku pocnav da se nerviram,koleski moi mi kazuvaat nivnite vnucina na 18mes zborat po nekoj zbor,...

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 179
   RE: Говор на детето
17.8.2013 23:57:44   
mamino dete
Mamicki ve molam za sovet. Imam trigodisno since ama so zborenjeto ic ne ni odi. Kazuva zborovi kako mamo, tato, zemi me, daj mi voda/mleko, jadam, mocka ama toa e se. SI zbori na negov jazik koj nemozeme da go razbereme. Da napomenam deka slusa dva jazici vo istovreme, makedonski i angliski, i mislam deka toa ima golemo vlijanie. Koga se obiduvame da ucime novi zborcinja, nekako polesno ja prifaka angliskata verzija. Mamickite koi go imale istiot problem gi molam da spodelat iskustvo . Ve molam pisete mi dali znaete nekoj dobar logoped koj ke mi dade nekoj sovet.
Vi blagodaram

(Одговор на членот pucilda)
Непосредна врска до пораките: 180
   RE: Говор на детето
18.8.2013 18:13:13   
vezilka RR
Прво едно големо добредојде на форумот. Се надевам дека ќе најдеш многи информации тука, но и дека ќе се опуштиш во дружабата со нас.

Бидејќи се работи за дете кое е во допир со 2 јазици, мислам дека нема место за паника, нели тие деца секогаш малку доцнат со прозборувањето, што според мене е и логично, оти нивното мозоче има повеќе информации кои треба да ги процесоира. Иначе ќе прочиташ на странициве различни искуства, а имаме и посебна тема за Логопед (побарај на пребарувачот, не можам да ставам линк во моментов) и таму ќе најдеш препораки.

(Одговор на членот mamino dete)
Непосредна врска до пораките: 181
   RE: Говор на детето
30.8.2013 10:08:41   
rina13
Ние имаме 2,5 години збориме, мелеме по цел ден. Зборовите горе доле ги изговара правилно со исклучок на р и л(ме интересира одприлика кога вашите деца почнаа да ги употребуваат овие букви???). Друго сврзници знае да употребува поединечно со по едно или 2 зборчиња ама кога составува подолга реченица ги реди зборовите без никакви сврзници. Ја корегирам ама таа си продолжува по свое. Кога вашите деца почнаа да се изразуваат граматички прецизно???

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 182
   RE: Говор на детето
22.10.2013 10:29:29   
Snowhite RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: rina13 RR

Ние имаме 2,5 години збориме, мелеме по цел ден. Зборовите горе доле ги изговара правилно со исклучок на р и л(ме интересира одприлика кога вашите деца почнаа да ги употребуваат овие букви???). Друго сврзници знае да употребува поединечно со по едно или 2 зборчиња ама кога составува подолга реченица ги реди зборовите без никакви сврзници. Ја корегирам ама таа си продолжува по свое. Кога вашите деца почнаа да се изразуваат граматички прецизно???

rina RR секое дете е различно, ри л се потешки за изговор и обично покасно почнуваат да ги изговараат. Конкретно М почна многу рано да ги изговара, некаде на 2 и пол години, ама тој е исклучок сите други деца кои ги познавам покасно некаде после 3 год почнале со изговарање на овие букви и со точно граматичко изразување.

М убаво течно зборува и граматички точно се изразува, ама не знам во последно време прави грешки во терминот Утре, кога сака да каже нешто што поминало не вели вчера, туку утре, на пример утре бевме...и слично, како да му објаснам да разбери минато и идно време?

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот rina13)
Непосредна врска до пораките: 183
   RE: Говор на детето
28.11.2013 12:32:56   
elenak
ИЗВОРНА ПОРАКА: leona1

