RE: Први чекори (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Деца



Порака


sandriana RR -> RE: Први чекори (20.11.2013 10:02:04)

браво Марко, сигурно и цврсто да чекори низ животот [sm=bravo.gif]




Bethany -> RE: Први чекори (20.11.2013 10:20:21)

Честитки за првите чекорчиња [sm=bravo.gif]
Се потсетив колку самата бев радосна кога син ми направи првите чекори [sm=love.gif]




Felly RR -> RE: Први чекори (20.11.2013 14:40:23)

Честитки Буцко мал!!! Ги чекаме постапалчињата [sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




zzaa -> RE: Први чекори (20.11.2013 15:33:48)

[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif] за Марко, цврсто и стабилно да чекори во животот, и јас се присетив кога проди мојава леле колку бев срекна цел ден трчав со апаратот да ја снимам [sm=smiley36.gif]




Snowhite RR -> RE: Први чекори (7.12.2013 11:58:00)

И Јана од пред некој ден почна да прави по некое чекорче, се разбира уште не е стабилна за сама да оди, се плаши, ама чим почна мислам дека за 2-3 недели сама ќе оди




deluxe -> RE: Први чекори (7.12.2013 11:59:52)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite RR

И Јана од пред некој ден почна да прави по некое чекорче, се разбира уште не е стабилна за сама да оди, се плаши, ама чим почна мислам дека за 2-3 недели сама ќе оди


[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif] Браво за Јана!! ајјде стабило и храбро да чекори низ животот[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




zzaa -> RE: Први чекори (7.12.2013 23:26:02)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite RR

И Јана од пред некој ден почна да прави по некое чекорче, се разбира уште не е стабилна за сама да оди, се плаши, ама чим почна мислам дека за 2-3 недели сама ќе оди


[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif] Браво за Јана, ајде за 2-3 недели те чекаме со постапалки.




Defne90 RR -> RE: Први чекори (8.12.2013 0:31:01)

Nie dodeka se drzime za mebelot mozeme i cela soba da ja pomineme ama sam se uste ne e stabilen i ne moze.Kako i da e se nadevam deka za mesec dena i Ace ke proodi i konecno ke se pusti sam napred.Ama tolku i ne vidov maka so nego zatoa sto isto taka lazi od 9 meseci i ne mi bara da go zemam vo race nitu da go vodam.Toj sam si pocna da si se ispravuva i da si odi drzejki se za mebelot.




Mihaela 2010 -> RE: Први чекори (8.12.2013 7:30:23)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite RR

И Јана од пред некој ден почна да прави по некое чекорче, се разбира уште не е стабилна за сама да оди, се плаши, ама чим почна мислам дека за 2-3 недели сама ќе оди


Bravo Jana,samo napred nema plasenje[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]
M pocna od godinka i eden mesec ama ja drzev za race,mozam da kazam deka stabilna bese nekade na god i 5 meseci,onaka jas da ne mu ja mislam..malku pokasno mi prroode




Defne90 RR -> RE: Први чекори (29.1.2014 1:12:21)

Конечно и Александар ги направи своите први чекори самостојно.Овие два дена постојано си оди од едниот крај на собите до друг.Ептен ми е интересен затоа што се уште се плаши и така оди напред со рачињата за да одржува рамнотежа и целиот се тетерави ама сепак оди самостојно.Сонце мило на мама.А брат му само го вика дојди Аце кај мене и тоа го гледаш иде накај него ептен ми се слатки.Малото дека сега проодува само си шета наваму натаму.[sm=smiley36.gif]




Snowhite RR -> RE: Први чекори (23.2.2014 21:26:29)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite RR

И Јана од пред некој ден почна да прави по некое чекорче, се разбира уште не е стабилна за сама да оди, се плаши, ама чим почна мислам дека за 2-3 недели сама ќе оди


2-3 недели се направија 2-3 месеци, ја плашеше М и не сакаше сама да оди, само со придружба, да оди некој покрај нејзе, ако ја викавме да дојди гледаше некаде да се фати или седнуваше и со лазење ќе дојдеше, а сега веќе една недела почна сама да оди и тоа сама си почна без да ја викаме, ќе дојдеше до кај мене, па до кај татко е и ќе се изнасмееше, ќе се израдуваше, како кој знае што направила, а веќе следниот ден почна да шпарта низ цела соба, до кујна и назад и можам да кажам приличо е стабилна, паѓа само М ако ја поттурни, ако помини покрај неа и среќа паѓа на газе
Треба сега да правам постапалки[sm=bravo.gif]




princessa -> RE: Први чекори (7.6.2014 21:36:49)

Син ми почна да лази од 6 месеци а првите чекори ги направи на 8. Еве сега е скоро 11 и уште се плаши. Се фаќа за мебелот за ѕидот и оди ама никако да се ослободи и сам да почне самостојно. Лази ептен брзо па си седнува се фаќа за нешто и оди и тоа е тоа. Еве ќерка ми беше друг случај. Таа воопшто не лазеше ама почна на 11ипол месеци да се држи за мебелот и ѕидот и да оди и на 12ипол месеци прооде.
Не сме користеле ни во двата случаеви помагала.




