Felly RR -> RE: Слатки работи (торти, колачи...) (1.12.2014 10:00:18)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Ki4iko Бисквит торта со ореви-мојата омилена [sm=smiley36.gif] Потребни намирници: 3 пакетчиња бисквити 200 мл млеко 100 гр ореви 750 мл млеко 200 гр шеќер 2 јајца 2 супени лажици брашно 1 пакетче ванилин шеќер Млекото (750мл) треба да зоврие. Се додава шеќерот и се меша додека се раствори. Брашното се меша со јајцата (2) и ванилиниот шеќер. Во тоа се додава и млекото со шеќерот и се меша постојано додека се добие крем. Бисквитите се кршат и со нив се покрива дното на садот за печење. Се поливаат со млекото (200мл) и со кремот се прави втор слој. Потоа повторно еден ред кршени бисквити, па слој од кремот се додека имате материјал. На крај се завршува со слој крем и мелени ореви. ИЗВОРНА ПОРАКА: Ki4iko И се разбира неповторливата касато торта Потребни состојки: – 1 маргарин кристал – 150 гр. шеќер во прав – 2 чоколади за готвење – 3 жолчки – 500 гр. бисквити – 200 мл. млеко – 200 гр. сецкани ореви – 200 гр. сецкани желе бомбони – 100 гр. суво грозје прелиено со 1 лажичка рум – 100 гр. кокос – 100 гр. сецкани крем банани Подготовка:Ставете го маргаринот да се растопи и додајте го шеќерот во прав и една чоколада. Кога ќе се излади ставете ги трите жолчки и промешајте. Бисквитите скршете ги на ситни парченца и попрскајте ги со ладното млеко. Додајте половина од оревите, крем бананите, кокос, желе бомбони, суво грозје и мешајте заедно со половина од смесата со растопениот маргарин и чоколада. Потоа додајте ја уште половината од намирниците и смесата. Ставете на кутија за торта и формирајте облик по желба. Оставете ја да се олади 1 час и потоа на пареа стопете 1 чоколада па посипете ја тортата и вратете ја повторно во фрижидер. ИЗВОРНА ПОРАКА: blond Zemav da pravam torticka so jabolki. Se rendaat 7-8 jabolki, se meshat do 6 mali fildz seker i dve lazicki soda biakrbona. Se ostava da otstoi eden chas, pa posebno se mesaat 2 jajca, 2laz seker, 6fildz brasno pa se dodavaat jabolkite. Se pece vo tava br 26 ili 28, na 200-220 stepeni. Koga e gotova, se porosuva so seker vo prav. ИЗВОРНА ПОРАКА: Ki4iko recept :Lеден колач со јаболка 1кг јаболки 600мл вода 150гр шеќер 400 гр. бисквити (може нема да ги искористиш сите - зависи во што ке го наредиш колачот - мене ми идат околу 300 гр.) 3 пудинга од ванила пола лажичка цимет шлаг или чоколадо за готвење (зависи што сакаш да ставиш одозгора) Јаболките се лупат и се рендаат и ги ставаме во водата и шеќерот да се сварат 5-10 минути. Пудинзите ги раствараш со 18 лажици вода и кога ќе се сварат јаболката ги додаваш во нив и додаваш пола лажичка цимет. Мешаш постојано додека не се соедини убаво се. Во еден плех редиш ред бисквити - ред јаболки и се завршува со бисквити. Се става во ладилник да се излади па се премачкува со шлаг или го преливаш со чоколадо за готвење. ИЗВОРНА ПОРАКА: Aleksx2Leon ejjj mamicki, vidov nekoj poodamna pisal deka ke postira recept za milka torta ama barajki podocnezni postovi nikade ne go najdov toj so lesnici,samo so biskviti ima a takva nejkam, pa da ve zamolam ako ja ima nekoj receptata za milka torta so lesnici da mi ja pise [sm=jezicek.gif] [sm=smiley36.gif] ИЗВОРНА ПОРАКА: Ki4iko Милка торта :Состојки За тестото* 21 белка 300 гр. шеќер 300 гр. лешници 3 лажици брашно За кремот* 21 жолчка 3 пудинга од ванила 1 л. млеко 100 гр. шеќер 300 гр. милка чоколадо со лешници 300 гр. милка бело чоколадо 250 гр. маргарин 2 шлаг пени 100 мл. млеко 6 лажици брашно ИЗВОРНА ПОРАКА: Ki4iko Подготовка на милка торта : Се двојат 7 белки и се матат во цврст снег, а потоа постепено се додава 100 гр. шеќер. Се мелат 100 гр.