pozdrav do site majki!!!!imam 2 god.sin koj uste ne zboruva,kazuva samo nekoi zborovi no ne recenici i ako se trude ke gi kaze samo prvite bukvi...Citam mnogu vo internet i se go povrzuvat so autizmot.Navistina sum mnogu mnogu zagrizena.Ke se trudam da vi objasnam malku so tipot na deteto:toj e mnogu vesel i se smee na glas,se raduva koga ke doagat bliskite i trca kon niv da gi pregrne,znae sve sto ke mu kazam i ako bara nesto od mene ke me faka za raka i ke me odvedi do posakuvanoto mesto i so gesti ke bara sto saka,spie i jade dobro,ako mu kazam deka ke odime nekade trci kon vrata i ceka da go oblecam,znae da kazuva papa i da mava so raka,dava baknezi i saka da bide miluvan,saka da mu peam pesni i da recitiram a toj samo so gesti na svoj nacin pee so mene,odi vo gradninka veke 6 meseci tamu e posmiren i malku povlecen,poveke saka da igra so pogolemi deca nego so svoi vrsnici,so igracki igra dur mu dosaduvat.Ve molam za sovet?Dali da go pratam na ispituvanja,logoped itn. ili da cekam uste malku oti zal mi e da go maltretiram niz bolnici i radijacii....Blagodaram od napred


_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 184
   RE: Говор на детето
28.11.2013 13:36:27   
Bethany
leona1, добредојде на РР. Ти посакувам убава дружба тука.

Сакам да ти речам дека немаш воопшто никаква потреба од загриженост. Се што напиша за своето синче ми изгледа како сосема нормално и соодветно за возраста.
Патем и моето синче (има 26 месеци) е тешко на зборување. Неодамна почна да сврзува реченици, ама и кога се консултирав со матичната порано, таа ми кажаа дека воопшто нема потреба од грижи, ќе прозбори. Евентуално може да почекаш до 2,5 години ако не гледаш некој напредок, па да го посетите логопедот. Инаку, говорот се развива од 1-3 години, така да ако детето не зборува до 3 години би требало да се побара стручна помош.
Има време за вас. Матичната ми кажаа дека и генерално машките поспоро прозборуваат од девојчиња. Не е правило, ама поголем процент е така.

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 185
   RE: Говор на детето
28.11.2013 13:39:26   
Палешка РР
leona1 јас мислам дека не се работи за аутизам. Штом детето добро комуницира, па макар и со гестови, во друштво се однесува нормално, тоа не значи дека има нарушувања. Некои деца порано ќе прозборат, некои подоцна. Конкретно и ќерка ми многу малку и нечисто зборуваше и ја однесов на 3 години на логопед, а оттаму ме уверија дека детето има сосема нормален говор за возраста. Сепак ти однеси ја на логопед за консултација, за да се увериш дека детето се развива нормално.
Поздрав и секое добро.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 186
   RE: Говор на детето
29.11.2013 11:57:08   
leona1
fala vi mnogu majki,,i jas se konsultirav so maticniot,mi rece da ne se grizam deka do 3 god.se razviva govorot i nema mesto za griza,no pak sakav i vase mislenje.Prvo dete mi e i normalno po tesko mi e,oti koga gledam nekoi vrsnici na sin mi kako si zborat mnogu mi e zal oti tesko mu e koga ne go razbirame.Sepak mnogu vi fala za odgovorite.Pozdrav :)

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 187
   RE: Говор на детето
29.11.2013 13:26:33   
rina13
Говоρот κаκо и да е до 3та година тρеба да се ρазвие.Κај неκои дечиња тоа е буκвално пρеκу ноќ,неκаде постепено.Логопедите советуваат деκа сеκогаш е вρема да ги посетите дуρи и κога постои неρационален стρав.

(Одговор на членот leona1)
Непосредна врска до пораките: 188
   RE: Говор на детето
9.1.2014 15:44:19   
zvezdicki
Mojata kerka ima 3 god i 2 meseci no seuste ima bukvi koi sto ne gi kazuva pa poradi toa zborovite i se nejasni.Jas ja razbiram( i falat bukvite k,s,g,r,..)no so drugite konverzacijata i e oteznata pa zatoa so nepoznati izbegava da zboruva.Veke pocna da me faka panika. Ve molam ako nekoj znae dobar logoped neka mi pise kade da go najdam ili uste poubavo tel.broj.
user posted image
Fala Vi odnapred

(Одговор на членот rina13)
Непосредна врска до пораките: 189
   RE: Говор на детето
20.3.2014 15:55:11   
elenak
Женички мене нешто ме загрижува и се мислам веќе некое време дали има место за паника. Ј има 2 год и 3 месеци, почна да спојува зборчиња, арно ама првиот збор што го кажува го повторува по неколку пати. На пример, маша,маша,маша пушти, и стално ја опоменувам дека само еднаш е доволно и ќе го каже еднаш ама без зборот после него. Значи не може да сврзе без да го повтори 2-3 пати првиот збор. Си мислам навика да не и стане да зборува такаuser posted image Не знам дали од брзање така прави или нормално е ова? Како да постапуваме?