Ilina87 -> RE: Први чекори (18.9.2014 15:20:58)

Дали има некоја мајка искутво со одење на прсти? Син ми се на прсти гази, никако на цело ноџе. Лази од 9 месеци, оди со држење за мебелот од 10 месеци, а сам не се пушта уште. Загрижена сум што оди на прсти, така тешко дека ќе прооди [sm=zmeden.gif]




Tatsi -> RE: Први чекори (18.9.2014 16:21:05)

Odenjeto na prsti na pocetok koga prooduvaat, a i otkako ke proodat e dobro za razvivanje na svod na tabanite. Taka deteto samo si pravi vezbi za da pravilno se razvie stopalceto i da ne se pojavat ramni tabani ponatamu. Ova mi go kazaa na kontrola na ortoped otkako moeto dete proode. Problem e ako odenjeto na prsti ostane i koga deteto ke podporasne, nekade nakaj 3 god od prilika.




Felly RR -> RE: Први чекори (18.9.2014 16:28:50)

Илина, мислам дека одењето на прсти често се јавува кај децата што проодуваат, и со тек на време исчезнува. Доколку се друго е во ред, мислам дека не треба да се загрижуваш, но сепак ако те мисли нешто - закажи се еден преглед на ортопед.
Еве и Татси, убаво објаснила, истото го имам и јас слушнато.




Dilina -> RE: Први чекори (18.9.2014 19:13:48)

Јас мн се нервирам со свекрва ми, малата има два месеца а она запнува да ја стави а нозе оти детето сташнувало, и и викам мала е она вика сама стапнувала... па нормално дека ќе стапнува дете мрда со ноџињата...




Ilina87 -> RE: Први чекори (19.9.2014 14:27:33)

Се надевам дека ќе почни да гази на цело ноџе, еве и патики почнав да му ставам и за дома, за да му тежи на ногата и да мора да гази на цело стапало. Инаку може сам да стои неколку секунди.




Ilina87 -> RE: Први чекори (5.10.2014 13:53:31)

Ај да се пофалам [sm=smiley1.gif] почнавме да одиме, само неколку дена после првиот роденден, како некое патче оди [sm=smiley1.gif] Залудно се плашев дека оди на прсти, многу сум радосна [sm=bravo.gif]




Felly RR -> RE: Први чекори (6.10.2014 9:07:27)

Честитки Илина, цврсто нека чекори низ животот [sm=smiley31.gif]




Ilina87 -> RE: Први чекори (6.10.2014 16:33:08)

Ти благодарам Felly [sm=smiley1.gif]




Melanija RR -> RE: Први чекори (6.10.2014 22:11:40)

Ilina87 [sm=bravo.gif] по убав пат са оди цел живот[sm=smiley1.gif]

Јас не сум пишала тука [sm=smiley1.gif] цели фази се исправаше на нозе и качуваше на 8 месеци,на скоро 10 месеци се држеше по мебел, на 1 недела пред 1 роденден се пушти.Еве речиси 14 месеци и фаќа кривини и уште сме со задржување и каиш за проодување.Веќе се нервирам оди а не оди[sm=smiley13.gif] а беснеење мислам неможе да се зацврсти.Јас но ми е дека треба време за стабилност но и јас се плашам по дома да се реашам да го пуштам.Ако го викнам накај мене да дојде оди се залетува и паѓа пред мене




Ilina87 -> RE: Први чекори (7.10.2014 14:15:03)

Фала Melanija, честитки и за син ти [sm=smiley1.gif]
Ајде ќе се стабилизира, му треба вежбање и време.
И ние не сме многу стабилни, јас од страв цело време одам зад него да не се удри некако. Еве веќе денес шета низ сите соби без застој [sm=smiley1.gif]




Cvekelencule -> RE: Први чекори (9.10.2014 17:26:36)

Честитки за вашите милички по убав п
ат да одат во животот да бидат здрави и живи .Иние проодивме еве века недела и нешто сам шпарта низ дома ,јас многу се плашев од паѓање оти средново дете нека мие живо ама ич не е мирно и само го потурнуваше, ама со зборување истуркавме некако да се убедиме дека не треба да оди зад него и да го држи за раче оти бате сака сам да оди [sm=smiley1.gif]




Snowhite RR -> RE: Први чекори (9.10.2014 22:31:28)

Честитики за сите, цврсто да чекорат низ животот
Меланија не се нервирај ќе си прооди кога ќе му дојде време




vezilka RR -> RE: Први чекори (3.7.2015 12:28:40)

Синоќа откако се прибравме дома, така ппсани (мислам ние другите освен Јосиф, нели) тој сакаше да шета низ соба, и ме тегне ли ме тегне за рака, а јас не мрдам. И тој виде, не виде ме пушти и си тргна сам. Лелее колку беше среќен, па се вртеше низ соба, ту доакј мене, ту докај татко му, ту докај Никола. Прилично стабилно за први чекорчиња. тој додуше на нозе е од дест месеци, а сега е годинка и еден месец, ама му беше страв да се пушти сам. Се со каишот сме. Сега пустиот од мака се пушти [sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif]. Викендов значи кај мене на постапалки сте[sm=smiley36.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  10 11 12 [13] 14   Следна страница >   >>