лешници претходно потпечени, се додава 1 лажица брашно и лесно се меша со матените белки. На ист начин се подготвуваат и другите две теста. Смесата се излива во калап за торта бр.28 покриен со хартија за печење и се пече во претходно загреана рерна на 180 Ц. 20 мин. Истата постапка се повторува и со другите две теста. Подготовка на кремот Сите жолчки, пудингот и брашното се промешуваат. Ако смесата е густа по потреба се додава малку млеко. Преостанатото млеко и шеќерот се варат и се тргат од оган. Се додава смесата со жолчките и пудингот, се враќа на оган кратко се заедно да се свари со постојано мешање за да не загори. Веднаш во жешкиот крем се додава маргаринот и се мати убаво се заедно. Кремот се остава добро да се олади и внатре му се додаваат претходно изматени 2 шлаг креми со 100 мл. млеко. Оваа смеса се дели на два дела и во едниот дел се става стопено на пареа Милка црно чоколадо со лешници, а во другиот дел исто растопено на пареа Милка бело чоколадо. Вака подготвените две креми треба добро да се изладат пред да се нанесат на тестата. Ја земаме првата кора и врз неа нанесуваме половината од белиот фил. Потоа го земаме другото тесто и нанесуваме половина од црниот фил. На крај ја ставаме и последната кора и врз неа ја ставаме другата половина од белиот фил, а целата торта од страната ја премачкуваме со црниот фил. Одозгора може да се украси со стопено чоколадо, лешници или друго според ваша желба. ИЗВОРНА ПОРАКА: scared Милк коцки. Преубави се, маж ми ги обожава. Прв пат ги направив лани и од тогаш само ми бара да му ги правам а мене ми се здосадија веќе [sm=smiley36.gif] За кора: 6 јајца, 6 лажици шеќер, 6 лажици брашно, 1 пециво, 6 лажици топла вода и 4 лажици какао. За кремот : 1l млеко, 100 гр. густин, 100 грама бела чоколада, 4 лажици шеќер, 250 грама маргарин и 150 грама шеќер во прав. За топингот : 200 грама млечна чоколада( јас ставам обична за готвење исти вкус ми има, или може една обична една млечна) 5 лажици млеко, 4 лажици шеќер, 150 грама маргарин ( може и помалку за да не дојде тешко) Кора: јајцата се матат со шеќер. Брашното, прашокот за пециво и какаото се мешаат, се додаваат во матените јајца и се заедно внимателно се меша. Се додава и вода. Смесата се префрла во поголем плех обложен со хартија и се пече на 180 степени, 20 минути. Кората се сече на половина. крем: од млекото се дели 150 мл за да се растворат густинот и шеќерот. Во преостанатото млеко се додава белата чоколада и се остава садот на оган да зоврие. Во врелото млеко се додава смесата со густинот и се меша се додека не се добие потребната густина. Кога ќе се олади се додава матениот маргарин со шеќер во прав. Топинг: чоколадата, шеќерот, млекото и маргаринот се ставаат на оган се додека состојките не се соединат. Кремот треба да се олади, за да изгледа како омекнат маргарин. Фил: кората прво се мачка со белиот фил, потоа со топингот, па потоа се става ја втората кора и се повторува постапката.
|
|
|
|