_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

(Одговор на членот zvezdicki)
Непосредна врска до пораките: 190
   RE: Говор на детето
20.3.2014 23:31:51   
deluxe

ИЗВОРНА ПОРАКА: elenak RR

Женички мене нешто ме загрижува и се мислам веќе некое време дали има место за паника. Ј има 2 год и 3 месеци, почна да спојува зборчиња, арно ама првиот збор што го кажува го повторува по неколку пати. На пример, маша,маша,маша пушти, и стално ја опоменувам дека само еднаш е доволно и ќе го каже еднаш ама без зборот после него. Значи не може да сврзе без да го повтори 2-3 пати првиот збор. Си мислам навика да не и стане да зборува такаuser posted image Не знам дали од брзање така прави или нормално е ова? Како да постапуваме?



ЕленаК нема место за паника,тоа е нормално кај малите дечиња.Таа е сеуште малечка и за сврзувањето на зборчињата прави поголем психички напор,за разлика од поголемите дечиња кои веќе "течно" си зборуваатuser posted image Според мене не ја опоменувај при нејзиниот говор,така мислам дека накнадно и создаваш притисок.Од твоја страна мислам дека треба да продолжиш трпеливо да и зборуваш полека и таа самата ќе го фати тој ритамuser posted image
Нема да има никакви последици од тоа повторување,сепак тоа е една преодна фаза,ќе поминеuser posted image

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 191
   RE: Говор на детето
20.3.2014 23:53:21   
Snowhite RR
Елена не ја κоρегиρај на начин на κој може да сети деκа ја κоρегиρаш, еднoставнo повтоρи го истото на пρавилен начин во пρашална фоρма, на пρимеρ во случајов: Маша да пуштам? И таκа сеκогаш и ќе сфати со теκ на вρеме κаκо тρеба пρавилно, инаκу нема да биде сигуρна во изговоρот. Во сеκој случај нема место за паниκа

< Поракaта ја уредил Snowhite RR -- 3.9.2014 21:55:19 >


_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 192
   RE: Говор на детето
26.3.2014 10:33:35   
danima
potpolno se sollasuvam so zagrizenosta na majkata za svoeto dete,posebno so govorot,no mislam deka koga ke dojde vreme deteto ke pocne da govori kako sto treba.denes imame mnogu logopedi pa nee na odmet i razgovor so niv.zagrizenosta kaj majkata e postojana za svoeto dete.

< Поракaта ја уредил Felly RR -- 26.3.2014 10:40:22 >

(Одговор на членот Maria)
Непосредна врска до пораките: 193
   RE: Говор на детето
26.3.2014 10:41:21   
miana
ИЗВОРНА ПОРАКА: elenak RR

Женички мене нешто ме загрижува и се мислам веќе некое време дали има место за паника. Ј има 2 год и 3 месеци, почна да спојува зборчиња, арно ама првиот збор што го кажува го повторува по неколку пати. На пример, маша,маша,маша пушти, и стално ја опоменувам дека само еднаш е доволно и ќе го каже еднаш ама без зборот после него. Значи не може да сврзе без да го повтори 2-3 пати првиот збор. Си мислам навика да не и стане да зборува такаuser posted image Не знам дали од брзање така прави или нормално е ова? Како да постапуваме?


Срцка да ја гледаш од некоја страна керками ке се чудиш..На иста возрастини се децата и ке ти речам,немој да се замараш, тоа се некои тикови што ке се изгубат со тек на време.
Моево дете на сите им е чудно како збори, зима воздух по три пати па кажува збор, па ц''цка, па пак ке каже збор, ама јас тука не гледам проблем..Полека,полека ке почнат убаво за зборуваат. Не се сите деца исти, некои се понапредни во говорот а некои пак не. Мојава сега научи да прави реченици и баш ми е слатка.

< Поракaта ја уредил miana -- 26.3.2014 10:42:17 >

(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 194
   RE: Говор на детето
31.5.2014 22:39:41   
tnade
nie sme 3,3 god ne gi kazuvame r, k i g? do koga se prolongira izgovorot na ovie bukvi
i gore i dole za nas e dole, pokazuva nagore a izgovara dole, tato se vika doljan (goran) i sl

(Одговор на членот silve29)
Непосредна врска до пораките: 195
   RE: Говор на детето
14.6.2014 14:42:17   
Felly RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: marchi

Kолкав фонд на зборови треба да има на пример 1-1ипол годишно дете?



_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 196
   RE: Говор на детето
27.6.2014 10:24:39   
Bethany
И тука сакам да споделам бидејќи за ова област бев најзагрижена, ме има и по темава.

Значи синко ми е 2 години и 9 месеци и можам да речам дека говорот му е супер за неговата возраст.
Не изговара Р и некои други букви во зависност дали се на почеток или во средина на зборчето, ама тоа мислам дека е нормално за неговата возраст засега, па понатаму би требало и се надевам ќе се исчисти изговорот повеќе. И некои зборчиња ги извртува, пример за кечап ќе рече кепач и слично, ама сум многу задоволна.
Некогаш му е се измешано со македонски и српски, знае нешто и на англиски и така.
Битно ми е кога зборува со некого тој некој може да го разбере 90% што кажува, што е добро мислам.

Мислам дека доста помогна и градинката, почна повеќе да брбори, сега уста не затвара нон-стоп, ама ако user posted image
Додуша, во нашава градинка зборуваат на тој тетовски акцент и воспитувачките, па кога еден ден одев да го земам од градинка, Ј ми вика: мамо, ене ГО Билјана. Јас го исправам и му кажувам дека треба да каже: ене ЈА Билјана, ама воспитувачките ми викаа: па нека го, ќе научи... Ама всушност тоа од нив го слушнал, а тие не се обидуваат да зборуваат литературно а би требало.


_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 197
   RE: Говор на детето
28.6.2014 15:20:53   
Defne90 RR
Јас сум малку во дилема околу говорот на поголемиот син.Значи имаме 4 ипол години и сите букви ги изговара убаво и зборува течно.Само буквата Р никако не може да ја изговори наместо Р вика Л.И постојано вежбаме изговор по дома на Р ама некако тешко му оди и после неколку обиди ќе се изнервира и ќе се налути.Дали е нормално тоа на негова возраст се уште да не може да изговори Р и наместо Р да изговара Л.

Помалото има скоро 20 месеци ама се уште не зборува кажува само некои зборчиња како мама,тато,дедо,баба,бумба,да,не,бато и отприлика толку.Инаку постојано зборува нешто ама тоа е неразбирливо.Баш и немаме голем фонд на зборчиња ама и поголемиот беше ист и почна да зборува убаво дури на две ипол години.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 198
   RE: Говор на детето
28.6.2014 23:51:34   
deluxe
Дефне мислам дека и Ана гласот Р почна да го изговара околу 4 ипол .5 год. Трите прасиња ни беа одскочна даскаuser posted image user posted image И таа наместо Р кажуваше Л.Додека помалото еве на 22 месеци има мал фонд на зборови ,слично како твоето.user posted image

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 199
   RE: Говор на детето
15.7.2014 0:16:22   
ivoni4ka
mojata A e 2 godini i 8 meseci, i zboruva kako naviena duri i vo son user posted image , sega ni falat bukvi kako r, l, j, lj, ama ke se sredi
nie imame problem so zapali i zgasi. primer sveti sjalicata i taa mi vika, mamo pali ja stujata, jas i velam A zapalena e , taa ne ma mamo pali ja stujata. i jas ja izgasnuvam i taa taka ma mamo as ti vikam pali ja ti nejkes ic ne me susas. ili pak obratno



_____________________________



(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 200
Страница:   <<   < Претходна страница  6 7 [8] 9 10   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  6 7 [8] 9 10   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?